Потребни се итни мерки за обезбедување на храна за сиромашните


Лидерите на Меѓународен монетарен фонд, Светската банка, Светската трговска организација и Светската програма за храна на ОН во заедничко соопштение упатија апел за итни мерки за справување со сè поголемата неизвесност за обезбедување храна за сиромашните земји, вклучително и финансирање на земјоделците и создавање поголеми резерви на храна. Поради руската инвазија на Украина и западните санкции кон […]

Куба Гудинг Џуниор призна вина за три сексуални напади


Познатиот американски глумец Куба Гудинг Џуниор се изјасни виновен за три обвиненија за сексуален напад, пред судот во Менхетен, Њујорк, САД. Во обвинението, еден од престапите е опишан како „насилно допирање“. Досега оскаровецот ги отфрлаше обвинувањата, а неговата одбрана тврдеше дека бил неправедно обвинет во екот на движењето „#MeToo“ против сексуалното насилство во Холивуд. Гудинг […]

Почина поранешниот фудбалер на Реал и колумбискиот репрезентативец Ринкон


Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и репрезентативец на Колумбија, Фреди Ринкон, почина на 55-годишна возраст, соопшти прес-службата на ФИФА. Тој имаше сообраќајна несреќа на 11 април во Кали (Колумбија), неговиот автомобил се судри со автобус. Поранешниот фудбалер со сериозни повреди на главата е пренесен во болница и опериран. Денес, 14 април, Ринкон почина во болница. […]

Оставка на британскиот министер за правда, лорд Дејвид Волфсон, поради скандалот со забавите во локдаунот


Министерот за правда на Велика Британија, лорд Дејвид Волфсон, поднесе оставка на функцијата, откако британскиот премиер Борис Џонсон и министерот за финансии Риши Сунак беа казнети заради прекршување на антиковид-правилата во земјата. Волфсон во писмото испратено до премиерот, а што го објави и преку својот твитер-налог, истакнува дека постапките на Џонсон не се „во согласност […]

Во поплавите и свлечиштата во Филипините, предизвикани од бурата Меги, досега 121 жртва


Најмалку 121 лице загина при лизгање на земјиште и поплави, предизвикани од првата бура што ги погоди Филипините годинава. Поради бурата, раселени се над 200.000 жители, соопштија денеска официјални лица, јави ДПА. Повеќето од жртвите се од градот Бејбеј Сити во провинцијата Лејте, 599 километри јужно од Манила. Оттаму беа извадени 81 тело. Триесет и […]

Како ја снимивме „О Супермен“ на Лори Андерсон


„Бев перформанс уметник без интерес за поп светот, но пријателите ме убедија да направам еден обид. Кога песната отиде на второто место во Велика Британија, моите пријатели ми рекоа дека се распродавам, но само неколку месеци подоцна од идиот станав визионер“ Американската Лори Андерсон е еден од најголемите пионери во авангардната рок музика. Нејзиниот албум […]

По Бајден и Трудо го употреби терминот „геноцид“ за случувањата во Украина, Макрон и Шолц се воздржуваат


Украина – Премиерот на Канада, Џастин Трудо за првпат го употреби терминот „геноцид“ во Украина, откако истото го стори и американскиот претседател Џо Бајден. Од друга страна, француски и германски лидери, не се склони кон таква квалификација, коментираат медиумите. – Сè повеќе и повеќе може да зборуваме за геноцид, одговори Трудо, прашан како ги коментира изјавите […]

Два концерта на „ПМГ Џез“ на почетокот на џез-фестивалот „Крај Вардарот џез“


Два концерта на македонските музички состави „Стој, После!“ и „Кантон6“ во реализација на „ПМГ Џез“ ќе се одржат вечерва во Макка бар, со што ќе се обележи почетокот на џез-фестивалот „Крај Вардарот џез“. „ПМГ Џез“ посочија дека младиот и талентиран Мартин Џорлев од составот „Стој, После!“, денеска прв пат по издавањето на својот прв албум […]

Генерален штрајк во националната Пошта за повисоки плати


Генерален штрајк на вработените во националната Пошта со барање за линеарно покачување на нето платите во износ од 3 000 денари најавија за денеска  Синдикатот на Македонска пошта и Синдикалната организација на АД Пошта на Северна Македонија. Штрајкот ќе почне во 8 часот и ќе се одвива на работните места во главната Пошта и низ […]

Пазарно истражување – дегустација на јагнешко месо од автохтоната раса овци „Праменка Овчеполка“


Здружението на одгледувачи на домашната автохтона раса овци „Праменка овчеполка“ во соработка со земјоделскaта задруга „Еко Овчеполка“ денеска во Градскиот трговски центар во Скопје организира дегустација на јагнешко месо од автохтоната раса овци „Праменка Овчеполка“. Целта на дегустацијата е пазарно истражување кое треба да ја покаже оценката на потрошувачите за вкусот и квалитетот на месото. […]

Руското МО потврди дека крстосувачот „Москва“ е „тешко оштетен“


Рускиот крстосувачки брод  „Москва“ е „тешко оштетен“ во пожар предизвикан од експлозија на муниција, соопшти вчера Министерството за одбрана. Екипажот е евакуиран, а во тек е истрага за инцидентот. Но, руското Министерство за одбрана не наведе каде се случил инцидентот. Украинските власти претходно објавија дека пожарот на бродот „Москва“ е предизвикан од ракетен напад. Гувернерот […]

Наместо во Авганистан САД ќе испорачаат хеликоптери на Украина  


САД – Хеликоптерите „Ми-17“, што претходно беше планирано да ги добие Авганистан, ќе бидат испорачани на Украина, како дел од новиот пакет воена помош, јавија синиќа од Пентагон.  -Тие хеликоптери требаше да ги добие Авганистан. Тие се од нашите резерви и сега ги испраќаме на Украина, изјави синоќа портпаролот Џон Кирби. Додаде дека САД неодамна на […]

Просечното домаќинство за 20 години намалено за половина член


Просечното домаќинство во државата во последните 20 години има загубено по половина член и бележи намалување од 3,6 членови во 2002 година, на 3,06 членови во 2021 година. Ова е тренд во сите општини освен во Чаир, Шуто Оризари и Чашка во кои има раст и во Сарај, Градско и Пехчево, каде има стагнација. Општина […]

Приштина бара од Швајцарија информации за наводите дека српски служби планирале да го убијат Дик Марти


Косово – Косовските безбедносни институции побарале информации од Швајцарија во врска со наводите дека тајни служби на Србија планирале да го убијат поранешниот специјален известувач за Косово во Обединетите нации по војната во 1998-99 година, Дик Марти, со цел за тоа да ги обвинат косовските Албанци, јави дописникот на МИА од Приштина. Беким Купина, советник на […]

Сè уште е рано за целосно олабавување на рестриктивните мерки, предложено укинување на Ковид-сертификатите при влез во земјава


Да се укине задолжителното поседување сертификат за вакцинација или прележаност на КОВИД-19 за влез во земјата, препорача вчера Комисијата за заразни болести. Засега останува сертификатот да важи за влез во затворен дел на угостителските објекти бидејќи Комисјата смета дека е потребно постепено олабавување на рестрикциите. Портпаролот на Комисијата за заразни болести д-р Злате Мехмедовиќ вчера […]

Романскиот министер за надворешни работи во посета на Македонија


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Скопје ќе биде домаќин на неговиот романски колега Богдан Ауреску. Во рамки на официјална посета на земјава, романскиот министер Ауреску ќе има средби и со претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски и со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. 

Македонските ракометари испуштија победа на гостувањето кај Чешка


Чешка– Македонската ракометна репрезентација синоќа одигра нерешено 24:24 со Чешка во Злин во првиот натпревар од пресметката за пласман на Светското првенство 2023. „Црвено-жолтите“ и покрај тоа што имаат поволен резултат пред возвратниот меч во Скопје, можат да жалат за испуштената победа, бидејќи на полувреме водеа со 13:10, во еден момент водеа со седум разлика […]

Сончево со слаб ветер од југозападен правец


Времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени. Во Скопје, сончево со слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 22 […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 14 април 2022 година, 100-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 265 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 57 минути, а ќе зајде во 19 часот и 12 минути. Денов трае 13 часа и 15 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее […]

Да нема продолжување на учебната година бара СОНК


Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков изјави дека очекуваат до утре вечер, односно петок до 12 часот да имаат понуда за да можат да ја дистрибуираат понудата, да соберат повратни информации и евентуално Советот на СОНК да донесе одлука по тие информации и да бидат експедитивни, за да има […]