„Фалиш ми“ – Северина сними дует со Азис (видео)


Хрватска– Северина сними песна со бугарската ѕвезда Азис- „Фалиш ми“.

Освен песната, интерес во јавноста предизвика и спотот каде регионалната поп-ѕвезда импонира со секси стајлингот, а  шокантна е и промената на Азис, во споредба од пред неколку години.

Азис не е толку познат во Хрватска како во Македонија, но хитот со Северина може да му го отвори патот на фановите во Хрватска. Вистинско име му е Васил Тројанов Бојанов, а 44-годишниот Азис долги години е на бугарската сцена. Пред пет години, Њујорк Тајмс го рангираше меѓу 25-те музичари кои носат трендови во светот на музиката, а сето тоа благодарение на песната „Хабиби“, која беше голем хит во Бугарија.

Тој се проби на музичката сцена во 1990-тите, а иако живееше со семејството во Германија, ја освои публиката од својата земја и пееше на бугарски. Азис е роден во бугарски женски затвор, каде што неговата мајка била затворена поради продажба на увезена облека пред падот на комунизмот.

На почетокот на кариерата на сцената се појави во женски костими со што се прослави, а неодамна за српските медиуми истакна дека оваа фаза е долго зад него. Тој не крие дека отишол под нож и дека направил неколку естетски зафати, а пресадил и коса на градите за да биде што мажествено.

Тој отворено призна дека е геј и редовно споделува детали од својот живот со сопругата на социјалните мрежи.