Охриѓанец му се заканувал на странски амбасадор


Вчера  полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од  слобода Р.Б., со живеалиште во село во охридско, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Имено, постапувајќи по пријава од 14 април, според која од едно лице телефонски упатило закани по животот на амбасадор на странска земја кај нас биле преземени мерки и активности од страна на полициски службеници, при што е утврден идентитетот на лицето, тоа е најдено и приведено, а во координација со Јавен обвинител од ОЈО Скопје,  поднесена е кривична пријава за кривично дело по член 144 ст 3 од Кривичниот законик.