Во Москва уапсени 20 руски генерали, Шојгу имал масивен срцев удар?

Апсењето на генералите, според поранешниот сопственик на „Јукос“, Леонид Невзлин, бил поврзани со голема проневера на пари за подготовката на инвазијата на Украина


 

Еден од двајцата поранешни сопственици на нафтениот гигант „Јукос“, Леонид Невзлин, тврди дека во Москва биле уапсени 20 руски генерали. Во својата објава на Твитер, Невзлин, кој живее во Израел, вели дека уапсените генерали биле од сите штабови и дека проневериле многу пари за „подготовка на украинското раководство и населението за свечената средба на армијата на ослободителите од Русија. Од 2014 година украдени се околу 10 милијарди долари од Путин за подготовка на блицкригот“, пишува Невзлин.

Наведувајќи дека се тоа вести од негови извори во Москва, Невзлин уште тврди дека министерот за одбрана Сергеј Шојгу е надвор од играта, „може да стане инвалид ако преживее. Ненадејно добил масивен срцев удар, тој е на интензивна нега, приклучен на апарати. Гласините велат дека срцевиот удар не можел да настане од природна причина“.

Поранешниот вицепремиер  во владата на Дмитриј Медведев и познат економист, Аркадиј Дворкович, наводно уште бил до домаше притвор. Невзлин тврди дека неговите извори му рекле оти се очекува тој да сведочи против своите колеги и пријатели. Извори на ФСБ велат дека доколку не се договори со истрагата, ќе биде префрлен во истражниот затвор Матроска Тишина или Лефортово.

И дека творецот на „путинизмот“, поранешниот висок функцинер во Кремљ, Владислав Сурков, и натаму е во домашен притвор. Се истражува неговото учество во проневерата на големите пари како и кај 20-те уапсени генерали.

Овие наводи на Невзлин не можат независно да се потврдат.

Леонид Невзлин во отсуство е осуден во Русија на доживотен затвор, но во исто време одржува блиски односи со бизнис и политичките кругови во Москва. (Н.В.)