Енди Мареј се повлече од турнирот во Мадрид


Британскиот тенисер Енди Мареј поради болест се повлече од турнирот во Мадрид.

Мареј денес требаше да игра со првиот носител Новак Ѓоковиќ (Србија) во првиот меч од третото коло.

Наместо нив, на централниот терен ќе играат Андреј Рубљев (Русија) и Даниел Еванс (Велика Британија). Почетокот е закажан за 13 часот.

Новак Ѓоковиќ по откажувањето на настапот од страна на Мареј е прв четвртфиналист на АТП турнирот во шпанската престолнина.