Европа во хаос со бегалците


Европа мора да се подготви за вториот најголем мигрантски бран по седум години, затоа што во спротивно, се заканува хаос, предупредува експертот за миграции Гералд Кнаус.

Кнаус, за дневникот „Клајне цајтунг“, вели дека војната во Украина предизвика огромен бран беглаци, кој по две недели, го надмина вкупниот број бегалци од просторите на поранешна Југославија за време на судирите во тој регион.

Кнаус укажува дека голема предност во споредба со бранот бегалци во 2015 година, е што за стапувањето на сила на насоките ЕУ не мора повеќе да чека на одобрување на националните држави.

Но, нагласува, потребно е одлучно делување на државите со поддршка на граѓаните.

Кнаус вели дека неопходна е оргханизација, затоа што ако не се успее во префрлањето бегалци на подрачја кои искажале спремнсот да ги примат, повторно се заканува хаос.

Тој велид ека следните недели милиони луѓе, пред сѐ преку Австрија и Германија, ќе талкаат низ Европа во потрага по сместување, ако организацијата не биде успешна.

Укажа дека актуелниот бран беглаци не може да се спореди со мигрантската криза од 2015 година, затоа што многу помалку луѓе дојдоа, и додава дека тогашниот бран претставува само „вежба“ за она што претстои.

Кнаус предложи дека би требало Европа да реагира на бранот бегалци.

Според него, би било корисно да се воспостави штаб со поранешни водечки политичари и експерти за комуникација.

Затоа го предложи Барак Обама, истакнувајќи дека такви политички величини и надвор од ЕУ, може да апелираат бегалците да се примат.

Во својата анализа Кнаус нагласува дека ни еднадржава во ЕУ во моментот не е подготвена за она што ја чека.