Премиерите на Чешка, Полска и на Словенија денеска на состанок со Зеленски


Украина – Премиерите на Чешка, Полска и на Словенија денеска ќе патуваат за Киев, каде треба да се сретнат со претседателот Володимир Зеленски, како претставници на лидерите на Европската унија. Информацијата утрово беше објавена на социјалните мрежи, од страна на чешкиот премиер Петр Фијала. – Целта на посетата е да се потврди недвосмислената поддршка на […]

Министерот за одбрана на Катар, Халид Бин Мохамед Ал-Атија во посета на Македонија


Вицепримиерот и државен министер за одбрана на државата Катар, Халид Бин Мохамед Ал-Атија од денеска ќе престојува во прва официјална посета на Северна Македонија. Вицепримиерот и државен министер за одбрана на Катар во Министерството за одбрана ќе биде пречекан од министерката за одбрана Славјанка Петровска, а официјалниот пречек ќе започне со церемонија со највисоки воени […]

Книжевни резиденции за преведувачи од македонски јазик


Издавачката куќа „Готен“ во рамки на проектот „Превод во движење“ организира резиденции за литературни преведувачи кои преведуваат од македонски јазик на јазиците на земјите-членки на Европската Унија. Конкурсот е отворен до 30 март оваа година. „Превод во движење“ е програма чија цел е збогатување и засилување на протокот на преведената литература во Европа и особено […]

Британија ќе ги замрзне имотите на повеќе од 100 руски олигарси и соработници на Путин


  Стотици руски олигарси, организации и поединци треба да бидат погодени со санкции на британската влада, откако брзо се усвои нацрт-законот за таргетирање на „валканите пари“ во Обединетото кралство. Со санкциите ќе се замрзнат нивните имоти, а владата, исто така, се подготвува да воведе царини за голем број руски стоки, вклучувајќи вотка и кавијар. Владата […]

Русија привремено го забрани извозот на житарки во земјите од ЕАЕУ


Русија го забрани извозот на житарки во поранешните советски држави до 30 јуни, а извозот на шеќер го забрани во сите земји до 31 август, јави руската агенција ТАСС. Рускиот премиер Михаил Мишустин потпиша указ за забрана за извоз на бел и нерафиниран шеќер до 31 август, како и извоз на пченица, ‘рж, јачмен и […]

Надал прв со 400 победи на Мастерс турнирите


Поранешниот светски рекет број еден Рафаел Надал синоќа го победи Ден Еванс во третото коло на Мастерсот во Индијан Велс со 7:5 и 6:3. Сега билансот на Шпанецот од почетокот на сезоната 2022 е 17:0. Надал ја забележа 400-та победа на Мастерс турнирите. Тој стана првиот во историјата кој ја надмина оваа граница. Од другите активни […]

Зеленски: Русија за 19 дена загуби повеќе отколку во двете војни во Чеченија


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до граѓаните истакна дека  бранителите продолжуваат да „нанесуваат катастрофални загуби на руските сили“. Тој додаде дека бројот на соборени хеликоптери во Русија наскоро ќе достигне стотици. – Тие веќе изгубија 80 борбени авиони, стотици тенкови и илјадници друга опрема. За 19 дена, руската армија во Украина загуби […]

Во Шпанија запленета јахта на руски олигарх, вредна 140 милиони долари


Шпанските власти привремено ја запленија јахтата на рускиот олигарх Сергеј Чемезов, сојузник на рускиот претседател Владимир Путин. Чемезов е поранешен офицер на КГБ кој раководи со државниот конгломерат Ростек. Суперјахтата Валери, долга 85 метри и вредна 140 милиони долари e запленета во Барселона. Бродот пловеше под знамето на Свети Винсент и Гренадини. Бродот е регистриран […]

Прес-службата на британскиот премиер ги повика навивачите на Челзи да престанат да го скандираат името на Абрамович


Прес-службата на британскиот премиер Борис Џонсон соопшти дека навивачите на Челзи треба да престанат да го скандираат името на рускиот бизнисмен Роман Абрамович. Во неделата (13 март), навивачите на Челзи за време на натпреварот од Премиер лигата со Њукасл му дадоа поддршка на Абрамович, кој падна под санкциите на земјата. – Ја препознаваме силата на […]

Кина „не е страна“ во конфликтот во Украина


Кина – Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји рече дека неговата земја „не е страна“ во војната во Украина по руската инвазија, пренесува ДПА. Во телефонскиот разговор со шпанскиот колега Хозе Мануел Албарес, Ванг порача дека неговата влада „не сака санкциите да влијаат на Кина“, се вели во денешното соопштение на кинеското Министерство за надворешни […]

Војната би можела да заврши до мај, оценува советникот на Зеленски


Украина – Војната во Украина треба да заврши до мај, бидејќи Русија ќе остане без ресурси за продолжување на инвазијата, тврди советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович. Повикувајќи се на видео објавено од неколку украински медиуми, Ројтерс известува дека Арестович вели дека точниот момент ќе зависи од тоа колку пари Кремљ е подготвен да посвети на […]

Најстудено во Маврови Анови и Берово, најмногу снег на Попова Шапка и во Крушево


Најниска температура од -9 степени утрово во 7 часот е измерена во Маврови Анови и во Берово. Следат Скопје кај Петровец со -7, -6 Штип, Битола, Крива Паланка, Струмица, Демир Капија, -5 Попова Шапка, Куманово, Прилеп, Претор, -4 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Охрид, Гевгелија, -3 Kрушево, Дебар, -2 Виница, 0 Дојран. На Попова Шапка се измерени […]

Војната во Украина многу ги погодува сиромашните држави во светот


САД – Војната во Украина силно ги погодува најсиромашните, сее семе на политичка нестабилност и немири ширум светот, предупреди генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Според Гутереш, руската војна во Украина држи „Дамоклов меч“ над глобалната економија, особено над сиромашните држави во развој кои се соочуваат со скок на цените на храната, горивата и на вештачкото […]

Коронавирусот продолжува да се шири во Кина


Кина– Коронавирусот продолжува да се шири во Кина. Земјата е зафатена од најлошиот бран на инфекции со Ковид-19 од почетокот на пандемијата, јави ДПА. Нови 5.154 инфекции беа евидентирани во земјата во текот на вчерашниот ден, според денешниот извештај, поставувајќи нов максимум во сегашниот бран на коронавирус. Нови инфекции се регистрирани во 20 региони во земјата, […]

УНХЦР со рекордна сума донации за бегалците од Украина


Швајцарија – Агенцијата за бегалци при ОН (УНХЦР) соопшти дека достигнала „рекордни суми“ на донации за нејзин итен одговор на хуманитарната криза во Украина. Агенцијата соопшти дека компаниите, фондациите и филантропите придонеле повеќе од 200 милиони долари за нешто повеќе од две недели, наменети за одговор на кризата во Украина. – Сакам да им се заблагодарам […]

Од денеска патувањата во Грција без PLF формулар


Грција– Електронскиот формулар PLF (Passenger Locator Form) што досега беше неопходен за патување и влез во Грција, од денеска и официјално се укинува, а остануваат во сила актуелните правила за задолжителен документ за Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина. Сите посетители на Грција, независно од националноста и начинот на влез во земјата, повеќе нема да […]

Симулациска вежба за искоренување на болеста чума кај мали преживари


Агенцијата за храна и ветеринарство  во соработка со проектот „Регионална акција на ЕУ за искоренување на болести кај животните во Западен Балкан“ денеска и утре во Велес, ќе одржи симулациска вежба за искоренување на болеста чума кај мали преживари. Како што соопштија од АХВ, теренскиот дел од вежбата ќе се одржи утре во велешкото село […]

Собранието ќе ја одржи 66-та седница


Собранието денеска ќе ја одржи 66-та седница, на чиј дневен ред се повеќе предлог-законски решенија по скратена постапка. Пратениците треба да ја разгледаат Предлог-одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за избор на претседател, заменик на претседателог, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Северна Македонија, […]

Ковид бројките продолжуваат да паѓаат, но засега нема укинување на мерките


Бројките на новозаболени и активни случаи на КОВИД-19 во земјава продолжуваат да паѓаат. Според направената серолошката анализа, 86 отсто од вакцинираните и 75 отсто од невакцинираните кои го прележале вирусот, имаат имунитет, но надлежните сметаат дека уште е рано да се зборува за дополнително олабавување на мерките. Министерот за здравство Беким Сали е оптимист за […]

Прогласување на лауреатот на наградата „Роман на годината“


Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ денеска на прес-конференција ќе го соопшти името на лауреатот на наградата „Роман на годината“ за 2021 година. На годинашниот конкурс пристигнале вкупно 39 романи. Во најтесниот избор влегоа романите „Денот на црвот“ од Симона Јованоска (Или-или), „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ од Давор Стојановски (Или-или), […]