ЗЕЛС повикува да се плати данокот на имот


ЗЕЛС ги информира граѓаните дека во општините во тек е постапката за доставување на решенијата за данок на имот и решенијата за комунална такса фирмарина за 2022 година. Во втората половина на месец април, дел од општините ќе спроведуваат и решенијата за забрана на средства во банка блокади за неплатени решенија за 2019 година, односно […]

Мета и Радев побараа меѓународна истрага за Буча


Претседателите на Бугарија и Албанија, Румен Радев и Илир Мета, ја осудија братоубиствената војна во Украина и повикаа на независна меѓународна истрага за злосторствата во Буча. Претседателите на Бугарија и Албанија го поддржаа суверенитетот на Украина и ги осудија варварските злосторства познати на сите и побараа тие да се истражат меѓународно, како и да се […]

Обезбеден е природен гас до крајот на месецов


Обезбеден е природен гас до 15 април, кога завршува грејната сезона во Скопје, а од страна на Макпетрол сме известени дека има договорени и веќе платени количини на природен гас до крајот на април, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Во врска со евентуалното барање на Русија земјава природниот гас да го плаќа во […]

Германија ја зголемува помошта за Молдавија на 40 милиони евра


Германија –  Поради војната во Украина, германското Министерство за економска соработка и развој ќе обезбеди поголема финансиска поддршка на Република Молдавија, изјави во Берлин министерката Свења Шулце, пренесува телевизискиот канал ЗДФ. Германската помош за развој на Молдавија ќе биде зголемена од 35 на 40 милиони евра на краток рок. Меѓу другото, парите ќе бидат искористени за […]

Што значи крилатицата „мечка се жени“?


Кога грее Сонце и истовремено врне дожд, велиме дека „мечка се жени“… Дали е ова поврзано со некоја бајка или басна? Зошто токму – мечка и женидба во оваа изрека кај Македонците? Слични крилатици има и кај околните, но и многу други народи. Бугарите, исто велата мечка се жени. Хрватите велат – „монаси се женат“, […]

„Ако одам во Битола“ во ново руво


„Ако одам во Битола“ најпознатата битолска песна во поновата музичка историја, авторско дело на легендарниот Петар Георгиев – Калица, за многумина е неформална химна на Битола.   Песната била првпат изведена во 1989 година од Октетот Македонија на фестивалот Валандово ‘89. Песната деновиве доживеа ново издание со музички спот кој викендов имаа промоција во Битола. […]

Во Скопје се отвара почесен конзулат на Луксембург


Амбасадорот на Големото Војводство Луксембург за Северна Македонија Филипе Донкел од денеска до четврток ќе престојува во работна посета на земјава. Во рамки на посетата, како што информира Канцеларијата на почесниот конзулат на Големото Војводство Луксембург, амбасадорот Донкел ќе оствари средби со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Димитар Ковачевски и со вицепремиерот задолжен за европски […]

Генерален штрајк утре ќе ја парализира Грција


Двата најголеми грчки синдикати на вработените во јавниот и приватниот сектор за утре закажаа 24-часовен генерален штрајк во Грција што ќе ја парализира земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Синдикатите ќе одржат и протест во центарот на Атина, а штрајкот е против покачувањата на цените, сиромаштијата и нееднаквоста и со барање за зголемување на […]

Само во март Русија има 3,5 милијарди долари помалку приходи од нафта и гас


  Разликата меѓу очекуваните приходи од нафтата и гасот во Русија во март и оние што всушност се добиени во рускиот буџет е 302 милијарди рубли (3,5 милијарди долари), пренесува Интерфакс повикувајќи се на Министерството за финансии на РФ. Претходно беше планирано во март во федералниот буџет да се влеат 790 милијарди рубљи (9,3 милијарди […]

Зеленски: Ќе прифатиме членство во НАТО ако ни го понудат, без разлика на Русија


На Украина и се потребни „сериозни играчи кои се подготвени да одат до крај“ кога станува збор за безбедносните гаранции, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски на државната телевизија. Зеленски рече дека сè уште нема „конкретен список на земји кои се подготвени да бидат 100 проценти посветени на Украина“. Тој додаде дека Украина во моментов преговара за безбедносни гаранции со […]

Нема проблем со производство и со снабдување на масло за јадење, вели Бектеши


Министерот за економија, Крешник Бектеши вели дека на пазарот во земјава нема нема проблем со производство и со снабдување на масло за јадење. „Ние редовно сме во комуникација со производителите на масло за јадење во државата и согласно податоците што ги добиваме од нивна страна тие редовно ги снабдуваат сите трговци на мало со овој […]

Грција предвремено го отплати долгот кон ММФ


Грција предвремено го отплати долгот кон Меѓународниот монетарен фонд, по финансиската помош побарана пред 12 години, а грчкиот премиер и министерот за финансии коментираа дека се затвора едно поглавје што беше отворено во мај 2010 година, јави дописничката на МИА од Атина. – Крај на ерата на ММФ како кредитор на Грција, напиша грчкиот премиер […]

Потопло време утре, в четврток дожд, грмежи и засилен ветер


Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и потопло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта во северозападните делови ќе има локален дожд. Како што соопшти УХМР, утре ќе има преодно стабилизирање на времето со пораст на дневната температура. Минимална […]

„АКТ – Театарот низ фотографии“- промоција на  монографија од Кире Галевски


В петок, во 19 часот на големата сцена, а во рамките на 77. годишнина од постоењето на РСМ НУ Македонски народен театар, ќе се случи промоција на монографијата „АКТ – Театарот низ фотографии” од Кире Галевски. Станува збор за театарски фотографии на дел од претставите изведувани на сцената на МНТ од 1993 година до денес. […]

Кој лаже за Буча?


Официјална Москва ги отфрли обвинувањата за стотици мртви цивили во Буча, тврдејќи дека кога руските сили го напуштиле градот немало тела на улиците, иако градот со недели беше изложен на силни бомбардирања и борби.  Истражувачки тим на „Њујорк Тајмс“ нивните тврдења ги демантираше со сателитски снимки направени многу пред повлекувањето на руските војници на кои […]

Плоштадите на 16 милионскиот Истанбул заблескаа со новите „Грин Машинс“ од Велес


По испораките  во Египет, Франција, САД, Англија и Јужна Кореја, „Грин Машинс“ од Велес продолжи да ги зацврстува своите позиции на пазарот во Турција. Овој пат и најголемиот град во Турција, Истанбул, грижата за одржувањето на хигиената на своите улици и плоштади им ја довери на возилата „Грин Машинс“ од Велес . И градоначалникот на […]

Обама се враќа во Белата куќа за да го брани законот за здравствена заштита со Бајден


САД- Поранешниот претседател Барак Обама ќе се врати во Белата куќа во вторник за прв пат откако ја напушти функцијата во 2017 година за да ги брани придобивките од неговиот потпишан закон за здравствена заштита и да му понуди поддршка на својот пријател и поранешен партнер во управувањето, претседателот Џо Бајден. Обама останува популарна фигура […]

Зголемена сообраќајната безбедност на улиците „Јустинијан Први“ и „Народни херои“


По барање на граѓаните, екипите на ЈП “Улици и патишта”- Скопје по налог на Град Скопје, во текот на изминативе денови ги поставија новите платоа за намалување на брзината на движење на возилата на две улици во општина Кисела Вода. На улица „Јустинијан Први“ во близина на ОУ „Климент Охридски” и на улица „Народни херои“ […]

Општина Центар поднесе жалба за одземањето на правото на користење на државно земјиште кај зградата „Тифани“


Во насока на заштита на јавниот простор и државното неизградено земјиште, а по Решението за одземање на правото на користење на државното земјиште на катастарската парцела КП 11843/2, близу зградата „Тифани“, во надлежност на Општина Центар, од страна на Управата за имотно-правни работи, Подрачно одделение за првостепена управна постапка во Центар-Скопје, Ве информираме дека градоначалникот […]