Завршен увидот, не се пронајдени бомби во Арена центарот во Загреб


По проверка на Арена центарот во Загреб не е пронајдена експлозивна направа, а полицијата ги продолжува активностите поврзани со пријавата на овој случај, соопштуваат од полицијата.

-Противексплозивниот увид е завршен, негативен. Продолжуваме со работа за утврдување на сите околности, велат за Хина од полицијата.

Денеска Арена центарот беше евакуиран по дојава за бомби.