Парламентот на Украина ја продолжи воената состојба до 25 април


Украинскиот Парламент денеска ја продолжи воената состојба во таа земја за уште 30 дена, поточно до 25 април.

Воена состојба беше воведена на 24 февруари во Украина, за период од 30 дена, откако Русија, како што се наведува, ја започна инвазијата врз Украина.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа испрати закон до Парламентот со кој бара продолжување на воената состојба за уште 30 денови.