Eurovision House Party: Комплименти и високи надежи за „Circles“ и Андреа

Евровизиските фанови одлично ја прифатија Андреа на промотивните концерти, но позитивните коментари кулминираа по објавата на видеото за Eurovision House Party


По одличниот одзив на карантинските евровизиски концерти изминатите години, продуцентите на шоуто Евровизија го задржаа концептот и годинава, со наслов Eurovision House Party. Традицијата ја продолжуваат овогодинешните претставници, како нашата Андреа, која за евровизиските фанови сними две песни изведени во домашна атмосфера заедно со Рената Кралевска и Ана Петановска, девојките кои ќе бидат нејзино вокално засилување на сцената во Торино.

Се разбира, дел од репертоарот беше песната со која Андреа ќе ја претставува земјата во  Италија – „Circles“ , но наскоро се очекува и второто видео на кое нашата претставничка ќе ја изненади публиката со изведба на својата омилена евровизиска тема, кој можеби е и најпопуларната победничка песна на фестивалот.

Евровизиските фанови одлично ја прифатија Андреа на промотивните концерти, но позитивните коментари кулминираа по објавата на видеото за Eurovision House Party. Доминираат коментарите во кои се зборува дека Андреа и песната „Circles“ се многу потценети и се типува на големо изненадување за Македонија на 12 мај. (МРТ)