Ковид-19: Баварија незадоволна од предлог законот на германската Влада, размислува да „оди по свој пат“


Владата на германската покраина Баварија е незадоволна од новиот нацрт закон за заштита од инфекција, според кој се укинуваат речиси сите епидемиолошки мерки во Германија. Затоа, Баварија размислува да „оди по свој пат“. – Дали Баварија ќе оди по друг пат, е тема на денешната седница на Владата, најави министерот за здравство, Клаус Холечек, во […]

Во Велика Британија за еден ден се пријавија 89.000 лица за згрижување украински бегалци


Британската Влада ја пушти во употреба страницата „Домови за Украина“, за сите оние кои сакаат да им бидат домаќини на бегалци, а 89.000 лица се пријавија уште првиот ден, јави Би-Би-Си. Секретарот за домување и заедници, Мајкл Гов смета дека Велика Британија има историја на „поддршка за најранливите за време на нивните најтемни часови“. На […]

Роман Абрамович во бегство, можеби е веќе во Москва


  Роман Абрамович денеска е во бегство од санкции и можеби побегнал во Москва додека неговите јахти од 1 милијарда фунти се упатуваат кон безбедните турски води. Тоа се случува откако ЕУ одлучи да го казни сопственикот на фудбалскиот клуб Челзи поради Украина и тој се соочува со сè помал број засолништа за неговите 12 […]

Османи: Уште осум граѓани бараат да бидат евакуирани од Украина


Уште осум граѓани од кои четворица наши, а четворица украински државјани, но во роднинска врска со нашите, бараат да бидат евакуирани од Украина, информира денеска на редовниот брифинг министерот за надворешни работи Бујар Османи. – Од 120-те мапирани и контактирани наши граѓани, околу 80 проценти се веќе евакуирани, останати се осум граѓани коишто бараат евакуација, […]

Баз вода дел од Центар


Прекин во водоснабдувањето денеска од 10 часот ќе имаат дел од корисниците на улиците „Димче Мирчев”, „Црниче”, „50 Дивизија” и МВР. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот е поради дефект на улица „Белградска” без број, во кругот на МВР во населбата Водно. Корисниците ќе бидат без вода до санирање на дефектот.

Кличко воведе полициски час во Киев до 17 март


Се воведува забрана за движење во Киев без посебни пропусници од 20 часот денеска до седум часот на 17 март, објави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на својот Телеграм канал. – Согласно одлука на воената команда од денеска – 15 март, од 20 часот, во Киев се воведува полициски час. Забрането е движење низ градот […]

„Олд Трафорд“ може да биде урнат


Манчестер јунајтед може да го урне „Олд Трафорд“ и да изгради нов стадион. Ова е една од опциите што сопствениците на клубот ја разгледуваат како дел од реконструкцијата на арената. Според „Телеграф“, Јунајтед наскоро може да ги избере компаниите кои ќе бидат одговорни за реконструкцијата. Една од опциите што се разгледува е целосно уривање на […]

ЕУ и официјално усвои нови санкции против Русија, најстроги во историјата


Утрово Европската унија и официјално го договори четвртиот пакет санкции против Русија. Новиот круг санкции, кој денеска стапува во сила, предвидува рестрикции за голем број олигарси, забрана на продажба на луксузни стоки кои се извезуваат во Москва и ќе погоди неколку одбранбени компании. Амбасадорите на ЕУ вчера се согласија за четвртиот пакет санкции по руската […]

МБА: Банките располагаат со доволно девизна готовина и девизи за задоволување на сите потребите на граѓаните


Менувачките работи кај банките се одвиваат непречено, а банките располагаат со доволно девизна готовина и девизи за задоволување на сите потребите на граѓаните, информираат од Македонската банкарска асоцијација (МБА). -Притоа, курсевите по кои се спроведуваат трансакциите се транспарентни, јавно објавени на секое менувачко место и се на стабилно ниво. Апелираме до граѓаните непотребно да не […]

Зошто Западот не му веруваше на Истокот за Путин?


  ВИЛНУС – Западноевропејците со години ги игнорираа  политичарите од Полска и од балтичките земји секогаш кога алармираа поради експанзионистичката закана што ја претставува рускиот претседател Владимир Путин. Сега тие сфаќаат дека требало да ги слушаат земјите со многу подлабоко познавање на Кремљ и со горчливо историско сеќавање на насилството што Москва е подготвена да […]

Украина сака да воспостави девет хуманитарни коридори за бегство


Украинските власти денеска изразија надеж дека ќе спасат уште повеќе цивили од нападот на руската војска, со тоа што ќе воспостават девет хуманитарни коридори за бегство, јави ДПА. Меѓу нив е и нов обид за евакуација на опколениот пристанишен град Мариупол. -Од Бердјанск, на околу 70 километри, конвој со тони помош, повторно се обидува да […]

Во Грција целосно вакцинирано 72 отсто од населението


Грција– Над седум и пол милиони Грци, односно 72 отсто од општото и 80,8 проценти од полнолетното население во земјата се целосно вакцинирани, додека пак од почетокот на процесот на имунизација во Грција аплицирани се 20.320.000 дози, согласно податоците што ги соопшти генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус, јави дописничката на […]

Денови на италијански дизајн во Ист Гејт Мол


„Деновите на италијанскиот дизајн“ во East Gate Mall под покровителство на Амбасадата на Република Италија и ITA-Italian Trade Agency Skopje, е 10-дневен настан посветен на италијанскиот дизајн кој има за цел да го промовира одличниот избор на италијански брендови присутни во нашиот трговски центар. Во East Gate Mall има повеќе од 20 врвни италијански брендови од модната индустрија, […]

Европа во хаос со бегалците


Европа мора да се подготви за вториот најголем мигрантски бран по седум години, затоа што во спротивно, се заканува хаос, предупредува експертот за миграции Гералд Кнаус. Кнаус, за дневникот „Клајне цајтунг“, вели дека војната во Украина предизвика огромен бран беглаци, кој по две недели, го надмина вкупниот број бегалци од просторите на поранешна Југославија за […]

Османи за „iEidiseis“: Сега е критичниот момент ЕУ да се вклучи во регионот


Грција– Мислам дека сега е критичниот момент ЕУ да се вклучи во регионот и да се испратат храбри пораки дека Западен Балкан има јасна европска перспектива, вели министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи во интервјуто за грчкиот информативен портал „iEidiseis“, направено на маргините на форумот во Анталија, јави дописничката на МИА од […]

Ѓоковиќ се враќа на врвот на АТП листата, еве зошто


САД- Неочекуваното излегување на Даниил Медведев од Индијан Велс ќе има две значајни последици. Еден, тоа значи дека Новак Ѓоковиќ ќе го врати првото место во светот во понеделник. И второ, шансите рускиот играч повторно да се врати на првата позиција станаа многу подалечни. Гаел Монфис, 35-годишниот Французин кој го победи Медведев во понеделникот со […]

Музејот на Народна банка повторно отворен за посетители


Музејот на Народна банка на Република Северна Македонија повторно е отворен за посетители од понеделник до петок, помеѓу 9 и 15 часот, а влезот е слободен.   Во интервју за независната платформа Умно.мк, раководителката на Музејот, Катерина Христовска вели дека и покрај ограничувањата и протоколите воведени поради коронавирусот, посетителите успеваат да одвојат време и да […]

ТИМ 40 – Место за нови бизнис лидери и модерни практики


Во рамки на Стопанската комора на Северна Македонија, на иницијатива на група компании, формирана е новата Асоцијација – ТИМ 40. Целта е обединување на младите претприемачи и изнаоѓање решенија за внесување нови трендови во менаџирањето и делувањето. На конститутивната седница, за претседател со мандат од четири години е избран Жарко Димитриоски од маркетинг агенцијата „Еден […]

Маноло Бланик + Биркенсток = спој на луксуз и удобност


САД– Од Burberry и Supreme до Yeezy Gap Инженерирани од Balenciaga, модата гледа огромна количина на соработки помеѓу навидум естетски спротивни брендови – и искрено, ние ја сакаме. Повеќе од кога било досега, дизајнерите и брендовите имаат можност да соработуваат со други етикети за кои инаку можеби претходно не станува збор. Резултатот е соработка која […]

Завршува обврската за зимска опрема во возилата


Обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до денеска, информира Автомотосојузот на Македонија. Задолжителното поседување зимска опрема беше во сила од 15 ноември лани. АМСМ соопштува дека е се уште непрооден  регионалниот пат R-2248 село Ранковце – село Герман, на потегот од с. П’ клиште до село […]