Царината одбележа 30 годишен јубилеј


По повод 30 годишниот јубилеј  од основањето, Царината пред државниот врв и соработниците ги претстави постигнатите резултати, реализираните реформи и најзначајните настани кои ги одбележале изминатите триесет години. Беа доделени и плакети за благодарност до соработниците,  а присутните имаа можност да проследат демонстрација со опремата за контроли што се користи во секојдневното царинско работење и […]

Закупени 70 – 80 отсто од капацитети во Охрид за празниците


Околу 70 – 80 отсто од туристичките капацитети во Охрид се веќе закупени за претстојните велигденски и првомајски празници, рече денеска директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски. Јаневски на прес-конференција соопшти дека се потпишуваат и аранжманите за летото. -Се надеваме дека со иницијативата „Отворен Балкан“ ќе ја воведеме долгоочекуваната […]

Трамп согласен со Бајден – руската инвазија ја нарече „геноцид“


  Поранешниот претседател Трамп му се придружи на претседателот Бајден во нарекувањето на руската војна во Украина „геноцид“ за време на интервјуто за Фокс њуз во средата навечер. Додека Трамп го критикуваше Бајден за политиките за кои рече дека довеле до рекордно висока инфлација, тој рече: „И сега додадете на тоа што се случува во […]

ОТА активирала нови 471 мерка за следење на комуникации


 Собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите на денешната седница едногласно без забелешки го усвои Годишниот извештај за работењето на Оперативно – техничката агенција (ОТА) за 2021 година, изјави за МИА директорот на ОТА Зоран Ангеловски. Во 2021 година има 471 ново активирање на мерката за следење на комуникациите. – […]

Кацарска ги повика пратениците да го почитуваат Уставот


 Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска денеска повтори дека состојбата во Судот е алармантна, затоа што веќе неколку месеци е доведено во прашање носењето на одлуки поради некомплетниот состав и им порача на пратениците да го почитуваат Уставот. – Сега веќе се работи за голем број предмети. Секако дека бројката преку 30 предмети и состојбата во Уставниот […]

Ѓилас премиер


Се чини дека претстои ново рекомпонирање на политичката сцена во Србија, можното повторување на изборите во Белград звучи само како изговор, додека примарна цел е јавноста полека да почне да се навикнува на новото дуо Вучиќ – Ѓилас Тешко е да се оттргне впечатокот дека одѕивот на гласачите изборите во Србија е значително потценет. Колони […]

Без прифатлив предлог, штрајкот во образование не може да прекине


Тежиме кон иста цел, но се движиме по различни патишта. И наша цел е штрајкот побргу да заврши и децата да се вратат во клупите и занималните, но треба да ни се вкрстат патиштата и да има прифатливо решение за штрајкот да прекине. Уверени сме дека го правиме вистинското во интерес на членството, одговори претседателот […]

Ќе се зачуваат дрвјата на улицата „Васко Карангелески“


  Дрворедот на улицата „Васко Карангелески“ ќе биде целосно зачуван, претходниот проект со реконструкцијата предвидувал сечење на дрворедот на потегот на целата улица. Со новиот проект ќе се зачува целото зеленило и ќе се посадат нови 30-тина дрвја, истакна во денешната изјава градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.   „Првичниот проект на улицата предвидуваше целосно […]

ЈО ја обжали пресудата за тешката сообраќајна несреќа кај „Сити Мол“


 Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, незадоволен од висината на изречената кривична санкција, денеска вложи жалба против првостепената пресуда на Основниот кривичен суд Скопје за сообраќајната несреќа што се случи на 20.01.2021 година, во близина на трговски центар „Сити мол“ во Карпош. Имено, со пресудата врз основа на признание на вина, на 11.04.2022 […]

Оваа зграда во Мариупол преживеа две светски војни, но не и руската инвазија


  Има бројни сведоштва на жестокото руско бомбардирање на Мариупол на брегот на Азовското Море. Градот е претворен речиси целосно во урнатини. Оваа зграда, една од убавите во Мариупол ги преживеа и Првата и Втората светска војна, но не и руското бомбардирање и инвазија.

Новогодишна прослава во Бангладеш и во Непал по двегодишна пауза поради Ковид-19


По двегодишна пауза, илјадници луѓе во Бангладеш и во Непал ја прославија својата нова година со шарени поворки и музички приредби, затоа што пандемијата од коронавирусот стивна, а животот се врати на старото „нормално“. Во Дака, луѓето облечени во традиционална црвена облека влегоа во бенгалската 1429 година. Маршираа, пееја и танцуваа на кампусот на универзитетот […]

Пожарот на московскиот крстосувач е локализиран


Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека пожарот на крстосувачот „Москва“, главниот брод на Црноморската флота, е локализиран и дека се преземаат мерки за одвлекување на бродот назад до пристаништето.   Министерството, кое претходно објави дека избил пожар по експлозија на муниција на палубата, соопшти дека главното оружје на бродот не е оштетено и дека […]

Ребаланс на Буџетот во мај или јуни во собраниска процедура


Ребалансот на Буџетот најверојатно во мај или јуни ќе се најде во собраниска процедура, најави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими на економскиот форум „Заматен поглед нанапред: Многубројни неизвесности ги поткопуваат економските изгледи?” што го организира „Finance Think“. Во своето обраќање, Бесими откри дека во ребалансот неизбежно е дефицитот да биде поголем. – Тоа е […]

Бундестагот го бара „предавникот“ кој ги откри тајните протоколи за злосторствата во Буча


 Германскиот Бундестаг го бара „предавникот“, кој на медиумите им откри тајни протоколи за злосторства во Буча во Украина. Претседателката на Одборот за одбрана, Мари Агнес Штрак – Цимерман поднесе кривична пријава против непознати лица за откривање државни тајни од строго доверлива седница, пишува „Фокус“. Станува збор за протоколи за прислушување, што според германски експерти, ја […]

Петков и Јотова в сабота во посета на Битола


 Бугарскиот премиер Кирил Петков, заедно со потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, в сабота, на 16 април ќе ја посетат Битола, во организација на бугарската амбасада во земјава. Средба на премиерот Димитар Ковачевски или некој владин претставник со бугарската делегација, министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска информираше дека се организира во рамки на новопланираниот далекувод […]

Ангелоски: Да се отворат „зелени линии“ на „Отворен Балкан“ и за патничкиот сообраќај


Претседателот на Сојузот на стопански комори на Северна Македонија, Трајан Ангелоски, во интервју за белградска Политика апелираше до властите на Србија, Северна Македонија и Албанија во рамките на иницијативата Отворен Балкан да отворат „зелени ленти“ на граничните премини и за патничкиот сообраќај, а не само за товарниот, јави дописникот на МИА од Белград. -Мора значително […]

„Скопје 2014“ оживеа во Новаци, скулптурите со лавови вратени во дворот на општинската зграда


  БИТОЛА – Контроверзниот проект „Скопје 2014“ оживеа во пелагониската општина Новаци. Скулптурите со лавови деновиве пак се вратени во дворот на Општина Новаци покрај зелените површини. Власта во општина Новаци се смени на последните локални избори и сега е предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во 2013, кога беа поставени овие скулптури, градоначалник на Новаци беше Лазе […]

Јагнешкото за велигденските празници се очекува да надмине 200 денари за килограм жива мера


Цената на јагнето жива мера во моментов е околу 160 – 200 денари за килограм. Производителите очекуваат нејзино зголемување за претстојните велигденски празници, но се уште не прецизираат колкаво ќе биде поскапувањето. -Цената на јагнешкото месо оваа година е релативно ниска, зашто сите репорматеријали и храната двојно поскапеа. Јас го продадов моето јагне од првиот […]

Побарувачката на 5Г опрема го зголеми тримесечниот приход на Ериксон


Шведскиот производител на телекомуникациска опрема Ериксон денеска соопшти дека бележи зголемување на приходите во првиот квартал, благодарение на побарувачката за опрема за 5Г мрежите. Компанијата наведува дека од јануари до март приходите се зголемени за 11 отсто и изнесуваат 55,1 милијарди круни (1,68 милијарди евра). Прилагодениот оперативен профит, пак, забележа ист процентен пад, намалувајќи се […]