Шербеџија со ексклузивен концерт во Битола- промоција на новиот албум „Не свртувај се сине”


Раде Шербеџија на 19 март од 20 часот во Големата сала на Центарот за култура ќе има свој ексклузивен концерт, единствен во Македонија со својот албум „Не свртувај се сине”. На сцената ќе биде заедно со бендот “Западни Колодвор”. Легендарниот актер, со светска слава Шербеџија, кој со култната улога на Александар во филмот „Пред дождот“ […]

Работата и работните односи најчеста област на дискриминација, јавниот сектор најчест дискриминатор


Во вкупно 40 случаи од 167 претставки по кои постапувала Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во 2021 година е утврдена дискриминација. Најчест основ на дискриминација бил лично својство и општествен статус, најголем број на претставки се од Скопје, а најчесто, како дискриминатор, се јавува јавниот сектор, покажува првиот Годишен извештај за заштита и […]

Рот: Што е можно поскоро да почнат преговори на ЕУ со Северна Македонија и Албанија


Германскиот министер за европски прашања Михаел Рот изјави дека ЕУ мора да ги забрза пристапните преговори со земјите од Западен Балкан, бидејќи во спротивно други земји, како Русија и Кина, ќе го искористат овој момент и ќе го пополнат вакуумот, пренесува „Албаниан дејли њуз“. Тој денеска потенцираше дека е дојдено време Северна Македонија и Албанија […]

ЕК не предвидува компензации за Западен Балкан поради санкциите против Русија


Европската комисија ја поздрави усогласеноста на Северна Македонија и Албанија со санкциите на ЕУ против Русија, но таргетирани финансиски компензации не се на маса, јави дописничката на МИА од Брисел. Северна Македонија и Албанија се две земји во регионот кои стопроцентно се усогласени со санкциите на ЕУ против Русија, за што Европската унија е многу […]

Непостоечка фирма за лифтови добила околу 90 тендери, најмногу во јавни институции, ДКСК бара експресна постaпка


Непостоечка фирма во Скопје, со фалсификувани документи, фалсификувани ИСО сертификати, потписи, конкурирала и во периодот од 2018 до 2022 година има добиено најверојатно околу 90 тендери за монтажа и сервисирање лифтови, главно од јавни институции, кои давале буџетски средства. Ова е предмет што на денешната седница го образложи Владимир Георгиев, член на Државната комисија за […]

ОН: Да нема казна за демонстрантката која „влета“ во програмата на руската државна телевизија


 Руските власти да се погрижат демонстрантката која „влета“ во телевизиската програма да не биде казнета, бидејќи таа само го искористи своето право на слобода на говор, повикаа Обединетите нации денеска. Според денешното соопштение на Кремљ, прекинувањето на вестите на рускиот државен канал за да се осуди војната во Украина, се сведува на „хулиганство“. Невладината организација […]

„Национал“: Дронот е украински, бил наменет за руските позиции


Беспилотното летало, што на крајот на минатата недела падна во Загреб е на украинските воени сили и носел бомба наменета за руските воени позиции во Украина, пишува денеска хрватскиот неделник „Национал“, повикувајќи се на извор близок до Министерството за одбрана. Истиот извор за „Национал“ открил дека е извесно дека авионот излегол од контрола и оти […]

Се инвестираат преку 135 милиони евра во изградба на три експресни патишта


Преку 135 милиони евра инвестираме во изградба на три модерни експресни патишта низ државата. Градежната оператива е комплетно на терен и не очекува силна инвестициска година во модернизација на целокупната патна инфраструктура,  изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, извршија увид во […]

Светлата и темната страна на РЕК „Битола“ во енергетската криза


  БИТОЛА – Светлата страна на РЕК „Битола“ е од огромно значење за државата во целина, додека темната страна е загадувањето и последиците што ги трпи Битола и граѓаните. Голема загуба за енергетскиот систем и за екологијата е тоа што не се изгради топлификациски систем од РЕК „Битола“. Ова се само дел од заклучоците на […]

Димовски: Прекин на железничкиот сообраќај ако не се исплатат материјалните трошоци за февруари


Патничкиот и товарниот железнички сообраќај  од попладне во 15 часот повторно ќе биде запрен поради бојкот на машинскиот и извршниот персонал во Железници на РСМ Транспорт доколку не бидат исплатени материјалните трошоци за февруари, најави Тони Димовски, претставник на машинскиот и извршниот персонал и претседател на Синдикатот на машиновозачи на Македонија. Поради неисплатени материјални трошоци […]

Тројанскиот коњ на Ангел Димитров


(Колумна за Дојче веле) Ангел Димитров, копретседател на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за образовни и историски прашања на Бугарија и на Македонија, во екот на руската инвазија врз Украина испука една силна пропагандна ракета кон Скопје, Вашингтон, Брисел и еден проектил на пристојна одалеченост од својот премиер Кирил Петков, колку за опомена да внимава што работи. […]

На новинарката Овсјаникова ѝ се закануваат до 15 години затвор


Руското државно обвинителство поведе предистражна постапка против новинарката Овсјаникова, која синоќа упадна во програмата на Првиот канал на руската телевизија со антивоен транспарент. Според неодамна усвоениот закон, на Овсјаникова ѝ се заканува затворска казна до 15 години за ширење лажни вести за руски војници. Овсјаникова веднаш по упадот во програмата е приведена, но адвокатите не […]

Австрија бележи високи бројки со кроона вирус по попуштањето на мерките


  Во изминатите 24 часа во Австрија регистрирани се 37.125 нови инфекции со корона вирусот и 40 починати поради Ковид-19. Бројот новозаразени минатата недела беше над 40.000, но бројот на починати сега драстично се зголеми, откако минатата недела беше околу 25 дневно. Во болниците бројот на ковид-пациенти порасна за 131, од кои 27 на интензивна […]

САД воведоа санкции за уште 11 високи функционери на руските вооружени сили


Американскиот Стејт департмент воведе санкции за уште 11 високи функционери на руските вооружени сили и објектите на воено-индустрискиот комплекс. На списокот се шефот на руската национална гарда Виктор Золотов, шефот на руската федерална служба за воено-техничка соработка Дмитриј Шугаев, генералниот директор на Рособоронекспорт Александар Михеев и осум заменици министри во Министерството за одбрана на Русија. […]

Грковска: Има сигнали за одблокирање на процесот во Меѓувладината група со Бугарија


Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска оцени дека соработката со колегите од Бугарија при работата во меѓувладината работна група за европска интеграција и зелени политики е одлична и се одвива во позитивна атмосфера, при што во разговорите се чувствува поинаква енергија отколку во изминатиот период. – Интересно е што и […]

Османи го брани Борел, немал мандат за проширувањето


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, застана во одбрана на високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел, кој вчера изјави дека не може да ни вети никаков датум за проговори, но може да ни вети добра волја.  Според Османи, портфолиото на Борел не го опфаќа проширувањето, па тој не може да […]

Војната би можела да заврши во мај, вели советник на претседателот Зеленски


  Војната во Украина најверојатно ќе биде завршена до почетокот на мај, кога Русија ќе ги снема ресурсите за да го напаѓа својот сосед, изјави доцна во понеделникот Олексиј Арестович, советник на шефот на кабинетот на украинскиот претседател. Разговорите меѓу Киев и Москва – во кои Арестович не е лично вклучен – досега дадоа многу […]

Петков: Грешка е што Бугарија се откажа од евтин гас од Азербејџан


Бугарскиот премиер, Кирил Петков, денеска изјави дека е грешка што Бугарија се откажала од евтиниот гас од Азербејџан, пренесува БГНЕС. „Погледнете што се случува на светскиот пазар. Вчера цената на гасот беше 114 евра за мегават/час, немаме гас, можеме само да купуваме. Тоа што се откажавме од евтин гас од Азаербејџан е грешка. Единствено што […]

„Фолксваген“ пријави раст во заработката – 2,5 милијарди евра во 2021 година


Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ забележа раст во заработката во 2021 година по ударот од пандемијата на коронавирусот во 2020 година. Тоа се случува и покрај тековните проблеми поради недостигот на полупроводници. Според наводите, компанијата со седиште во Волфсбург успеа да го зголеми својот годишен приход на околу 2,5 милијарди евра. Вкупниот промет во главниот оддел […]

Роман Абрамович: Како миленикот на Елцин и послушникот на Путин стигна до милиони преку корупција, интриги и измами


  Сопственикот на Челси заработи милијарди откако купи нафтена компанија од руската влада на наместена аукција во 1995 година. Според Би-Би-Си, Роман Абрамович платил околу 250 милиони долари за „Сибнефт“, пред да ѝ го врати на руската влада за 13 милијарди долари во 2005 година. Неговите адвокати велат дека нема основа да се тврди дека […]