Сакаш да бидеш некој и нешто? Тогаш… читај и посети го Саемот на книга во Скопје (галерија)


Фото: Б. Грданоски

Секоја година Саемот на книгата ја отвара дилемата: Дали во Македонија се читаат книги?

Фото: Б. Грданоски

Од една страна, напливот на медиуми и интернет сепак не ја истисна книгата, според експертите има читатели кои освен лесна литература и бестселери, читаат стручна литература. Од друга страна, во Македонија нема развиено култура на читање, која подразбира свест и потреба за подигање на нивото на сопствените знаења, како и желба за развој на сопственото духовно живеење на поединците. Па, малкумина го сметаат читањето за осмислен забавен начин на поминување на слободното време. Но, во истовреме меѓу помладата генерација е забележливо читањето светски бестселери на оригинален англиски јазик.

Фото: Б. Грданоски

Галеријата на нашиот фоторепортер Борис Грданоски ја пренесува атмосферата од годинешниот 34. Саем на книгата во Арена Борис Трајковски,  под покровителство на Министерството за култура, кој завршува в понеделник. 

Фото: Б. Грданоски

Под мотото „Сакаш да бидеш некој и нешто? Тогаш…читај!“ во текот на седум дена ќе бидат  организирани  над 3о промоции на нови изданија. На саемот учествуваат над 60 издавачки куќи кои покрај промоциите, носат и големи саемски попусти до 70%. (Л.С.)

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото; Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски