Поскапе меѓуградскиот превоз, повратна карта од Скопје до Охрид сега чини 1100 денари


Дел од автобуските превозници од Охрид и Струга ги зголемија цените на автобуските билети во меѓуградскиот и меѓународниот сообраќај за 20%. Ако до пред само неколку дена, повратна карта од Скопје до Охрид беше 900 денари, сега изнесува 1100 денари. „Превозот на патници во државата има катаклизмични проблеми моравме да се одлучиме на тој непопуларен […]

Со 250 милиони денари во интервентниот фонд ќе им се помага на земјоделците


Со 250 милиони денари во интерветниот фонд ќе им се помага на земјоделците да ги намалат производствените трошоци во услови кога се зголемени цените на репроматеријалите и намалени откупните цени. Програмата за интервентен фонд е усвоена денеска на владина седница, а се носи за првпат. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски вечерва во […]

Двојазични ознаки на униформите на полицијата


Во Скопје и во општините во кои најмалку 20 проценти од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот, ознаките на униформата на полицијата ќе бидат напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот кој што го зборува малцинството. Уредбата за униформата и ознаките на униформата на полицијата е донесена вечерва на […]

Петровска – Ал-Атија: Македонија и Катар имаат огромен потенцијал за развој на одбранбената соработка


Северна Македонија како земја – членка на НАТО сака да развива блиски одбранбени односи со важните партнери на Алијансата, како што е Катар. Оваа прва средба е само почеток на една плодна соработка на која сме исклучително посветени и убедени дека има огромен потенцијал, истакнала министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната средба со вицепремиерот […]

Шведска ќе воведе проверка на идентитетот на границите


Шведска – Шведската влада сака повторно да ги воведе граничните проверки поради руската инвазија на Украина, што доведе до најголемата и најбрзо растечка мигрантска криза во Европа од Втората светска војна. Министерот за инфраструктура Томас Енерот денеска изјави дека ситуацијата може да стане толку сериозна што треба да се преземат итни мерки за одржување на редот […]

Русија воведе санкции за 313 канадски граѓани, меѓу кои и премиерот Трудо


Русија – Како одговор на канадските санкции, Русија стави „црна листа на 313 канадски граѓани“, меѓу кои премиерот Џастин Трудо, министрите за надворешни работи и за одбрана Мелани Џоли и Анита Анан, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи. „Како одговор на новите санкции наметнати од официјална Отава …Русија од денеска, 15 март, ја дополнува својата […]

Речиси три милиони луѓе избегаа од борбите во Украина


САД– Речиси три недели по инвазијата на Русија врз Украина, бројот на Украинци кои избегаа во странство изнесува речиси три милиони луѓе, соопштија денеска ОН. Околу 2,95 милиони луѓе досега ја напуштиле Украина, покажаа податоците на Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР). Таа ги базира своите планови за помош на четири милиони бегалци, но наведе […]

Москва воведе санкции за Бајден, Блинкен, Хилари Клинтон… Забранет им е влез во Русија


  Русија соопшти дека ги ставила американскиот претседател, државниот секретар и другите високи функционери на „стоп-листа“ што им забранува да влезат во земјата, објави агенцијата РИА новости. Секретарот за одбрана Лојд Остин, шефот на ЦИА Вилијам Барнс, советникот за национална безбедност Џејк Саливан и поранешната државна секретарка на САД Хилари Клинтон беа вклучени на списокот […]

Новинарката Марина Овсјаникова осудена на казна од 250 евра


  Новинарката која синоќа ја прекина информативната програма во живо на руската државна телевизија во знак на протест против војната во Украина, е казнета од рускиот суд со 30.000 рубљи (250 евра). Судот ја прогласи Марина Овсјаникова за виновна за непочитување на законот за протести, објави руската државна новинска агенција РИА.

Камерман на Фокс њуз убиен во Украина


  Фокс њуз потврди дека нивниот камерман Пјер Закржевски бил убиен додека известувал во Украина во понеделникот. Новинарот бенџамин Хил, кој бил сонего, е ранет и е во болница. На нив се пукало во местото Хоровка во близина на Киев. Извршниот директор на Фокс Њуз, Сузан Скот, утрово им напиша на вработените: „Со голема тага […]

Парламентот на Украина ја продолжи воената состојба до 25 април


Украинскиот Парламент денеска ја продолжи воената состојба во таа земја за уште 30 дена, поточно до 25 април. Воена состојба беше воведена на 24 февруари во Украина, за период од 30 дена, откако Русија, како што се наведува, ја започна инвазијата врз Украина. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа испрати закон до Парламентот со кој […]

Од прехранбената индустрија уверуваат дека има доволно масло за јадење и суровини


Нема проблем со обезбедувањето суровини за еден од основните прехранбени артикли, маслото за јадење. Сончогледот главно се увезува зашто сме мал производител, но добро се менаџира со залихите и набавката за наредниот период, велат од прилепската компанија „Витаминка“ кој со 60 отсто ги покрива домашните потреби. Според Љупчо Велески, менаџер за извоз, цената е според […]

ЕК: Втор повик за финансирање проекти за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија


Европската комисија објави втор повик до граѓанските организации на територијата на Србија, да поднесат предлог проекти во рамките на програмата за прекугранична соработка меѓу Србија и Северна Македонија за 2016-2020 година, јави дописникот на МИА од Белград. Областите на поддршка вклучуваат конкурентност (МСП, истражување и развој, ИКТ, туризам, деловна инфраструктура, индустрија и трговија), туризам, животна […]

НАТО стравува од исцениран хемиски напад од страна на Русија во Украина


Министрите за одбрана на НАТО членките утре ќе одржат нов вонреден состанок во Брисел, тие ќе разговараат за предизвиците од руската воена операција и опасноста по земјите членки на Алијансата, јави дописничката на МИА од Брисел. Едно од прашањата кои редовно се појавуваат во јавноста во последните денови е можноста од напад со хемиско оружје. […]

Министерот за надворешни работи на Литванија стигна во Киев


  Габрелиус Ландсбергис, министер за надворешни работи на Литванија, денеска стигна во ненајавена посета на Киев. Тој во опсадениот главен град на Украина ќе биде еден ден на разговори со претставниците на украинската влада.  Во Киев исто така е веќе и првиот еврокомесар кој дошол во Украина од почетокот на руската инвазија – Виргиниус Синкевичиус. […]

Кирил Петков се плаши од хибридната војна на Бугарите против Бугарија


  Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска изјави дека било логично во војна како оваа во Украина да се очекуваат хибридни напади кои доаѓаат од Русија, но оние што се случуваат на бугарска територија ги дефинира како злосторство и предавство, а како пример го наведе однесувањето на социјалните мрежи на партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ. Тој […]

Железничкиот сообраќај во прекин, ЖРСМ тврди дека се штрајкува незаконски


Железничкиот сообраќај попладнево од 15 часот е во целосен прекин и не сообраќаат сите патнички и товарни возови, откако машинскиот и извршниот персонал повторно го активираше бојкотот заради неисплатени материјални трошоци и прв дел од платата за минатиот месец. – Бојкотот ќе трае се до исполнување на барањата, информира за МИА Тони Димовски, претставник на […]

ФИТР: Започнува воспоставување на „Фаб Лабс лаборатории за производство-младите создаваат“


Со денешното потпишување на договорите започнува воведување на иновациска инфраструктура преку трите проекти на ЦИРКО, ФЕИТ и ИНО ТЕХ КЛУБ Штип, кои се избрани за кофинансирање во рамки на „Предизвик за воспоставување на лаборатории за производство FAB LABS – Младите создаваат“, преку кои ќе се обезбеди пристап до современи технологии за средношколци и млади, информира […]

Нови 312 случаи на Ковид-19, оздравени 290, починаа петмина


Во изминативе 24 часа се регистрирани нови 312 случаи на Ковид-19, од направени 2.605 тестови. Починало едно лице, а дополнително се пријавени четири починати лица во период од 19 февруари до 9 март.   Како што информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје, оздравени се 290 пациенти.   Од новите случаи, […]

Британија воведе санкции за 370 Руси, меѓу нив се и премиерот Мишустин и 51 олигарх


Велика Британија санкционираше уште 370 лица поради руската инвазија на Украина, вклучително и 51 олигарх и членови на нивните семејства. Додадените на листата ги вклучуваат рускиот премиер Михаил Мишустин, министерот за одбрана Сергеј Шојгу, поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, Дмитриј Песков, секретарот за печат на Владимир Путин и портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова. Микхаил […]