Нови 201 случаи на Ковид-19, починаa петмина


Фото: Б. Грданоски

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа од направени 1986 тестови регистрирани се 201 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 249 пациенти, а починати се две лица.

Во Скопје регистрирани се 111 заболени со Ковид-19, Битола 27, Кавадарци 19, Прилеп седум, Куманово, Кичево и Кочани по пет, Тетово, Охрид и Гевгелија по тројца, Струмица, Ресен, Крива Паланка и Делчево по двајца и Велес, Гостивар, Радовиш , Дебар и Кратово по еден случај.

Од вкупниот број на позитивни (201), регистрирани се 37 реинфекции.

Регистрирани сe 249 оздравени пациенти од: Скопје 151, Битола и Кавадарци по 14, Тетово 11, Прилеп 9, Куманово 7, Кочани и Охрид по 5, Кичево, Велес, Гостивар и Неготино по 4, Штип 3, Гевгелија, Струмица, Делчево и Пробиштип по 2 и Радовиш, Дебар, Струга ,Свети Николе, Валандово и Богданци по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лице – едно од Куманово (75г) и второто од Тетово (83г). Двете лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени уште три починати лица од Охрид (1), Гостивар (1) и Виница (1), на возраст од 43 години до 76 години. Пријавените лица се починати во период од 21.03.2022 до 26.03.2022 година. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Кај сите пет починати лица се регистрирани коморбидитети.

Направени се 1.986 тестови преку: ИЈЗ-197, ЦЈЗ Скопје-80, ЦЈЗ Битола-79, ЦЈЗ Прилеп-18, ЦЈЗ Тетово-15, ЦЈЗ Куманово-57, лабораторија болница Козле-19, УК Пулмологија со алергологија –6, Институт за микробиологија–3, Жан Митрев (Филип Втори)-45, Авицена-74, Биотек-63, Систина-55, лабораторија Лаор-47, Синлаб-10, Ремедика-12, Плодност-13, Генеа-12, Никоб Лаб-182, ВФВ Медикал-28, Ели Медика Плус-18, Ројал Медика–5, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–7, Нова Лаб Дијагностика–7, Рамус-7 и ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) вкупно 921.

Досега во земјата се направени вкупно 1.964.475 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.178, бројот на оздравени пациенти е 295.237, на починати е 9.226, а бројот на активни случаи изнесува 1.715.