Земјотрес со јачина од 5,6 степени ги погоди Филипините


Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтер го погоди јужниот брег на Филипините, соопшти Американскиот геолошки институт. Епицентарот на земјотресот што се случи доцна синоќа беше на 110 километри југоисточно од градот Мати, главниот град на провинцијата Давао. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 35 километри.

Совети против ‘рчењето


‘Рчењето е непријатна појава која освен што ги вознемирува оние кои спијат покрај нас, му штети и на сaмата личност која ‘рчи. Стручњакот за сон, Кетрин Хол открива неколку едноставни, но делотворни трикови кои ќе помогнат да се престане со таа лоша ноќна навика. Првиот совет гласи: гласно повторување на самогласките – неколкупати на ден, […]

Гвардиола: Бевме блиску, но не успеавме


Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, жали за пропуштената шанса неговиот тим да обезбеди пласман во финалето на Лигата на шампионите до кое го делеа неколку минути. Сити синоќа загуби на госувањето кај Реал со 3:1 по дополнителни 30 минути, откако основните 90 завршија со 2:1. – Бевме блиску, но на крајот не се пласиравме […]

Најмалку петмина цивили загинаа при руското гранатирање во Луганск


Загинаа петмина цивили во руско гранатирање изминатото деноноќие, изјави гувернерот на Луганск, Серхиј Гајдај. Како што појасни гувернерот, нападите биле фокусирани на Сијеродоњецк и Попасна, Хирске и Лисичанск. Русија изминатите недели ги пренасочи своите напади на исток и на југ, откако претходно се обиде да го опколи и заземе главниот град на Украина, Киев.

Линде: Шведска ќе добие своевидни безбедносни гаранции од САД доколку аплицира за членство во НАТО


Шведска доби уверување од САД дека ќе и обезбеди поддршка во периодот на разгледување на евентуалното барање за членство во НАТО, изјави шведската министерка за надворешни работи Ен Линде по средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Вашингтон. Во изјава за шведската телевизија таа одби да каже какви гаранции добила од Блинкен, но додаде […]

Ранг – листа на најскапите земји и градови за живеење: Каде се наоѓаат Македонија и Скопје


Порталот „Нумбео“ ја ажурираше својата годишна листа на најскапи и најевтини земји за живеење во светот. Во рангирањето се пресметуваат трошоците за домување, облека, храна, превоз, интернет, комунални услуги, намирници и низа други параметри. Во регионот најскапо е да се живее во Словенија, која е на 45 место, Хрватска на 59, Србија на 94, Босна […]

Последни денови од битката за „Азовстал“


  Можеби влегуваме во последните денови во битката за Мариупол. Ова стратешки клучно пристаниште на Азовското Море на многу начини стана симбол на отпорот на Украина против руската инвазија. Со недели последната точка на тој отпор беше масивната челичарница „Азовстал“. Таа содржи голема мрежа од тунели и нуклеарни бункери во кои се сместени цивили и […]

СДСМ го обвини Мицкоски дека одработува за странски интереси


  СДСМ го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека одработува за странски интереси со тоа што во време на голема надворешна криза најавува блокада, а со тоа и дестабилизација на државата.  „Во време на најголемата економска и енергетска војна, Христијан Мицкоски најавува нови засилени блокади наместо да понуди конструктивност. Очигледно е дека Мицкоски дејствува по наредба […]

Франција: Левицата се обединува да го победи Макрон на парламентарните избори


  Четири левичарски партии во Франција начелно се согласија да формираат сојуз за да му се спротивстават на претседателот Емануел Макрон на парламентарните избори во јуни. Социјалистите, Зелените, комунистите и екстремната левичарска партија на Жан-Лук Меланшон, Непокорна Франција, постигнаа нацрт-договор по целоноќни преговори. Меланшон, кој за малку не влезе во вториот круг на претседателските избори […]

Федералните резерви на САД ја зголемија каматната стапка


Федералните резерви на САД вчера ја зголемија каматната стапка за 0,50 процентни поени, што е најголемото еднократно зголемување на цената на парите од 2000 година, пренесе АП. Во вторникот почна дводневната седница на ФЕД, а бидејќи инфлацијата во САД е на највисоко ниво во последните 40 години, речиси сите очекуваа вакво зголемување на каматните стапки. […]

Америка им помага на Украинците во убивањето на руски генерали


  Излегува дека една од причините зошто Украина веќе уби десетина руски генерали додека се обидува да ја одбие руската инвазија е тоа што Соединетите Држави ѝ обезбедува информации за таргетирање во реално време за да го направат токму тоа, изјавија американски официјални лица за „Њујорк тајмс“. „САД се фокусираа на обезбедување на локацијата и […]

Русија вежбала нуклеарни напади


Русија соопшти дека нејзините сили вежбале симулирани нуклеарни ракетни напади во западната енклава Калининград, сместена меѓу Полска и Литванија долж балтичкиот брег. Русија во средата вежбаше „симулирани електронски лансирања“ на мобилни балистички ракетни системи Искандер со нуклеарна способност, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана. Руските сили вежбале единечни и повеќекратни напади врз […]

САД: Време е Македонија и Албанија да продолжат заедно во следната фаза кон ЕУ


САД на билатерална основа водат разговори со Бугарија и Северна Македонија да ги решат билатералните спорови брзо бидејќи време е Северна Македонија и Албанија да ги започнат претпристапните преговори со ЕУ, порачаа од Стејт департментот.  Државниот секретар Ентони Блинкен и министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ив Ле Дриен во телефонски разговор минатата недела укажаа на […]

Загина украински новинар кој се бореше против руските сили


 Загина украински новинар, кој се пријави во војска по руската инвазија на Украина, информираше украинскиот претседател Володимир Зеленски. Триесет и шестгодишниот Олександар Махов го изгубил животот во борбите близу градот Изум, североисточна Украина. Махов е осмиот новинар жртва, од почетокот на руската инвазија, пред повеќе од два месеца. Станува збор за новинар познат по графичките […]

Денес во Варшава донаторска конференција за Украина


Во Варшава денеска ќе се одржи меѓународна донаторска конференција во коорганизација на премиерите на Полска и Шведска, Матеуш Моравјецки и Магдалена Андерсон, во партнерство со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Настанот има за цел да обезбеди хуманитарна помош за Украина. Конференцијата ќе се одржи на […]

Антологија на српскиот филм во Кинотека


Од денеска  до 11 мај во Кинотеката ќе бидат прикажани 11 класични наслови од српската кинематографија, продуцирани од раните 60-ти до средината на 80-тите години на минатиот век. Ќе бидат прикажани: „Кој тоа таму пее?; „Маратонците го трчаат почесниот круг“; „Лажливо лето ’68“; „Балкански шпион“; „Национална класа“; „Пластичен Исус“; „Кога ќе бидам мртов и бел“; „Љубовен […]

Македонски и бугарски поетеси на заеднички поетски митинг во Софија


Со учество на 12 македонски поетеси, поети и писатели од сите генерации, од денеска до 7 мај во Софија ќе се одржи 13-тото издание на „Македонската книжевна визита во Софија“, чија цел е афирмација на македонската литература во соседна Бугарија и вмрежување и соработка меѓу македонските и бугарските поети и издавачи. Организатор на оваа веќе […]

Денес сончево и потопло, температурите во интервал од 2 до 29 степени


Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, а минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, додека максималната од 19 до 26 степени. Во Скопје, времето ќе биде […]

Одбележување на Денот на македонскиот јазик


Со неколку настани денеска ќе биде одбележан Денот на македонскиот јазик – 5 Мај, кој беше прогласен во 2019 година со одлука на Владата. На овој ден во 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква, а набргу потоа, на […]

Пендаровски ја отвора ретроспективната изложба на дела од Димитар Кондовски


Националната галерија вечер во Даут-пашин амам ќе отвори ретроспективна изложба на Димитар Кондовски (1927-1993), која ќе ги опфати сите периоди од неговата творечка дејност. Изложбата се организира 30 години од последната средба на уметникот со македонската културна јавност. Куратор на проектот е Емил Алексиев кој наведува дека Димитар Кондовски зад себе остави импозантен творечки опус […]