Украински олигарх ја користи својата империја во борбата против Путин


 

Американската медиумска куќа Си-ен-ен разговараше со украинскиот олигарх Дмитро Фирташ, кој ја користи својата империја во борбата против Путин, но нему му се заканува испорачување во САД поради обвинение за корупција.

Фирташ со причина се грижи за својата сигурност, затоа што издашно ги финансира напорите на украинската војска. Се вози во лимузина со стакла отпорни на куршуми, а слични прозорци има и во својата канцеларија.

Пред војната тој вработуваше 100.000 луѓе во банкарството, медиумите и во изработка на хемиски производи. Фирташ, исто така, контролира и три-четвртини од увозот на нафтата. Се збогати купувајќи евтина нафта од поранешните држави на Советскиот Сојуз, наведува Си-ен-ен.

Превезуваме и оружје за украинската валада, сѐ што треба

Новинарот на Си-ен-ен ја коментира неговата „работна соба“ во која ја координира помошта на украинската војска. На ѕидот се наоѓа телевизор кој го емитира каналот „Слобода“. Каналот го основаа Фирташ и неговите соработници, а емитира вести на руски јазик кои им контрираат на вестите од Русија.

„Пректите кои претходно беа насочени кој производство на опрема за нафта сега ги насочивме на производство на противтенковски бариери. Нашите работници на нафтоводот беа првите кои дојдоа во Буча. Веднаш ги понудивме своите возила и логистика за низ цела Украина да доставиме хуманитарна помош“, вели Фирташ.

„Превезуваме и оружје за украинската влада, сѐ што треба“, додава.

Но, на Фирташ му се заканува испорачување во САД, затоа што за него постои обвинение за корупција.

„Тие не ме обвинија дека сум се обидел некого да подмитам, туку дека сум се обидел нешто такво да организирам. Но, тоа не е вистина. Немав потреба од тоа. За некого да се обидам да подмитам, морав тоа да го направам од некаква корист, а во такво нешто за мене нема профит“, вели Фирташ.

Украинскиот олигарх смета дека се работи за политички мотивирани обвиненија и дека сѐ почнало пред десетина години, кога ги поддржувал украинските политичари за кои се сметало дека го заговараат Путин.

Сега, откако САД подигна обвинение во 2014 година, се наоѓа во Австрија.

„Мислам дека американската влада погрешно ја процени целата ситуација. Од некоја причина заклучи дека заговарам проруски ставови, а тоа не држи вода. Секогаш сум бил на страната на Украина. Се обидов да се спогодам со обвинителите да ме пуштат за време на оваа војна да одам дома и да помогнам во одбраната на мојата земја. Но, одбија“, вели Фирташ.

Повеќегодишна истрага од ФБИ

Кога новинарот го прашува дали ја користи војната за да влијае на исходот на судењето, вели дека тоа не е случај.

„Не. Сега секој треба да помогне на Украина во согласност со своите способности. Ќе повторам по дваесетти пат – јас сум деловен човек, работата ми е да дојдам до пари“, вели украинскиот олигарх.

За потсетување, Фирташ е упасен во 2014 година во Виена. Австриската полиција вели дека дошло до апсење без примена на сила на „украинскиот граѓанин Дмитро Ф. (48)” во рамки на истрагата на ФБИ.

Уапсениот се сомничи за корупција и формирање криминални организации, додава австриската полиција, која појаснува дека реагирала „по повеќегодишна истрага на американсото ФБИ и налогот за апсење кој го издал американски суд“.