Астрономски календар


Денеска е среда, 16 март 2022 година, 75-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 290 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 46 минути, а ќе зајде во 17 часот и 39 минути. Денов трае 11 часа и 53 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее […]

Украина гледа простор за компромис додека 20.000 луѓе го напуштија Мариупол


  КИЕВ – Украина соопшти дека видела можен простор за компромис во вторникот во разговорите со Русија, додека московските сили го засилија бомбардирањето на Киев, а околу 20.000 цивили побегнале од очајно опкружениот пристанишен град Мариупол по хуманитарен коридор. Брзите случувања на дипломатскиот фронт и на теренот се случија на 20-тиот ден од инвазијата на […]

Бајден доаѓа во Европа идната недела на „итен самит“ на НАТО


  Претседателот Џо Бајден ќе отпатува за Брисел, Белгија, подоцна овој месец за да се сретне со лидерите на НАТО, објави во вторникот прес-секретарот на Белата куќа Џен Псаки. Бајден ќе учествува на 24 март на „вонреден самит“ свикан од генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, изјави Псаки за новинарите на нејзиниот брифинг со новинарите […]

Зеленски се сретна во Киев со тројцата европски премиери


  По патувањето со воз премиерите на Полска, Чешка и Словенија вечерва во опсадениот од руските сили Киев се сретнаа со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зеленски им рече на политичарите од ЕУ дека го цени нивниот гест. „Вашата посета на Киев во толку тешко време е силен доказ за поддршка“ им рече Зеленски на Матеуш […]

Мицкоски вели дека Борел зборувал како да врти стара плоча


  Лидерот на опозицијата вечерва ја оцени изјавата на шефот на европската дипломатија во Скопје дека не може да ни вети датум „но можам да ви ветам волја“ како повторување на стари изјави „како расипана плоча“. Зборувајќи во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 Христијан Мицкоски рече:    „На времето кога доаѓаа Хан и неговите […]

Со камерманот загина и продуцентот на Фокс њуз


  Двајца новинари на Фокс њуз – продуцентката Олександра Кувшинова и снимателот Пјер Закржевски – беа убиени во нападот надвор од Киев, во кој беше ранет дописникот Бенџамин Хол, потврдија во вторникот американската мрежа и нејзините новинари. Фокс њуз во соопштение само ја објави смртта на Закржевски, државјанин на Ирска. Украинските власти и новинарите на […]

Владата го разреши Ване Цветанов од функцијата директор на Советот за унапредување и надзор на ревизијата


Ване Цветанов е разрешен од функцијата директор на Советот за унапредување и надзор на ревизијата, потврдија од Владата. Освен незадоволство од неговата работа, за разрешувањето влијаел и скандалот со неговата сопруга Дунавка, која ја ангажирал волонтерски да му помага, бидејќи само во нејзе имал доверба. Цветанов тогаш потенцираше дека за ангажманот не ја плаќа ниту […]

Русија дефинитивно го напушти Советот на Европа


  Русија ги прекинува врските со Советот на Европа, се вели во денешното соопштение на руското Министерство за надворешни работи. „Државите на НАТО и Европската унија, злоупотребувајќи го своето мнозинство во Советот на Европа, постојано ја претвораат оваа организација во инструмент на антируската политика, одбивајќи еднаков дијалог и сите принципи врз кои е создадена оваа […]

МКЦК: Повеќе од 100 автобуси со неколку илјади цивили го напуштија украинскиот град Суми


 Повеќе од 100 автобуси со неколку илјади цивили го напуштија опколениот град Суми во североисточна Украина во операција „безбеден премин“, соопшти Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК). „Автобусите со ознаки на МКЦК се упатуваат кон градот Лубни во централна Украина, но можеби нема да можат да ја користат директната рута“, изјави портпаролот на МКЦК, Џејсон […]

Словачка одобри распоредување странски војници на НАТО во земјата


Словачкиот парламент одобри распоредување странски војници на НАТО во земјата, чиј број може да достигне 2.100. „Прво, ќе биде распоредена единицата ‘Засилено прогресивно присуство’ на НАТО, со околу 1.200 луѓе кои доаѓаат од Чешка, Германија, Холандија, САД, Полска и Словенија“, изјави министерот за одбрана Јарослав Наѓ. Тој рече дека дополнително ќе биде распореден и системот […]

Земјите од ЕУ издвоија 10.000 болнички кревети за Украинците


Земјите од Европската унија издвоија повеќе од 10.000 болнички кревети за Украинците, додека Франција е подготвена да ги прими своите први пациенти до крајот на неделата, изјавија денеска во Париз европската комесарка за здравство Стела Киријакидес и францускиот министер за здравство Оливие Веран. „Одвоивме повеќе од 10.000 кревети во болниците во земјите-членки за да ги […]

„CAS“ ја потврди забраната на УЕФА за учество на руски тимови на турнирите на организацијата


Швајцарија – Судот за спортска арбитража (CAS) ја потврди забраната на УЕФА за учество на руски клубови на турнири под покровителство на организацијата. Иако ова е привремена пресуда, целосното рочиште треба да се одржи во наредните недели. Рускиот фудбалски сојуз (РФС) реагираше на одлуката на CAS да ја потврди забраната на УЕФА за отстранување на руските […]

Владата ги задолжи институциите да штедат – нема пари за мебел и возила


  Владата на Република Северна Македонија на денешната 28-ма седница усвои антикризни мерки за рационализација на трошоци во јавниот сектор. Со овие мерки сите буџетски корисници и единки корисници се задолжени да ги намалат расходите за стоки и услуги за 10% и да достават соодветен предлог за рационализација на трошоците до Министерството за финансии најдоцна […]

ЕУ воведе санкции за Роман Абрамович


Белгија– Европската унија воведе санкции за сопственикот на англискиот фудбалски клуб Челзи, рускиот олигарх Роман Абрамович, како дел од новиот пакет казнени мерки против Русија. ЕУ го додаде 55-годишниот Абрамович на ажурираната листа на поединци чии средства се замрзнати и забранети за патување поради нивната улога во руската инвазија на Украина. Унијата објави дека Абрамович […]

(Видео) Милановиќ забрани прелети на воени авиони над Загреб и над другите градови


  Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ кој е и врховен командант на Оружените сили, денеска попладне му наредил на началникот на Главниот штаб на Оружените сили на Хрватска, Роберт Храњ, дека најстрого е забрането прелет на воени авиони над Загреб и сите други хрватски градови, објавија од Кабинетот на претседателот. Како што пренесоа хрватските медиуми […]

Кејт Хадсон и Голди Хоун – ќерка и мајка во славните чевли на Стјуарт Вајцман


САД- Кејт Хадсон повторно се соединува со кралот на чевлите Стјуарт Вајцман за својата кампања за пролет 2022 година, заедно со специјален гостин: нејзината мајка, Голди Хоун. Легендарните актерки позираа за брендот како дел од неговата кампања „Живеј го секој момент“, која ја слави радоста и оптимизмот од секојдневните моменти. Холивудското дуо, препознатлив по својот […]

Дворот на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ ќе се реновира со донација од „Топ билд“


Во следниот период целосно ќе бидат реконструирани полигонот и кошаркарското игралиште што се наоѓаат во дворот на основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“, а фудбалското игралиште ќе добие нов асфалт и тоа со донација од приватна компанија, соопштија од Општина Аеродром. На полигонот ќе бидат поставени вкупно 68 сообраќајни знаци, а целосно ќе се уреди и хоризонталната […]

Од полноќ поевтинува дизелот и Екстра лесното масло, бензините остануваат со иста цена


Од полноќ се намалува цената на дизелот за три денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари. Цената на бензините останува иста, одлучи вечерва Регулаторната комисија за енергетика. Според новата одлука на РКЕ, дизелот ќе се продава по цена од 85 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство за 81 […]

Пленковиќ го демантира шефот на НАТО и тврди дека дронот бил вооружен


Хрватска– Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во Загреб го демантираше генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој изјави дека дронот што падна во главниот град на Хрватска немал експлозив. – Не беше „unarmed“ (невооружена), туку беше со експлозив, изјави Пленковиќ на прес-конференција во Загреб, а како доказ на новинарите им покажа фотографии на кои, како […]

Ајфеловата кула сега е повисока за 6 метри


Франција– Симболот на Париз, Ајфеловата кула сега е висока 330 метри, откако со помош на хеликоптер, на врвот на конструкцијата е поставена нова антена, пренесе Rојтерс. Густав Ајфел ја изградил кулата во текот на 19 и по него го добила и името. Во текот на изградбата, Ајфеловата кула станала највисоката градба во светот направена од […]