Дмитро Кулеба до Бугарите: „Доста бевте во средината, време е да донесете одлука“

Украинскиот министер во Софија ги праша Бугарите како може да ги нарекуваат браќа луѓето кои изврши толку страшни злосторства во Украина


Дмитро Кулеба во бугарскиот парламент

 

Украинскиот министер за надворешни работи два пати во дена им префрли на бугарските власти среде Софија дека нивното однесување кон руската инвазија е амбивалентно, не може подеднакво да се биде кон двете страни – и кон агересорот и кон жртвата.

„Како можете да ги сметате браќата за луѓе кои убиваат на овој начин? Како ги сметате за браќа луѓето кои го прават тоа во пресрет на светлите празници? Значи, драги Бугари, животот е тежок, времињата се тешки, но не можете секогаш да бидете во средината.Дојде време да донесете одлука“, рече денеска министерот Дмитро Кулеба.

Кулеба официјално ги повика бугарските власти да ѝ пружат помош во оружје на Украина и дека денеска очекува јасен одговор. Бугарското собрание треба да одлучува за помошта во оружје. Вчера парламентарната комисија која го разгледуваше ова прашање препорача да има само техничка помош од Бугарија, која исклучува испраќање оружје и муниција туку обезбедува шлемови и панцири.

„Секој кој наоѓа навидум рационални изговори да не ѝ помогне на Украина, му помага на агресорот, а сега сите оние кои се декларираат како принципиелни треба да застанат на страната на жртвата во конфликтот“, рече Кулеба, кој присуствуваше на отворањето на изложбата на фотографии. „Стоп за руската агресија против Украина“ во европското катче на собранието.

Владејачката коалиција во Софија со недели не успева да донесе одлука за воена помош, а Бугарија и Унгарија остануваат единствените земји во ЕУ и НАТО кои не помагаат во одбраната на Украина.

Кулеба ја иронизираше помошта што Бугарија сака да ја даде во шлемови и панцири, велејќи дека барем ќе умреле заштитени.„Важно е да имате панцир и шлем за време на војна. Но, да бидеме сериозни, ако имате панцир и шлем и немате оружје, вие сте изгубени. Значи оваа половична мерка е политички коректна, но пораката е: Можеш да умреш заштитен“, истакна Кулеба.

„Се надевам дека овие фотографии ќе им помогнат на некои ваши политичари – не само од парламентот, туку и од владата: да ги погледнат овие луѓе и да замислат за секунда што се случува во мојата земја и конечно да ја донесат вистинската одлука.“ додаде тој.

Кулеба рече дека дошол во Софија за да добие јасен одговор на барањата што ги поставил и при тоа ги отфрли двата главни политички аргументи против воената помош – дека Бугарија на то начин не помага да дојде побрзо до мир и дека не треба дополнително да го разгорува конфликтот,како што велат во Софија меѓу два братски народи.

„Најдобар начин да се помогне на мирот е да и се помогне на Украина – инаку Русија ќе изврши повеќе злосторства и убиства и ќе уништи повеќе домови. Говорејќи во предвечерието на Велигден, како можете да ги сметате убијците за ваши браќа“, рече Дмитро Кулеба.