Проектот Чебрене-Галиште е во втора фаза, има девет понудувачи


Проектот за изградба на хидроцентралата Чебрене-Галиште е во втора фаза и пријавени се девет понудувачи, обелодени денеска премиерот Димитар Ковачевски. На економскиот форум организиран од „Finance Think“, Ковачевски говорејќи за електроенергетскиот сектор во земјава изрази надеж дека тендерот успешно ќе заврши и дека конечно ќе биде избран изведувач. – Во втора фаза е проектот Чебрене-Галиште. […]

Цементарница УСЈЕ донираше амбулантно возило за детската болница „Козле“


Следејќи ја својата долгорочна стратегија за одржлив развој и општествено одговорно делување, Цементарница УСЈЕ реализираше нова донација во здравството. Овојпат, за потребите на јавната здравствена установа – Институт за белодробни заболувања кај децата – КОЗЛЕ во Скопје, УСЈЕ донираше амбулантно возило. „Сѐ уште актуелната пандемија дополнително ја истакна важноста на здравствениот сектор и на неговата […]

Во Москва уапсени 20 руски генерали, Шојгу имал масивен срцев удар?


  Еден од двајцата поранешни сопственици на нафтениот гигант „Јукос“, Леонид Невзлин, тврди дека во Москва биле уапсени 20 руски генерали. Во својата објава на Твитер, Невзлин, кој живее во Израел, вели дека уапсените генерали биле од сите штабови и дека проневериле многу пари за „подготовка на украинското раководство и населението за свечената средба на […]

Ковачевски: Платите на администрацијата треба да растат, но тоа да биде проследено со реформи во јавниот сектор


Премиерот Димитар Ковачевски денеска посочи дека платите во јавната управа треба да растат, но тоа треба да биде проследено и со реформи во овој сектор кој брои околу 138 илјади вработени, бидејќи, граѓаните очекуваат да добиваат и повисоки услуги. Зборувајќи на економскиот форум на „Заматен поглед нанапред: Многубројни неизвесности ги поткопуваат економските изгледи?” во организација […]

ЕУ се уште не размислува да ги раздвои Македонија и Албанија


Романскиот шеф на дипломатијата, Богдан Ауреску изјави денес дека нема разговори во Европската унија за одвојување на Македонија и Албанија во однос на одлуката за започнување на преговори за членство.  -Нема такви дискусии во ЕУ, за раздвојување на Северна Македонија и Албанија. Ние во Романија не ја поддржуваме таквата одлука. Важно е да се најде […]

Јаневски: Туризмот забрзано закрепнува, годинава 2,5 милиони ноќевања и над 400 милиони долари прилив


 Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски годинава очекува 2,5 милиони ноќевања и над 400 милиони долари директен прилив од секторот во домашната економија. Како што соопшти денеска на прес-конференција, туристичкиот сектор забрзано закрепнува, а за тоа најмногу придонеле традиционалните и гостите од регионот – Полска, Косово, Србија, Албанија и […]

Македонија и Романија договараат директна авиолинија


Шефот на дипломатијата на Романија, Богдан Ауреску, кој денес престојува во Македонија, договара директна авионска линија која ќе помогне да се зајакне економската и друга соработка со нашата држава.  Ауреску, по средбата со министерот Бујар Османи, ги оцени односите меѓу Романија и Македонија како „навистина одлични“  нагласувајќи дека нашата земја е втор трговски партнер на […]

Шаќири: Да ги вратиме учениците во училишните клупи, повисоки плати ќе има


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири апелираше учениците да се вратат во училишните клупи, да не губат настава и најави дека денеска ќе испрати писмо до СОНК и неговото членство и изрази надеж дека ќе наиде на разбирање. -Да им озвоможиме на учениците на време да ја завршат учебната година и да ја почнат […]

Загубата на воениот крстосувач „Москва“ е страшен удар за Русија


  Тоа што бродот крстосувач „Москва“ плута напуштен или е на дното на Црното Море е страшен удар врз руската армија, пренесува американската телевизија Си-Ен-Ен изјави на воени експерти во врска со инцидентот со воениот брод на руската Црноморска флота. „Само загуба на подморница вооружена со балистички проектили или на единствениот руски носач на авиони […]

Зборувањето странски јазик може да го одложи умствениот пад


Италија – Нови научни сознанија посочуваат дека говорењето странски јазик, покрај мајчиниот, му дава на мозокот вежба, обезбедувајќи така ментална стимулација – потребна и доволна да се спречи или одложи когнитивниот пад. За разлика од другите фактори за кои се смета дека штитат од состојби на проблеми со помнењето, како што се физичкото вежбање или […]

„Кога падна на Пирина“- „Некст Тајм“ го промовираа филмскиот спот за песната за Јане Сандански


Во „Кино Милениум“, после подолга пауза, синоќа дуото „Некст Тајм“ ја промовираше обработката на народната песна „Кога падна на Пирина“ и видео-записот за истата. Старата македонска песна ја опејува смртта на Јане Сандански, а музичкиот спот на Некст Тајм е како краток филм за овој историски настан. За аранжманот на песната се погрижи Николче Мицевски. […]

Вработените во „Македонски пошти“ ќе добијат покачување на платите – штрајкот ќе биде прекинат


Откако вработените во „Македонски пошти“ денеска почнаа со штрајк за линеарно зголемување на платите од 3.000 денари, експресно се договорија ссо управниот одбор на акциоенрското друштво, па вработените во техничкиот процес може да очекуваат поголема плата од јули, а администрацијата од август.  – Денеска започнавме генерален штрајк во „Македонска пошта“, за реализација на барањата на […]

Софија ќе одвои 31 милиони евра во наредните шест години за соработка со Македонија


  Бугарската влада одобри две програми за прекугранична соработка – со Романија и со Македонија. Вкупниот буџет е близу 240 милиони евра до 2027 година, но од него лавовскиот дел – 207,5 милиони евра – е за соработката со Романија. А од нив дури 163,5 милиони се обезбедени од Европскиот фонд за регионален развој. Програмата […]

Грчки алпинист починал по еден ден откако се искачил на Даулагири, на Хималаите


Непал– Грчки алпинист загина во вторникот на непалската планина Даулагири, соопштија организаторите на експедицијата, во првата регистрирана смртност во годинешната напорна сезона на пролетно качување на Хималаите. Смртта на Антониос Сикарис дојде еден ден по триумфалната порака на Инстаграм во која објави дека се искачил на врвот на седмиот највисок врв во светот. Сикарис напишал […]

Сончево и топло утре, од недела дожд и опаѓање на температурите


Времето утре ќе биде сончево и топло. Во сабота ќе има зголемена облачност, а кон крајот на денот ќе има и локални врнежи од дожд. Под влијание на влажна и студена воздушна маса во недела и понеделник времето ќе биде облачно, ветровито и значително постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои […]

Велигден во Грција со непроменети мерки


Грција – Велигден ќе го славиме со постоечките мерки, внимателно и со маски во затворените простори, истакна алтернативната министерка за здравство на Грција Мина Гага во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Гага вели дека „по две години здравствени, социјални и економски притисоци, сите имаме потреба да се опуштиме“, […]

Бугарија ги крши правата на Македонците, оценува Стејт департментот


  Американскиот Стејт департмент во извештајот за состојбата човековите права во светот во 2021 година, во делот за Бугарија не само што наведува дека таму постојат етнички Македонци, туку и дека се нарушуваат нивните права за слобода на здружување. Стејт департментот наведува дека бугарските власти и покрај 14 одлуки на Судот за човекови права го […]

Чудо во Влае! Играч со 20 денари му собра 2,5 милиони на „Спорт лајф“!


И порано имало милионски добивки, но изминатиот викенд вистинско изненадување приреди играчот во обложувалницата на „Спорт лајф“ во Влае. Со тикет од само 20 денари и 27 пара, успеа да ги погоди сите и да обезбеди неверојатна добивка од 2,5 милиони денари или поточно околу 40.000 евра. Среќниот, но и вешт играч, одиграл 27 фудбалски натпревари […]

Од „Чувари на плажа“ до Бродвеј: Памела Андерсон дебитираше во улогата на Рокси Харт


САД- Памела Андерсон (54) доби голема поддршка на нејзината голема вечер. Актерката  беше опсипана со љубов од нејзините два сина, Брендон (25) и Дилан (24) за време на нејзиното прво шоу на Бродвеј. Андерсон го имаше своето музичко деби глумејќи ја Рокси Харт во „Чикаго“ во вторникот вечерта. Претставата ќе се игра до 5 јуни […]

Танц Фест прослави роденден во МНТ- новите танчери ја воодушевија публиката


 Фестивалот Танц Фест синоќа во Македонскиот народен театар одбележа 18 години постоење. Фестивалот почна во 2005 година и од тогаш на сцената продефилираа повеќе илјадници уметници од целиот свет. Скопската, но и публиката во Велес, Битола и Штип имаше можност низ годиниве наназад да проследи врвни уметнички компании од Амстердам, Њујорк, Пекинг, Париз, Лисабон, Љубљана, […]