Франција не предвидува прекин во снабдувањето со руски гас поради плаќањето во рубли


Барањето на Москва за плаќање на нејзиниот гас во рубли не треба да предизвика прекин во испораките, изјави денеска француската министерка за еколошка транзиција Барбара Помпили, јави дописникот на МИА од Париз. – Информациите што ги добивме од Москва во последните денови и часови имаат тенденција да нè наведат да веруваме дека компаниите ќе можат […]

Конкурс за награди за иновации за граѓани од Западен Балкан


Советот за регионална соработка (РСС) распиша денеска Конкурс за награди за иновации, наречени „Иновација Пеперутка“, за учесници од Западен Балкан во висина од 30.000 евра. Учесниците може да пријават иновации во шест категории, а победниците од секоја категорија ќе добијат награда од по 5.000 евра. Учесниците може да пријават најмногу по две иновации во една […]

Во Осло промовирана Македонско – норвешка трговска комора


Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска во рамки на официјалната посета на Кралството Норвешка, ја инаугурираше Македонско – норвешката трговска комора. Како што соопшти МНР, на настанот присуствуваа повеќе реномирани норвешки компании кои имаат отворени бизнис релации со Република Северна Македонија, меѓу кои Normak, Innovation Norge, Pemco, Norske Solar, Exco, Sparpark, SM Enterprenour/Recover. Исто […]

Нови 201 случаи на Ковид-19, починаa петмина


Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа од направени 1986 тестови регистрирани се 201 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 249 пациенти, а починати се две лица. Во Скопје регистрирани се 111 заболени со Ковид-19, Битола 27, Кавадарци 19, Прилеп седум, Куманово, Кичево и Кочани по […]

Пад на заработувачката на германските екипи


Приходите на клубовите во Бундеслигата во сезоната 2020/21 опаднале за повеќе од 8,5 отсто, од 3,8 милијарди евра на 3,47 милијарди и тоа откако поради пандемијата на коронавирусот многу натпревари беа одиграни пред празни трибини, објави денеска Германската фудбалска лига (ДФЛ). Во декември 2020 година ДФЛ прогнозираше пад на приходите од околу една милијарда евра за сезоната […]

Завршени расправите по предлог-законите за платежни услуги и платни системи и за спречување перење пари и финансирање тероризам


Во Собранието денеска во рамки на 66-та собраниска седница беа завршени расправите за Предлог-законот за платежни услуги и платни системи, за кој дополнително ќе се гласа, како и за Предлог-законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, што преминува на второ читање. Во однос на Предлог-законот за платежни услуги и платни системи, претениците од […]

Повик за полагање приемен испит за Математичко-информатичката гимназија


Министерството за образование и наука објави повик за полагање приемен испит на учениците кои се заинтересирани за запишување во Математичко-информатичката гимназија (МИГ) во учебната 2022/2023 година. За прием во МИГ учениците треба да полагаат два предмета – математика на 1 јуни  и физика на 3 јуни 2022 гдина. Двата испита (писмено проверување по предметите) ќе бидат со почеток […]

Анѓушев: Инвеститорите на фотоволтаици за сопствени потреби да се охрабрат, тие за продажба на струја да бидат повнимателни


Инвеститорите на фотоволтаици за сопствени потреби треба да се охрабрат, а оние што инвестираат за продажба на струја да бидат повнимателни. И едните и другите да ги следат процедурите за реализација на инвестицијата, изјави денеска Кочо Анѓушев, заменик-претседател на Стопанската комора на Северна Македонија и претседател на Македонската енергетска асоцијација (МЕА). Според Анѓушев, во услови […]

Три училишта во Подгорица евакуирани поради дојава за бомба


Три училишта во Подгорица и едно во Бијело Поље денеска се евакуирани поради дојава за подметнати експлозивни направи. За дојавите за експлозивни направи во школите соопшти црногорското Министерство за образование и наука.  „По дојавата за бомба во некои училишта, директорите на училиштата ги презедоа сите неопходни мерки и децата се безбедни, објави РТЦГ. Од полицијата […]

„Брако“ и „Грин Машинс“ во јуни на престижните саеми во Минхен и Диселдорф


„Брако“ со свој штанд ќе им се придружи на најдобрите производители на жица и жичани производи на саемот „Wire“ “ во Диселдорф, кој под слоганот „Join the best“ ,ќе се одржи од 20 до 24 јуни оваа година. Свое присуство во Messe Dusseldorf имаат потврдено повеќе од 1.300 изложувачи од целиот свет кои на простор […]

ЕСМ во 2022 година ќе произведе 3.736 гигават часови електрична енергија


АД ЕСМ согласно планот за производство минатата година требаше да произведе 3.530 гигават часови електрична енергија, но ја завршивме годината со 3.263, односно минус 216 гигават часови, коишто се резултат на хаваријата на Блок 3 во РЕК „Битола“ и неговото неработење во декември. За 2022 година планот за производството е зголемен за 20 проценти и […]

Германија го проучува декретот на Кремљ за плаќања  во рубли


Германската влада соопшти денеска дека го „испитува“ декретот на Кремљ дека плаќањата за рускиот гас сега мора да се вршат во рубљи, што ги зголеми стравувањата дека испораките ќе бидат прекинати. Берлин и западните партнери инсистираат на тоа дека нивните договори со руски компании јасно наведуваат дека нивните плаќања може да се вршат исклучиво во […]

УНЕСКО: Поради војната во Украина, загрозено светското наследство


Десетици вредни цркви, историски локалитети и музеи се оштетени во војната во Украина, а особено загрижувачка е ситуацијата во северниот град Чернихив, соопшти УНЕСКО. Минатиот месец, УНЕСКО ги засили мерките за заштита на загрозените културни богатства на Украина со користење на знакот „Син штит“ за обележување на културните места и споменици. „Многу сме загрижени за […]

САДУ испрати покана за средба со синдикатот на УПОЗ за усогласување на нивните барања


По објавата на синдикатот на УПОЗ, за организирање на предупредувачки протест следната недела за изразување на незадоволство од Владата поради непристапување кон покачување на платите во јавниот сектор, Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија (САДУ) кој ги здружува работниците од истата дејност, испративме покана за средба со синдикатот на УПОЗ со цел усогласување […]

Европол испрати тимови во земјите кои граничат со Украина


Европол денеска објави дека испратила тимови во земјите што граничат со Украина во обид да ги заштити бегалците и да спречи влез на криминалци и терористи во Унијата. Агенцијата со седиште во Хаг соопшти дека нејзините тимови ги поддржуваат локалните власти со спроведување секундарни безбедносни проверки и обиди да „идентификуваат криминалци и терористи кои се […]

Со пари од Швајцарија се чистат реките во Полошкиот регион за превенција од поплави


Во центарот на општинскиот центар Боговиње започнаа градежни работи за санација на 1,2 километри дел од Боговињска река, дел од проектот со странски донации за подобрување на отпорноста од поплави во Полошкиот регион. Чистење на речните корита и нивна санација ќе се прави во сите девет полошки општини, при што целта е управување на ризиците, […]

Од јуни ќе има блок тарифи за потрошената струја, оние што трошат повеќе ќе плаќаат поскапо


Осумдесет отсто од фактурите на нашите домаќинства и мали потрошувачи се субвенционираат преку АД ЕСМ со утврдената цена на електричната енергија од 41 евро за мегават час од страна на Владата, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши. – Производствените цени, а и цените на електричната енергија на светските берзи се 10 пати поголеми во […]

Американскиот пасош ќе има родово неутрална опција


  Американските државјани наскоро ќе можат да одберат и родово неутрална X опција на своите пасоши. Новата родова опција, односно родово неутралната категорија, ќе биде воведена на 11 април, потврдија американските власти. Опцијата X ќе биде достапна и за другите документи од следната година, најави американскиот државен секретар Ентони Блинкен. „По внимателно разгледување и истражување […]

Можно е Грција да го продолжи времетраењето на сертификатите согласно препораките од ЕУ


Веројатно е времетраењето на сертификатите за вакцинација и прележан Ковид-19 во Грција што сега е седум, односно три месеци, да се усогласи со времетраењето на европските сертификати, по препораката од Европската комисија до членките на ЕУ, најави министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, јави дописничката на МИА од Атина. Во интервју за грчката телевизија […]

Хороскоп за викендот од 1 до 4 април 2022 година!


ОВЕН Со Сонцето, Меркур, Хирон, Палас и младата Месечина сите во Овен, во вашата прва куќа на личноста, вие сте во мисија да се преиспитате себеси и вашиот живот. Имате сè што ви треба за да ги надминете сите пречки што стојат на патот на животот што сакате да ги создадете за себе и за […]