Премиерите на Данска и Шпанија најавија нова воена помош при посетата на Украина


Данска ќе додели уште 90 милиони евра воена помош за Украина, а Шпанија 200 тони воен материјал, изјавија денеска премиерите на двете земји, кои беа во посета на Украина. За време на посетата на Киев, Мете Фредериксен изјави дека Данска ќе и даде на Украина оружје во вредност од 90 милиони евра, со што вкупната […]

Седум лица загинаа во пожар во воен институт во Русија


Русија – Најмалку седум лица загинаа денеска во голем пожар во Институтот за воени истражувања во Твер, на 160 километри од Москва, соопшти спасувачката служба, а пренесуваат руските агенции. Станува збор за Централниот истражувачки институт на руските воздухопловни сили. Руската телевизија објави видео од четирикатница над која се издига густ чад. Според изјавите на очевидци за телевизија, […]

Ердоган: Турција мора да има силна воена морнарица, една од најсилните во светот


Турција– За Турција како земја опкружена со мориња од три страни е неопходност, а не прашање на избор да има силна морнарица. Затоа особено значење придаваме на подобрувањето на нашите поморски сили, како во однос на опремата, така и во однос на персоналот“, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Ердоган во обраќањето преку видео-порака на […]

Забрана за влез во Русија и за Камала Харис и Марк Закерберг


Русија– Русија попладнево го прошири списокот лица на кои им е забранет влез во земјата како одговор на санкциите воведени од Западот. На листата лица на кои им е заранет влез во Русија сега се најдоа и потпретседателката на САД, Камала Харис, основачот на „Фејсбук“ Марк Закерберг и портпаролот на Пентагон, Џон Кирби. На ажурираната […]

Eurovision House Party: Комплименти и високи надежи за „Circles“ и Андреа


По одличниот одзив на карантинските евровизиски концерти изминатите години, продуцентите на шоуто Евровизија го задржаа концептот и годинава, со наслов Eurovision House Party. Традицијата ја продолжуваат овогодинешните претставници, како нашата Андреа, која за евровизиските фанови сними две песни изведени во домашна атмосфера заедно со Рената Кралевска и Ана Петановска, девојките кои ќе бидат нејзино вокално […]

Велика Британија забрани увоз на кавијар и други луксузни производи од Русија


Англија – Велика Британија во рамки на последното проширување на списокот санкции против Москва забрани увоз на кавијар и други луксузни производи од Русија. Забраната за увоз е проширена и на среброто и производите од дрво, додека за 35 проценти се зголемуваат царинските давачки за дијамантите и гумата увезени од Русија и Белорусија. „Ја користиме […]

Уште шестмина влегоа во Куќата на славни на Премиер лигата


Серхио Агуеро, Дидие Дрогба, Винсент Компани, Питер Шмајхел, Пол Сколс и Јан Рајт се шесте нови имиња во Куќата на славни на англиската фудбалска Премиер лига, која сега брои 16 членови. Првите двајца, кои пред 12 месеци влегоа во Куќата на славните на Премиер лигата беа Алан Ширер и Тјери Анри. По нив следуваа Вејн […]

Скопје домаќин на Светското ракометно првенство за јуниорки


Светското јуниорско првенство во женска конкуренција ќе се одржи ова лето во Скопје, одлучи денеска Меѓународната ракометна федерација (ИХФ). Завршниот турнир до 18 години во женска конкуренција требаше да го организира Грузија, но поради безбедносната состојба поврзана со војната во Украина, ИХФ донесе одлука да го премести Светското првенство во Македонија. – Голема благодарност упатуваме […]

ССМ на средба во Владата за линерано зголемување на платите во јавниот сектор


Претставници на Сојузот на синдикатите на Макдонија (ССМ) попладнево имаа средба во Владата за исполнување на три барања: линеарно зголемување на платите за 2.806 денари за секој вработен во јавниот сектор, утврдување регрес или К-15 во износ од 30 до 100 проценти од просечната плата и методологија за усогласувње на сите останати плати согласно порастот […]

Доделени првите четири од вкупно 25 комбајни со сецкалки за ориз


– Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на Платежната агенција Никица Бачовски денеска ги врачија клучевите за првите четири, од вкупно 25 комбајни со сецкалки за ориз, одобрени на последниот повик објавен минатата година. Право на учество на повикот имаа сите земјоделци кои располагаат со минимум еден хектар ориз. Вкупната вредност на […]

Русија го обвинува ОБСЕ дека шпионираат за Киев


 „Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) соработува со украинската влада и се обидува да ги прикрие злосторствата на украинските екстремистички сили“, изјави заменик претставникот на Русија во ОН на состанокот на Советот за безбедност. Дмитриј Полјански ги критикуваше западните сили, велејќи дека се лицемерни во врска со безбедносната криза во Украина. – САД […]

Брисел: Напредокот на Србија кон ЕУ зависи од односите со Русија


Франција– Позицијата на Белград по однос руската агресија врз Украина може да влијае на процесот на европска интеграција на Србија, изјави денеска Мајкл Милер, шеф на Одделот на Европската комисија за Србија и Црна Гора. Тој пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент во дебатата за нацрт-резолуцијата на ЕП со која се повикува Србија […]

Груевски се бранеше преку Фејсбук. И не успеа. Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе си ги бара украдените пари?


  Со големи писанија преку Фејсбук не може да се браниш во судски процес. Веројатно тоа му стана јасно денеска на Никола Груевски откако беше осуден на 7 години затвор во случајот „Плацеви на Водно“. Сега, изгледа, не му останува ништо друго освен од Будимпешта да продолжи да рони „Фејсбук солзи“ дека е политички прогонуван […]

Адеми ќе има нов тренер во загрепски Динамо


Ден по првенствениот пораз од сплитски Хајдук на гостински терен (0-1), Динамо Загреб, во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, му врачи отказ на тренерот Жељко Копиќ. На клупата на актуелниот хрватски првак Копиќ седеше на 19 натпревари, на кои оствари ефект од 13 победи, две нерешени и четири порази. Два од четирите порази […]

Чеченците крадат сè што ќе им дојде при рака во Украина, три нови комбајни пренеле во село на нивни политичар


Неверојатно е што сѐ руската армија, а особено Чеченците со кои командува љубителот на чизмите на Прада, Рамзан Кадиров, крадат во Украина и го носат во нивните домови оддалечени до 2.000 километри. Така, како што јавуваат украинските медиуми, од изложбениот простор на „Агротек-Инвест“, официјалниот претставник на „Џон Дир“ („John Deere“ ) и „Вадерштад“ (“Väderstad”) земјоделска […]

Лондон воведе нови санкции за генералите на Путин: „Имаат крв на рацете“


 Велика Британија воведува нови санкции за руски воени команданти и компании поврзани со воени активности. Лондон најави нов бран санкции против руските генерали кои „вршеле злосторства на првите борбени линии“, како и поединци и компании кои ја поддржуваат војската на Владимир Путин. Министерката за надворешни работи Лиз Трус денеска изјави дека ќе бидат воведени нови санкции […]

Поранешниот албански претседател Нишани хоспитализиран поради постковид компликации


 Поранешниот албански претседател Бујар Нишани синоќа бил итно донесен во болницата ” Шефќет Ндроќи” во Тирана, каде е се уште на болнички третман. Според болнички извори се лекува од пост ковид билатерална пневмонија и е на кислородна поддршка. Дел од медиумите, повикувајќи се на сигурни извори, наведуваат дека животните параметри не му се во добра […]

Дмитро Кулеба до Бугарите: „Доста бевте во средината, време е да донесете одлука“


  Украинскиот министер за надворешни работи два пати во дена им префрли на бугарските власти среде Софија дека нивното однесување кон руската инвазија е амбивалентно, не може подеднакво да се биде кон двете страни – и кон агересорот и кон жртвата. „Како можете да ги сметате браќата за луѓе кои убиваат на овој начин? Како […]

Охриѓанец му се заканувал на странски амбасадор


Вчера  полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од  слобода Р.Б., со живеалиште во село во охридско, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“. Имено, постапувајќи по пријава од 14 април, според која од едно лице телефонски упатило закани по […]

Дизелот поскапува за два денара по литар, цените на другите горива остануваат исти


Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува за два денара по литар, а цените на останатите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе […]