„Фалиш ми“ – Северина сними дует со Азис (видео)


Хрватска– Северина сними песна со бугарската ѕвезда Азис- „Фалиш ми“. Освен песната, интерес во јавноста предизвика и спотот каде регионалната поп-ѕвезда импонира со секси стајлингот, а  шокантна е и промената на Азис, во споредба од пред неколку години. Азис не е толку познат во Хрватска како во Македонија, но хитот со Северина може да му […]

Комерцијална банка ќе започне со исплата на дивиденда на 27 април


Комерцијална банка ќе врши исплата на дивиденда за 2021 година почнувајќи од 27.04.2022 година, соопшти банката во известување до Македонската берза. Право на исплата на дивиденда за 2021 година имаат сите акционери на Комерцијална банка кои се евидентирани во книгата на акции на 14.04.2022 година. Исплатата на дивиденда на правните лица ќе се врши со […]

Победата на Орбан ја згуснува темницата што ја голта Европа


Додека стоев во студена, неутешна толпа во центарот на Будимпешта доцна во неделата навечер, слушајќи го унгарскиот опозициски лидер Петер Марки-Зај како го признава поразот на изборите во земјата, Твитерот на мојот телефон беше исполнет со слики од убиени украински цивили во градот Буча. На некои од нив им беа врзани рацете зад грб. Покрај […]

Скопјанец врбувал лица да се приклучат на Исламска држава


Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против С.И. (30) од Скопје кој преку социјална мрежа повикувал, врбувал и потикнувал лица да се приклучат на Исламска држава и да војуваат […]

Трговците тврдат дека Украина има големи залихи пченица


Украинската влада треба да ги укине дозволите за извоз на пченица бидејќи залихите се многу високи и продажбата нема да ги загрози резервите на храна, соопшти здружението на трговци УГА. Владата во март воведе дозволи за извоз на пченица, пченка и сончоглед, а две недели подоцна ги укина ограничувањата за извоз на пченка и сончогледово […]

Руските сили погодија резервоар со азотна киселина во источна Украина


Руските сили погодија резервоар со азотна киселина во источниот украински град Рубижне, поради што над областа има облак од отровен чад. Локалните власти на Луганск ги предупредија жителите да останат во затворени простории или да носат маска за лице натопена во раствор на натриум. Азотна киселина е многу опасна ако се вдише, голтне или ако […]

Угостителските услуги во март поскапеа 2,7 отсто, за една година 7,1 отсто


Цените на угостителските услуги во март годинава се зголемени за 2,7 отсто во споредба со претходниот месец, а во однос на март 2021 година пораснале за 7,1 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со февруари 2022 година, зголемување на угостителските цени е забележано во групите: Храна за 3,4 отсто, Алкохолни пијалаци […]

Амнести: Руската агресија на Украина е кривично дело сама по себе


По извештаите за очигледни воени злосторства извршени од страна на руските воени сили врз цивилите во Буча, Ањес Каламар, генерален секретар на Амнести интернешенел,  потврди дека извештаите покажуваат поширок модел на воени злосторства, вклучително и вонсудски егзекуции и тортура во други окупирани области на Украина. „Се плашиме дека насилството што го претрпеа цивилите во Буча […]

Министерката за култура на средба со Иницијативата „Аудиција СЕГА!“


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и претставниците на „Аудиција СЕГА!“ на денешната средба се договорија Министерството да формира работна група составена од професори од државни и приватни факултети и академии, членови на СКРМ, националните театри и центрите за култура за изготвување стратегија за отворање на нови работни места, поголема транспарентност и креирање електронска база на […]

Претставата „Мајка“, нова премиера во битолскиот театар


Ансамблот на НУ Народен театар-Битола е подготвен за премерна изведба на пиесата „Мајка“ од Флоријан Зелер во режија на Благој Мицевски. Според режисерот Мицевски претставата се занимава со проблемите на едно семејство за кое на специфичен начин пишува авторот Зелер. – Флоријан Зелер во моментов е еден од најпознатите драмски автори чии претстави се играат […]

Германија спречи затворање на филијала на Гаспром


Германската Влада назначи менаџер на филијалата на руски Гаспром, кој се повлече од сопственоста, за да обезбеди континуитет на снабдувањето, соопшти Министерството за економија во Берлин, повикувајќи се на планираната ликвидација на компанијата. „Гаспром“ минатиот петок соопшти дека се повлекува од сопственичкиот удел во „Гаспром Германија ГМБХ“ и други имоти во Германија, вклучително и „Гаспром Маркетинг и […]

Средношколците бараат бесплатен автобуски и железнички превоз во сите региони од државата


Сојузот на средношколци подготви закон за изменување и дополнување на Законот за средното образование со кои ќе се воведе правилен превоз за сите средношколци на територија на целата држава. Со нашиов предлог сите средношколци ќе го добијат правото на бесплатен автобуски и железнички превоз во сите региони во текот на целата календарска година, истакна претседателот […]

Директор на интернат во Индонезија осуден на смртна казна поради силување на 13 ученички


Индонезија– Индонезискиот висок суд денеска осуди директор на интернат на исламското училиште на смрт поради силување на најмалку 13 ученички во текот на пет години, од кои некои останале бремени. Хари Вираван претходно беше осуден на доживотен затвор, но, обвинителите се жалеа и побараа смртна казна. Директорот на женското училиште во Бандунг, Западна Јава, се […]

Дваесет години затвор за прилепскиот џудо тренер кој обљуби четири девојчиња


Единствена казна затвор од 20 години доби 47 годишниот прилепчанец, џудо тренер Рубин Пеески, обвинет за обљуба на четири девојчиња на кои им бил тренер. Според портпаролот на прилепскиот Основен суд, Жарко Велески, на Пеески му е изречена и забрана за вршење професија, дејност, од 10 години. – Осуден е за две продолжени кривични дела […]

Нови 236 заболени од Ковид-19, нема починати


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.212 тестови, а регистрирани се 236 нови случаи со Ковид-19 и 252 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од 236 новозаболени од Скопје се 125, Битола – 29, Кавадраци – 12, Прилеп и Гевгелија – по 10, Охрид – 9, Ресен – […]

Битката за Словјанск може да ја одлучи оваа фаза од војната во Украина


  По повлекувањето од околината на Киев и Чернихив на север кон Белорусија, руските трупи сега подготвуваат офанзива против источниот град Слoвјанск во обид да се поврзат со другите сили во регионот на Донбас, според најновата проценка на американскиот Институт за проучување на војната (ИСВ). Словјанск е наоѓа блиску до големиот регионален центар Краматорск и […]

Јанакиески доби затвор од 3,5 години за „Топлик“. Досега е осуден на 14 години и три месеци затвор


  Уште една затворска казна за поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески. Во случајот „Топлик“ нему денеска кривичниот суд му одреди 3,5 години затвор. Случајот „Топлик“ се однесува на продажба на градежно земјиште за изградба на резиденцијалната населба Сончев Град во Сопиште. Ова е трета пресуда со затворска казна за Јанакиески, кој беше и функционер […]

На 14 април генерален штрајк на вработените во националната Пошта


Синдикатот на Македонска пошта и Синдикалната организација на А.Д. Пошта на Северна Македонија на 14 април ќе организираат генерален штрајк, поради неисполнување на нивното барање за покачување на платите на вработените во ова претпријатие, во износ од 3.000 денари. Причината за штрајкот, како што посочи на денешната прес-конференција претседателот на Синдикатот на Македонска пошта, Боро […]

Почина Владимир Богоев, новинар и еден од основачите на „Дневник“


Почина Владимир Богоев (61) , новинар и еден од основачите на дневниот весник „Дневник“. Со него, преку социјалните мрежи се прости неговиот син, ексградоначалникот на Карпош, Стефан Богоев. „Си замина мојот татко, а ваш другар и пријател Владимир Богоев. Тажен сум зошто го нема, пресреќен сум зошто го имав во животот“, напиша меѓу дргугото Стефан Богоев. […]

Околу 3,8 милиони Германци никогаш не користеле интернет


 Околу шест отсто од германските државјани на возраст од 16 до 74 години, никогаш не користеле интернет, покажаа официјални податоци објавени денеска, јави ДПА. Заводот за статистика соопшти дека ова одговара на околу 3.8 милиони луѓе, кои никогаш не биле онлајн. Колку постари се луѓето, толку е поголем процентот на оние офлајн: највисок е меѓу […]