Апел до Германците да не прават залихи на брашно и сончогледово масло


Здружението на германски трговци со животни намирници  денеска апелираше до потрошувачите да не складираат прехранбени производи, особено брашно и сончогледово масло. – Како и на почетокот на кризата со коронавирусот, клиентите треба да покажат солидарност и да купуваат во вообичаените количества, изјави портпаролот на тоа здружение, Кристијан Бочер. Малопродажните синџири забележаа зголемена набавка на сончогледово […]

Македонско-чешки бизнис форум во Скопје: Идентификувани сектори со најголем потенцијал за соработката


Македонски и чешки компании имаат долга историја на заедничка соработка со потенцијал за продлабочување, особено во секторите транспортна инфраструктура, енергетска индустрија и производство на медицинска опрема, беше истакнато на денешниот бизнис форум кој се одржа во DoubleTree by Hilton во Скопје, во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија и Амбасадата на Република Чешка. На форумот учествуваа претставници […]

Сомалија зафатена од најтешката суша во последните четири децении


Рогот на Африка е погоден од најтешката суша во последните четири децении, откако е зафатен од три последователни сезони без дождови. Над четири милиони Сомалијци тешко ќе дојдат до храна ако не заврне во април, предупредува Светската програма за храна на ОН. Поради сушата, десетина илјади луѓе од фармите во јужниот дел на Сомалија, каде […]

Борел и во Тирана повтори дека нема дефинитивен датум за почеток на преговори


  Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, потпретседател на Европската комисија Жозеп Борел денеска во Тирана изјави дека „Албанија ги исполни условите за отворање на преговорите за членство и јас продолжувам да го поддржувам отворањето на преговорите за време на француското претседавање, исто како и за Северна Македонија“. На заедничката прес-конференција со […]

„Кажи ѝ на Гордеева“ стана главното Јутјуб-шоу во Русија за време на војната


  Секој ден познатата новинарка Катерина Гордеева интервјуира познати руски личности чие мислење е важно за општеството кое под голема цензура Името на Катерина Гордеева долго време симболизира висококвалитетно и промислено новинарство во Русија, а за време на војната во Украина, нејзиното шоу на Јутјуб „Кажи ѝ на Гордеева“ стана една од клучните платформи за […]

Сали во посета на ГОБ „8 Септември“, годинава извршени 36.000 прегледи на пациенти со Ковид-19


Во Градската општа болница „8 Септември“ веќе две години деноноќно се лекуваат пациенти со Ковид-19. Ова беше повод за денешната посета на министерот Беким Сали на оваа установа, која веќе две години, функционира како ковид-центар, објави на својата фејсбук страница Министерството за здравство. -Од оваа перспектива, може да се каже дека ГОБ „8 Септември“ изминатиот […]

Бесплатни офталмолошки прегледи за 522 дечиња во градинките во Центар


Во тек се бесплатни офталмолошки прегледи кај 522 деца од најголемите групи во сите три градинки во Центар. Општината и болницата Санте Плус Хоспитал Груп имаат потпишано Меморандум за соработка минатата година но истиот се надоградува, со тоа што прегледите за децата наместо во болница, се извршуваат во градинките. По овој повод градоначалникот на Општина […]

Во прилепскиот суд почна рочиште за инцидентот на Могилата од припадник на Левица


Во прилепскиот основен суд денеска почна судењето на прилепчанец кој е обвинет за нарушување на јавен ред и мир. Станува збор за случајот од празникот 11 октомври лани, кога при прославата на 80-годишнината од почетокот на Народното востание, прилепски активист во криптата на Могилата на непобедените вербално, со зборови, навредливи според обвинението, се обрати до […]

Кејт Мидлтон: Со синиот фустан и накит со сафир испрати силна политичка порака


Англија-  Војводата и војвотката од Кембриџ и други високи членови на кралското семејство се вклучија да ја претставуваат кралицата бидејќи таа ја пропушти службата за Денот на Комонвелтот за прв пат по речиси една деценија. Принцот од Велс беше виден како пристигнува во Вестминстерската опатија во Лондон со неговата сопруга војвотката од Корнвол вчера попладне […]

Прекината 66.седница поради немање кворум за усвојување на дневниот ред


Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина 66.седница, чиј дневен ред не беше усвоен поради немање кворум. Тој рече дека за продолжението на седницата пратениците дополнително ќе бидат информирани. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ претходно ја напуштија собраниската седница, затоа што не беше усвоен нивниот предлог од дневниот ред да се симне предлог-одлуката за изменување и дополнување […]

РКЕ денеска ќе носи одлука за нови цени на нафтените деривати


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во текот на денов ќе донесе одлука за малопродажните цени на нафтените деривати што ќе важат од ноќеска на полноќ. Како што велат од РКЕ исполнети се предусловите за носење нова одлука. – РКЕ ќе донесе нова одлука за цената на нафтените деривати. По одржувањето на седницата […]

Руското обвинителство бара 13 години затвор за Навални


Руското обвинителство денеска побара 13 години затвор за опозицискиот лидер Алексеј Навални во случајот „измама“ и „навреда на судот“. Навални веќе отслужува затворска казна од две и пол години.   Обвинителката Надежда Тихонова побара 13-годишна затворска казна, пренесоа руските новински агенции. Од 16 февруари, на 45-годишниот Навални му се суди во затворскиот комплекс, кој се […]

Русија сака да одземе странски авиони вредни 10 милијарди долари


  Русија вчера усвои закон со кој практично оневозможува глобалните компании за лизинг на авиони да ги вратат своите авиони од Русија, пишува Би-Би-Си. Новиот закон ќе овозможи странски авиони да бидат регистрирани во Русија „за да се обезбеди непречено функционирање на цивилната авијација“. Од околу 980 цивилни авиони за кои се верува дека постојат […]

„Денот на црвот“ од Симона Јованоска е „Роман на годината“ (фото)


„Денот на црвот“ – првиот роман на авторката Симона Јованоска ја доби наградата „Роман на годината“, која што ја доделува  Фондацијата „Славко Јаневски“. Романот е издаден во 2021 година од страна на издавачката куќа „Или-или“, во едицијата „ПроАза“. Официјалното врачување на наградата е планирано за септември и романот-добитник, прв пат, годинава ќе се промовира низ […]

Се зголемуваат поплаките на потрошувачите за онлајн продажбата


Сферата на дигитализацијата која во последниве две години стана доста актуелна придонесе поплаките на потрошувачите на онлајн продажбата драстично да се зголемат. Во изминатава година дури 10 отсто од поплаките од потрошувачи кои пристигнале до Организацијата на потрошувачите на Македонија – ОПМ биле токму на онлајн продажбата. Најголем дел од поплаките, како што изјави Мартина […]

Засилена контролата на менувачниците за да се спречи шпекулативно однесување


Народната банка веќе има засилена контрола врз работењето на менувачниците со цел, како што велат, да се спречи шпекулативно однесување на одредени менувачници. Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, во изјава за МИА, посочува дека во тек се засилени инспекциски контроли од страна на Народната банка по менувачниците, како и дека согласно регулативата, тие не смеат да ги […]

„Диши љубов“ – музичко-поетски и визуелен перформанс во Филхармонија


Музичко-поетскиот и визуелен перформанс „Диши љубов“ ќе ја има својата премиера на 25 март (петок) во Концертната сала на Филхармонија со почеток во 20 часот. Станува збор за сосема нов и уникатен проект со музика на композиторот и диригентот Џијан Емин и текстови на музикологот Тина Иванова, во кој музиката создадена низ песни раскажува љубовна […]

Поповолна економската состојба во преработувачката индустрија, оценуваат раководителите на фирмите


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на довербата во преработувачката индустрија во февруари во однос на јануари годинава е намален за 0,2 процентни поени и изнесува 13,8, а во однос на февруари лани е намален за 0,4 процентни поени, објави денеска Државниот зваод за статистика. Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во […]

Шок во Германија – војската им е лошо опремена


Германската војска е страшно лошо или недоволно опремена, заклучила пратеничкаат од Бундестагот Ева Хегл, за „Бундесвер“. Таа, во соопштение нагласува дека само половина од поголемата опрема е подготвена за употреба во воени операции. „Ова е неприфатливо. Во итни ситуации, нашите војници ги ризикуваат своите животи во акција. За возврат, имаат право на најдобра можна и […]

Пријавување за Биеналето на цртеж на „Остен“ до крајот на мај, главните награди за творештвото на Рембрант и Џозеф Кошут


Џозеф Кошут од САД (1945), уметник и теоретичар, пионер на концептуалната и инсталациската уметност е добитник на Гран-при за животно остварување на Остен Биеналето на цртеж „Скопје 2022“, а на творештвото на славниот холандски уметник од 17 век Рембрант ван Рејн му е доделена наградата „Светско културно наследство“, која „Остен“ им ја доделува на уметници […]