РКЕ: Нелкова – Чучук реизбрана за член на претседателството на Регионалната асоцијација на регулатори


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) соопшти дека е реизбрана комесарката Андријана Нелкова – Чучук за член на претседателството на Регионалната асоцијација на регулатори за енергетика (ERRA – Energy Regulators Regional Association).

-На годишното собрание што се одржа во Будимпешта, Унгарија, регулатори од 35 земји од пет континенти едногласно ја изгласаа комесарката Нелкова – Чучук за член на претседателството на ЕRRА, со што се стекна со уште еден последователен мандат во претседателството на Регионалната асоцијација на регулатори за енергетика, наведува РКЕ.

РКЕ информира и дека и вработен во Комисијата, кој учествува во работата на регионалната асоцијација, добил пофалница за професионалната и посветена работа.