(Фото) НАСА на МВС телепортира холограм на доктор


 

На сите љубители на научно-фантастичниот серијал „Ѕвездени патеки“ познати им се многу неверојатни постигнувања од иднината поради кои на многумина „лиги им течат“ на – warp drive, кој овозможува патување побрзо од брзината на светлината, холодек, доктор холограм и слично.

Колку таквите концепти на напредна технологија да звучат примамливо, изгледаше дека тие ќе можат да се раализираат (ако и воопшто дојде до тоа) во далечната иднина. Но, изгледа НАСА неодамна го направи првиот чекор во таа насока – на Меѓународната вселенска станица прати холограм на лекар.

Директна комуникација со лекарите

Благодарение на технологијата за телепортација на „Микрософт“, која на корисниците им овозможува интеракција со 3Д прикази на учесниците од оддалечена локација, вселенската агенција во октомври лани, успеа на МВС да го „телепортира“ хирургот Џозеф Шмит.

„Се работи за потполно нов начин на човечка комуникација на големи далечини, за нови можности за истражување со кои нашиот идентитет може да отпатува од планетата“, вели Шмит.

За разлика од традиционалните холографски проекции кои изгледаат како да лебдат во воздух, во текот на холопортацијата се користи Ви-ар опрема со технологија HoloLens за корисникот да може во реално време да перципира и комуницира со лицето кои се наоѓа на оддалечена локација.

Во овој случај астронаут од Европската вселенска агенција Томас Паске, кој инаку на МВС носеше Ви-ар опрема, можеше директно да комуницира со Шмит и членовите на неговиот медицински тим, пишува Science Alert.

Технологијата на холопортација

Иако „Мајкрософт“ развива технологија на холопортација веќе неколку години, таа никогаш претходно не се користела за нешто толку амбициозно како што е поврзување на медицински стручњаци со астронаутите во вселената.

Но, таква можност би можела да биде од голема важност за идните мисии за истражување на вселената. Имено, по тој пат научниците можеа во реално време виртуелно да комуницираат со 3Д прикази на стручњаци од Земјата и всленските станици или од други вселенски летала, со што би се постигнала многу поефикасна соработка од стандардните 2Д видеоповици.

„НИе не бевме физички таму, но таму дефинитивно беше нашиот човечки идентитет. Замислете дека пред себе може да го створите најдобриот стручњак или оператор за некоја сложена технологија“ вели Шмит.

Следниот чекор во еволуцијата на технологија е да се овозможи целосно двонасочна холопортациска интеракција.

Во текот на овој експеримент само Паске носел Ви-ар опрема која му овозможила другите учесници да ги перцепира како дигитални 3Д холограми затоа што Шмит и неговите колеги не носеле такви уреди. Но, ако во иднина сите учесници ја користат оваа опрема, може да се оствари неверојатно поучна и делотворна комуникација.