СДСМ пак бара оставка на Мицкоски поради плацевите на Груевски


  И во денешното соопштение владејачката СДСМ бара Христијан Мицкоски да поднесе оставка, откако пресудите за случајот „Плацеви на Водно“ уште еднаш потврдиле дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија.   „Во предметот ‘Плацеви на Водно’, избеганиот Никола Груевски практично ја ограбил и ВМРО-ДПМНЕ. Парите ги перел со ‘Белизе шеми’ и други криминални начини за да купи […]

Отворен Македонскиот павилјон во Венеција со „Пејзажно искуство“на Јанкулоски и Мотеска


Во објектот „Скуола деи Ланери“, во присуство на многубројни гости, во Венеција свечено беше презентиран официјалниот претставник на Република Северна Македонија на 59. издание на Венециското биенале за ликовна уметност, проектот „Пејзажно искуство“ (Landscape Experience) од Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска. На претставувањето на проектот се обратија министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и директорката на Националната галерија на Северна Македонија, […]

Претпладне облачно со дожд, попладне сончево и потопло


Времето претпладне ќе биде променливо облачно со локален дожд. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат од 4 до 9 степени, а дневните од 13 […]

Зеленски предупреди дека Русија гледа други земји за освојување по Украина


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот рече дека сојузниците конечно го испорачуваат оружјето што Киев го побара, додавајќи дека оружјето ќе помогне да се спасат животите на илјадници луѓе. Во видео-обраќањето доцна во ноќта, Зеленски исто така рече дека коментарите претходно во текот на денот на руски командант за потребата од поврзување со Молдавија […]

Украинците сега имаат повеќе тенкови на боиштето од Русите


  Благодарение на дарежливите пратки од голем број европски земји, Украина моментално има повеќе тенкови на своето бојно поле отколку руските вооружени сили, тврди Пентагон. Според британски „Телеграф“, на два месеци по почетокот на инвазијата, експертите тврдат дека предноста на Русија во основа се стопила, поради испораката на советските тенкови „Т-72“ донирани на Киев од […]

Една жртва во земјотресот во Босна и Херцеговина


  Во силниот земјотрес што синоќа го погоди поширокото подрачје на Херцеговина загина едно лице. Настрада Елмира Сефо од Столац. Земјотресот, кој најмногу ја потресе Херцеговина, а беше почувствуван низ цела Босна и Далмација, беше со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала. Босанските медиуми јавуваат дека најлошо било во Столац, каде паднала карпа врз […]

И утре да заврши војната импликациите ќе траат, вели Бесими


  Во првиот квартал, реално имавме инфлација од 7,7%. Генерално, во овој период се работи за увезена инфлација и многу ќе зависи како ќе се движат цените на европските пазари и како тоа ќе се преслика и кај нас. Преземаме мерки за да го ублажиме тој ефект и тие веќе даваат резултати, вели за Гласот […]

Кирил Петков ќе ја носи целата коалиција во Киев за да ја спаси владата


  Бугарска делегација со претставници на четирите партии од коалицијата во наредните денови заминува за Киев за да донесе евентуална одлука за воена помош. Ова во петокот вечерта пред телевизија Нова го соопшти премиерот Кирил Петков, откако тој и неговата партија Продолжуваме со промената ден претходно одбија да учествуваат во конфликтот меѓу БСП и Демократска […]

Русија ќе увезува „ајфони“ и автомобили без дозвола на производителите


  Министерството за индустрија и трговија на Руската Федерација подготви список на производи кои се предлагаат да се увезат во Русија како дел од паралелниот увоз, односно без дозвола на носителот на авторските права. Ова го пренесуваат „Известија“ и Интерфакс, повикувајќи се на примерок од налогот на Министерството за индустрија и трговија. „Известија“ пишува дека […]

Почувствуван земјотрес во Скопје, ја затресе БиХ со 5,7 степени


Велерва, во 23.07 часот беше почувствуван земјотрес во Скопје, а  жителите на главниот град, особено оние кои живеат на повисоките катови на социјалните мрежи постираат видеа од разнишани лустери.  Земјотресот што го почувствуваа скопјани, најверојатно беше со епицентар во Херцеговина. Односно, во близина на Мостар и Требиње. Според првичните информации земјотресот бил со јачина од […]

Додека трае битката за Донбас, Русија и Украина тивко преговараат


  Помина речиси еден месец од последната рунда мировни преговори меѓу Русија и Украина во Истанбул. Се чинеше дека оттогаш разговорите се ефективно замрзнати – особено по заземањето на Мариупол од руските сили и ослободувањето на регионот Киев, по што светот дозна за масакрите извршени од руската војска. Сепак, на 22 април, шефот на руската […]

Мазари: Пожарот не претставува опасност за викенд населбата Елен Камен


Не постои опасност од зафаќање на викенд населбата Елен Камен од пламените јазици од пожарот што попладнево ја зафати шумата над патот кон струшкото село Радожда, информира за МИА командирот на територијалната против пожарна единица – Струга Фети Мазари. Според него, викендиците се на два километра оддалеченост, а ветрот дува во спротивен правец и го […]

Децата во САД најмногу умираат од огнено оружје


  Пред 2020 година, водечка причина за смртноста кај децата во САД беа автомобилските несреќи, но сега ситуацијата е поинаква и дојде до огромно зголемување на бројот починати деца од употреба на огнено оружје. Податоците од Центарот за контрола и превенција од болести ЦДЦ покажуваат дека повеќе од 4.300 млади Американци починале од повреди здобиени […]

Волстрит нагло падна по коментарите на претседателот на американската централна банка Џером Пауел


Цените на акциите остро паднаа на Волстрит во четвртокот, откако претседателот на американската централна банка Џером Пауел најави агресивно зголемување на каматните стапки за да се ограничи инфлацијата. Dow Jones се намали за 368 поени, или 1,05 отсто, на 34.792 поени, додека S&P 500 се лизна за 1,48 отсто, на 4.393 поени, а индексот Nasdaq […]

Голем чекор напред во случајот со исчезнатата Медлин МекКен, родителите излегоа со специјално соопштение


Осудениот силувач Кристијан Брукнер стана за португалското правосудство и официјално осомничен во случајот со исчезнувањето на Медлин МекКан. 44-годишникот беше прогласен за осомничен за киднапирање на девојче во 2020 година од германските обвинители. Но, оттогаш не е покренато обвинение. Сега португалското правосудство го идентификуваше како главен осомничен. Обвинение се уште не е покренато, но ова […]

Бундесбанк: Забраната за увоз на руски енергенси може да ја турне Германија во рецесија


Целосната забрана за увоз на руски енергенси може да ја турне германската економија во рецесија, предупреди денеска Централната банка, истакнувајќи дека ќе биде особено тешко да се најде замена за рускиот гас. „Во сценарио кое предвидува засилување на кризата, реалниот бруто-домашен производ би паднал за нешто помалку од два отсто во споредба со 2021 година“, […]

Хамилтон сака да го купи „Челзи“


Седумкратниот светски првак во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, потврди денеска дека сака да учествува во купување на лондонскиот премиерлигаш „Челзи“. – Да, баш би сакал, рече Хамилтон, одговарајќи на новинарско прашање дали сака да го купи клубот. На дополнителното прашање – „Значи вистина е?“, Хамилтон одговори: „Да“. Возачот на Мекларен заедно со легендарната американска […]

Завршен увидот, не се пронајдени бомби во Арена центарот во Загреб


По проверка на Арена центарот во Загреб не е пронајдена експлозивна направа, а полицијата ги продолжува активностите поврзани со пријавата на овој случај, соопштуваат од полицијата. -Противексплозивниот увид е завршен, негативен. Продолжуваме со работа за утврдување на сите околности, велат за Хина од полицијата. Денеска Арена центарот беше евакуиран по дојава за бомби.

Голем пожар над Елен Камен во Струга


Голем пожар попладнево избувнал во шумата над Елен Камен во Струга, над патот за Радожда. Според информации од очевидци на местото на настанот огнот многу бргу се шири поради силниот ветер, јавува Сител. Локалните жители стравуваат дека може да бидат зафатени и куќите.  Во моментов на терен работат екипи на против пожарната бригада, но како […]

Велика Британија одобри плаќања за рускиот гас преку Гаспромбанк до крајот на мај


Велика Британија овозможи до крајот на мај плаќање на гас наменет за Европската унија во трансакциите со руската Гаспромбанк и нејзините подружници, се наведува во документот на Министерството за финансии. Дозволата им овозможува на физичките и правните лица да продолжат со плаќањата според договори кои почнале до 21 април и активности како што се отворање […]