Децата во САД најмногу умираат од огнено оружје


 

Пред 2020 година, водечка причина за смртноста кај децата во САД беа автомобилските несреќи, но сега ситуацијата е поинаква и дојде до огромно зголемување на бројот починати деца од употреба на огнено оружје.

Податоците од Центарот за контрола и превенција од болести ЦДЦ покажуваат дека повеќе од 4.300 млади Американци починале од повреди здобиени од огнено оружје.

Додека самоубиствата допринесоа во вкупниот број случаи, податоците покажуваат дека убиствата ја чинат главнината на смртни случаи поврзани со оружје.

Повеќе од 390 милиони парчиња оружје има во сопственост на цивили во Америка.

Според истражувањето кое е објавено неделва во магазинот New England Journal of Medicine, порастот на смртни случаи поврзани со оружје меѓу Американците на возраст од 1 до 19 години бил дел од вкупното зголемување на убиства со огнено оружје во целата земја од 33,4 отсто.

Во истиот период, стапката на замоубиства со огнено оружје во САД пораснала за 1,1 отсто.

Вкупната стапка на смртни случаи од огнено оружје од секакви причини, самоубиства и убиства, меѓу децата и тинејџерите пораснала за 29,5 отсто, што е двојно повеќе отколку во останатите општествени стратуми.

Стапката на смртни случаи поврзани со огнено оружје на 100.000 жители пораснала и кај мажите и кај жените како и во сите етнички демографски категории межу 2019 и 2020 година.

Изминатите години смртните случаи предизвикани од оружје биле на второ место по автомобилските несреќи како водечка причина за смртност кај младите Американци. Мо. бројот на смртни случаи во авотомобили со време опадна и во 2020 година околу 3.900 Американци помлади од 19 години починале во сообраќајни незгоди.

Инциденти со предозирање до дрога пораснале за 83,6 отсто межу 2019 и 2020 година и сега се трета водечка причина за смрт кај таа старосна група.

Бројот на смртни случаи предизвикани од насилство во САД се зголеми од почетокот на пандемијата со корона вирус.