Денови на италијански дизајн во Ист Гејт Мол


„Деновите на италијанскиот дизајн“ во East Gate Mall под покровителство на Амбасадата на Република Италија и ITA-Italian Trade Agency Skopje, е 10-дневен настан посветен на италијанскиот дизајн кој има за цел да го промовира одличниот избор на италијански брендови присутни во нашиот трговски центар.

Во East Gate Mall има повеќе од 20 врвни италијански брендови од модната индустрија, детска облека, накит, часовници, чевли и чанти. Од 14-ти до 24-ти март, нашите посетители ќе имаат можност да ги видат италијанските продавници брендирани со потписот на официјалниот ден на италијанскиот дизајн и да уживаат во промоциите организирани за овој настан. 

По повод настанот, East Gate Mall ќе ги исполни своите авении со посебен италијански шмек, изложувајќи ги најомилените превозни средства во оригинален италијански дизајн: прекрасните веспи и неверојатното пламено Ферари.