Ден на планетата Земја: Да го зачуваме тоа што е останато и да го поправиме тоа што е веќе уништено


Климатските промени повеќе не се некоја мисловна именка, туку се наша сурова реалност. Екстремно топли лета, поларни зими, невремиња од разурнувачки размери, поплави, суши, па дури и пандемиите, како таа со Ковид-19, се само дел од пораките кои природата ни ги испраќа дека нешто не е во ред, односно дека е уништена хармонијата со која […]

Продолжен изменетиот сообраќаен режим на патот Маврови Анови – Жировница, сообраќајот по наместа влажни коловози


До 15 јули е продолжена времената измена на режимот на сообраќај на Регионален пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница. Како што информира АМСМ, продолжувањето е согласно Одобрението издадено од страна на Министерството за транспорт и врски, поради изведба на грaдежни активности што ги изведува Друштво за градежништво Пелагонија АД, Гостивар. Сообраќајот на државните патишта […]

Корејските лидери разменија „писма на пријателство“


Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и јужнокорејскиот претседател во заминување Мун Џае-ин размениле „писма на пријателство“, јави севернокорејската државна новинска агенција КЦНА, а потврди и канцеларијата на Мун. Во своето писмо, Мун ветува дека ќе продолжи да работи на обединување врз основа на декларациите донесени на состаноците во 2018 година и покрај „тешката ситуација“ и тензиите предизвикани […]

Русија го отфрли предлогот за прекин на огнот за Велигден, вели Зеленски


Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека Русија го отфрлила предлогот за прекин на огнот за време на велигденските празници, но додаде дека тој сè уште има надеж за мир. Тој исто така ја обвини Русија дека планира да фалсификува референдум за независност во окупираните јужни региони Херсон и Запорожје. Зеленски ги повика жителите на тие […]

Пендаровски: Нема гаранции дека внесувањето на Бугарите во Уставот би било последното барање на Софија


Настанот со отворањето на клубот „Ванчо Михајлов” е спорен поради две основни причини – името на клубот и структурата на бугарската делегацијата која дојде во Битола, смета претседателот Стево Пендаровски. Во синоќешното гостување во емисијата „Патот кон“ на ТВ Алсат, Пендаровски своите забелешки ги упати како кон нашите институции, така и кон делегацијата од Бугарија. […]

Почнуваат подготвителни активности за вежбата „Swift Response 22“


Денеска почнуваат активностите за пристигнување на персоналот и потребните материјални средства за вежбата „Swift Response 22”. Како што соопштија од Генералштабот на Армијата, почнува првичниот поголем транспорт на потребните воени материјални средства по копнен и воздушен пат, кои ќе се одвиваат периодично се до завршување на вежбата 31.05.2022 година. – Делот од вежбата кој ќе […]

Јапонија во мај продава 4,8 милиони барели нафта од резервите


Јапонија на 10 мај ќе одржи аукција за продажба на 760.000 килолитри или 4,8 милиони барели нафта од националните резерви, како дел од акцијата координирана од Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) за стабилизација на зголемените цени на енергенсот, соопшти денеска јапонското Министерство за индустрија. Премиерот Фумио Кишида претходно овој месец изјави дека Јапонија ќе продаде […]

Продолжува да се намалува бројот на заразени и починати од Ковид-19


Продолжува намалувањето на бројот на новозаболени и починати од Ковид-19. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, при направени 2.359 тестови, регистрирани се 86 нови случаи со КОВИД-19, 105 оздравени пациенти и едно починато лице. Активни се 782 случаи од кои најголем број – 422 се во Скопје. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во […]

Променливо облачно и потопло со локален дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и значително потопло, во утринските часови со локален дожд. Попладне ќе биде нестабилно, претежно во западните делови со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен југоисточен ветер, со брзина и над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 22 април 2022 година, 108-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 257 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 45 минути, а ќе зајде во 19 часот и 21 минута. Денов трае 13 часа и 36 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее […]

Илон Маск тврди дека обезбедил 46,5 милијарди долари како понуда за преземање на Твитер


Основачот на „Тесла“, Илон Маск, соопшти дека обезбедил 46,5 милијарди долари за неговите напори да купи контролен удел на Твитер, според документите што тој ги поднесе денеска до американската Комисија за хартии од вредност. Маск планира да даде формална понуда до сите постоечки акционери со готовината, која вклучува заеми во вредност од 25 милијарди долари […]

Во два дена пронајдени мртви двајца руски олигарси – мртви се и сопругите и ќерките


Во два дена пронајдени се двајца руски олигарси, а мртви се и нивните сопруги и нивните ќерки. Владислав Аваев, поранешниот потпретседател на Газпром банка, пронајден е мртов, со прострелна рана во својот стан во Москва во понеделникот, јави руската државна агенција Тасс. Московскиот истражен оддел не ги наведе имињата на жртвите во своето соопштение за […]

Германски министер предвидува голем пад на случаите на коронавирус в лето, но и нов бран наесен


Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах денеска истакна дека очекува ситуацијата со коронавирусот во земјата да се олесни во текот на летото – но не толку како минатата година поради распространетоста на варијантата Омикрон. – Сезонски, пандемијата ќе опаѓа, рече тој денеска на конференција во Баварија, пренесува ДПА. Тој предвидува мал број случаи, но не […]

Јелен: Европа треба да ја намали зависноста од руски енергенси без да ги зголеми цените во светот


Европската забрана за увоз на руски гас и нафта носи ризик од зголемување на цените на енергенсите во светот, предупреди денеска американската секретарка за финансии Џeнет Јелен и ја повика Европа да ја намали својата зависност без „казнување на целата планета“. – Треба да бидеме внимателни со целосната европска забрана за увоз на нафта, рече […]

„Банката на Америка“ од наредната година ќе издава само картички од рециклирана пластика


Мултинационалната инвестициска „Банка на Америка“ денеска најави дека од наредната година почнува со замена на сите кредитни и дебитни картички за нови изработени од најмалку 80 проценти рециклирана пластика. Тоа е првата поголема банка во САД што најави таков потег за целото свое портфолио на дебитни и кредитни картички. „Тоа ќе помогне за намалување на […]

Цените на нафтата над 108 долари, во фокус намалените испораки од Русија и Либија


Цените на нафтата денеска се искачија над 108 долари на меѓународните пазари, откако разговорите во ЕУ за забрана на увозот на руска нафта и прекините во снабдувањето од Либија ја засенија загриженоста за економскиот раст и побарувачката за енергенси. На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 1,58 долари во однос на претходното затворање и […]

Еврообврзницата е скапа, од 4,5 до 5,5 проценти, Македонија се врти кон ММФ за заем со еден отсто камата


Со еден отсто камата ќе биде заемот што земјава го бара од ММФ, но деталите за неговото искористување допрва ќе се дефинираат. Парите од задолжувањето ќе се користат за поддршка на Буџетот, рече министерот за финансии Фатмир Бесими. Според Бесими, оваа каматна стапка е значително пониска од онаа што моментно може да изнесува за еврообврзница […]

Данска ги укина стипендиите за студирање во Русија и во Белорусија


Данските студенти кои студираат во Русија или во Белорусија повеќе нема да имаат право на дански државни стипендии, одлучи денеска парламентот во Копенхаген. Според данскиот закон, граѓаните на таа земја имаат право на финансиска поддршка за време на нивните студии, без разлика каде се школуваат. Смислата на тој систем е да им се овозможи на […]

(Фото) НАСА на МВС телепортира холограм на доктор


  На сите љубители на научно-фантастичниот серијал „Ѕвездени патеки“ познати им се многу неверојатни постигнувања од иднината поради кои на многумина „лиги им течат“ на – warp drive, кој овозможува патување побрзо од брзината на светлината, холодек, доктор холограм и слично. Колку таквите концепти на напредна технологија да звучат примамливо, изгледаше дека тие ќе можат […]

Со ребалансот на Буџетот нула средства за мебел и возила, повеќе за енергенси


Со ребалансот на Буџетот ќе се кратат средства за мебел и возила, а ќе се додаваат за електрична енергија и енергенси, рече министерот за финансии Фатмир Бесими. Во гостувањето на ТВ Сител, Бесими, кој учествува на Пролетните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон, истакна дека ребалансот ќе биде доставен до Собранието веројатно до […]