„Кога падна на Пирина“- „Некст Тајм“ го промовираа филмскиот спот за песната за Јане Сандански


Во „Кино Милениум“, после подолга пауза, синоќа дуото „Некст Тајм“ ја промовираше обработката на народната песна „Кога падна на Пирина“ и видео-записот за истата.

Старата македонска песна ја опејува смртта на Јане Сандански, а музичкиот спот на Некст Тајм е како краток филм за овој историски настан.

За аранжманот на песната се погрижи Николче Мицевски.

Стефан и Мартин најавија дека ова е последен проект со преработки на стари македонски песни, по „Ја излези Ѓурѓо“, „Слушам кај шумат шумите“, „Нешто ќе те питам бабо“ и „Јовка Кумановска“.