Пет хороскопски знаци ги чека преубав живот по 50-тиот роденден: Еве кој ќе цвета од љубов и успех во средните години


Средните години најмногу се поврзуваат со криза, менопауза и разни предизвици, но всушност овој период од животот може да биде благословен и да донесе многу радости. Кога го прославувате вашиот 50-ти роденден, полни сте со искуство, мудрост, знаете што сакате од животот, а што не, учите вистински да се сакате себеси. Затоа овој период може […]

Русија се закани: Ако Финска и Шведска влезат во НАТО, заборавете на Балтикот без нуклеарно оружје


Последните денови сѐ повеќе се зборува за можен влез на Финска и на Шведска во НАТО, што станува сѐ поизгледна последица на руската инвазија на Украина. Поранешниот претседател на Русија и член на Безбедносниот совет на Русија, Дмитри Медведев утринава рече дека, ако тоа се случи, „ќе има последици“. „Во тој случај повеќе не може […]

Од утре сообраќат сезонските линии на ЈСП 58 и 69


  Од утре, петок (15.04.2022 год) почнуваат да функционираат сезонските линии 58 (Транспортен центар – Јаболци, Нова Брезница) и 69 (Транспортен центар – Дивље, Катлановско Блаце, Кожле). Возниот ред е достапен на веб страницата. Согласно Одлуката за линиски превоз на патници во град Скопје, сезонските линии сообраќат од 15 април до 15 октомври.

Приведени три лица осомничени за кражба во село Криволак


Полициски службеници од ОВР Неготино денеска ги лишиле од слобода А.М(21), Н.Н(18) и А.П(21), сите од Неготино, осомничени дека извршиле кривично дело „кражба“, при што одзеле повеќе предмети од правно лице во село Криволак. Од МВР информираа дека лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена […]

Вавринка нема да игра во Мадрид


Поранешниот светски рекет број 3, Стен Вавринка се повлече од Мастерсот во Мадрид, кој започнува на 1 мај. Швајцарецот не е задоволен од својата физичка подготовка и сака да се концентрира на тренинзите пред настапите во Рим, Женева и во Париз на Ролан Гарос. Трикратниот грен слем шампион беше една година надвор од терените поради […]

(Во живо) Премиерот Ковачевски на Економскиот форум во организација на „Finance Think“


Премиерот Димитар Ковачевски учествува на Економскиот форум на тема „Заматен поглед нанапред: Многубројни неизвесности ги поткопуваат економските изгледи?” во организација на „Finance Think“. Разговорот со премиерот Ковачевски за актуелните економски теми го води Благица Петрески, извршна директорка на „Finance Think“.    На Економскиот форум на панел сесиите учествуваат и министерот за финансии Фатмир Бесими, заменик-претседателот […]

Во МНТ во ек се подготовките за новата комедија „Лагата“


На малата сцена во Македонскиот народен театар (МНТ) во тек се читачките проби за претставата „Лагата“, работена по текст на современиот француски писател, драматург, театарски режисер, сценарист и филмски режисер Флоријан Зелер. Претставата е во режија на Бесфорт Идризи. Премиера се очекува кон втората половина на мај. „Лагата“ е безмилосна комедија која ги анализира лицемерите […]

РКЕ: Нелкова – Чучук реизбрана за член на претседателството на Регионалната асоцијација на регулатори


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) соопшти дека е реизбрана комесарката Андријана Нелкова – Чучук за член на претседателството на Регионалната асоцијација на регулатори за енергетика (ERRA – Energy Regulators Regional Association). -На годишното собрание што се одржа во Будимпешта, Унгарија, регулатори од 35 земји од пет континенти едногласно ја изгласаа комесарката Нелкова […]

Метју Лосон од јули нов британски амбасадор во земјава


Метју Лосон е именуван за нов британски амбасадор во Северна Македонија. Тој ќе стапи на должност на местото на актуелната амбасадорка Рејчел Галовеј, чиј мандат истекува во јули годинава. Лосон во Скопје доаѓа по амбасадорската функција во Душанбе, Таџикистан. Во неговата биографија се наведува дека ја вршел и функцијата заменик-шеф на британската мисија во Босна […]

Ограничена продажбата на масло за јадење во пакети


 Од вчера, 13 април 2022 година, на секој поединечен купувач кој ќе купува масло од сончоглед за јадење во трговските објекти, во текот на денот ќе му биде ограничена продажбата на мала количина во единечно пакување. Се препорачува да не се дозволува продажба на масло од сончоглед за јадење во големи количини односно количини пакувани […]

САД испорачуваат пософистицирано оружје за запирање на руската инвазија на истокот од Украина


САД првпат од почетокот на руската инвазија врз Украина на Киев ќе му испорачаат пософистицирано и потешко вооружување на Киев, потег што некои од претставниците н администрацијата на Џо Бајден претходно го сметаа за преголем ризик што би можел да доведе до ескалација на судирите. Списокот со помошта во вредност од 800 милиони долари што […]

Нехамер: Путин ме увери дека снабдувањето на Австрија со руски гас е безбедно


Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на австрискиот канцелар Карл Нехамер при средбата оваа недела дека снабдувањето со гас на Австрија од Русија е сигурно и дека државата и натаму може да плаќа во евра, пренесува агенцијата АПА.   „Путин рече дека снабдувањето со гас е обезбедено, дека Русија ќе ја испорача количината утврдена со […]

Самостојна изложба „Лирски експресии“ на Владимир Величковски


Самостојна изложба на Владимир Величковски со селекција од слики и цртежи што ги има работено во изминатите неколку години насловена „Лирски експресии“ вечер ќе биде отворена во Културно социјалниот простор Центар Јадро во Скопје. На отворањето на изложбата, Величковски ќе го изведе и социјалниот перформанс „Идентитет“. Величковски, македонски сликар, историчар на уметноста, универзитетски професор, ликовен […]

Пожар во фабрика во Индија, загинаа шестмина


  Во пожар во хемиска фабрика во јужна индија загинаа најмалку шест луѓе, а 12 се повредени, јави Ројтерс. Ова е втора несреќа во хемиска фабрика оваа недела, а можно е да има и повеќе повредени. Снимките од местото кои ги доставиле владините функционири покажуваат голем пожар, со најмалку две тела како лежат на подот […]

Меѓуѕвезден метеор се судрил со Земјата


САД– Неодамна објавен документ од Командата за вселенски операции на САД, го потврди првиот познат меѓуѕвезден метеор што во поблиското минато ја погодил Земјата. Меѓуѕвездените метеори потекнуваат вон нашиот Сончев Систем, и се многу ретки. Но, според наводите, на 8 јануари 2014 година, еден се урнал североисточно од Папуа Нова Гвинеја – во Тихиот Океан. […]

Принцезата Мако во светот на уметноста- волонтира во музејот „Метрополитен“ во Њујорк


САД- Мако Комуро, порано позната како принцезата Мако, ја напушти Јапонија и се откажа од својата кралска титула откако се омажи за нејзиниот сакана од факултет минатата година. Мако, најстарата ќерка на јапонскиот престолонаследник Акишино и престолонаследничката принцезата Кико, се пресели во Њујорк во ноември 2021 година со нејзиниот сопруг Кеи Комуро. Сега, Japan Times […]

Зеленски кон ЕУ: Престанете да ја спонзорирате руската воена машинерија


Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика Европската унија да воведе ембарго на руската нафта. -Пред се, ни треба ембарго на руската нафта. И јасна подготвеност на Европа да се откаже од сета руска енергија. Европската унија мора да престане да ја спонзорира руската воена машинерија, рече Зеленски, пренесува Гардијан. Претседателот на Украина додаде дека разговарал […]

Објавен е првиот трејлер за 3-Д анимираната серија „Агент 203“


Објавен е првиот трејлер за 3-Д анимираната серија „Агент 203“, што скопското студио „Ви хаус анимејшн“ ја прави за светскиот пазар. Серијата е наменета за деца над седумгодишна возраст, а премиерата е најавена за пролет 2023. Ќе има 26 епизоди во времетраење од по 22 минути. Главен лик е девојчето Зои, интергалактичка агентка, која заедно […]

Почнува третиот Конгрес на СИРИЗА, ќе присуствува и Заев


Грција – За „нов почеток“ со цел „политичка промена“, како што се централните слогани, од денеска до недела грчката опозициска партија СИРИЗА ќе го одржи третиот конгрес, на кој поканет да присуствува е и поранешниот премиер Зоран Заев, јави дописничката на МИА од Атина. Партискиот конгрес ќе започне попладнево во Атина, со говор на лидерот […]

„На тенок мраз“ – изложба на карикатури од Лазо Плавевски во МСУ 


На 16 април (сабота) во 12 часот на пладне ќе биде отворена изложба на карикатури од Лазо Плавевски во Музејот на современата уметност – Скопје. Куратор на поставката е Љиљана Неделковска. Лазо Плавевски припаѓа на генерацијата карикатуристи која на културната сцена во нашата земја се појави во 70-те години.   „Изложбата  го прикажува творештвото на […]