Слоу фешн и слоу вајн на „Виноскоп“- тајната ја открива Света Богова- Јовановска


Olive Green by Arta Miftar

Зошто slow lifestyle & slow wine ?

-Живееме во време на постојан недостиг на време, односно постојано брзање. Брзаме и кога сме ги завршиле веќе дневните обврски, и кога не би требало да брзаме. Затоа веруваме дека оваа понуда може да ви овозможи сосема ново доживување.

Нашата земја е позната по традиционално, разновидно и квалитетно земјоделство, што води кон создавање на традиција за бавно органско производство на храна и вино. За тој процес се потребни соодветно време за преработка, но и трпение за одлежување зреење итн.. Дали дисциплината и трпението кои ги практикуваме во процесот на производство на квалитетни вина и храна,, можеме да ги примениме и во навиките и на начинот на живот, се прашува организаторката на Моден викенд-Скопје, Света Богова – Јовановска  која на штанд во рамките на „Виноскоп“ на плоштадот во Скопје кој е во тек, ги спои модата и виното на атрактивно место –  да се запознаат македонските slow lifestyle дизајнери и диверзитетот на slow wine, да се најдат уникатни дизајнерски парчиња и вина од малите семејни винарии коишто ќе ги задоволат вашите желби и вкусови.

Beyond Green

Настанот е продолжение на проектот на ланското есенско издание на Моден викенд-Скопје  под слоганот „Beyond the Fields”,  реализиран со грант од Circular Design Assembly доделен од British Council со фасилитација од Ellen MacArthur Foundation.

Sara Simoska

На мала овошна фарма од 5 хектари, „Spirit of Prespa“ („Духот на Преспа“) , во Царев двор, во близина на Ресен, задскриено меѓу селските куќи, во присуство на британската амбасадорка Рејчел Галовеј и други уважени гости од бизнис и модниот сектор кај нас, на автентична вечера, меѓу насади со јаболки, тогаш се промовираа светскиот тренд на здрава храна и мода која се однесува одговорно кон планетата и животната средина кај нас. (Л.С.)

Rinocca
Indoor garden
Tiera Studios