Надал прв со 400 победи на Мастерс турнирите


Поранешниот светски рекет број еден Рафаел Надал синоќа го победи Ден Еванс во третото коло на Мастерсот во Индијан Велс со 7:5 и 6:3.

Сега билансот на Шпанецот од почетокот на сезоната 2022 е 17:0.

Надал ја забележа 400-та победа на Мастерс турнирите. Тој стана првиот во историјата кој ја надмина оваа граница.

Од другите активни тенисери Роџер Федерер има 381 победа, додека Новак Ѓоковиќ има 374 добиени средби на Мастерсите.