Приведени три лица осомничени за кражба во село Криволак


Полициски службеници од ОВР Неготино денеска ги лишиле од слобода А.М(21), Н.Н(18) и А.П(21), сите од Неготино, осомничени дека извршиле кривично дело „кражба“, при што одзеле повеќе предмети од правно лице во село Криволак.

Од МВР информираа дека лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.