Австрија бележи високи бројки со кроона вирус по попуштањето на мерките


 

Во изминатите 24 часа во Австрија регистрирани се 37.125 нови инфекции со корона вирусот и 40 починати поради Ковид-19.

Бројот новозаразени минатата недела беше над 40.000, но бројот на починати сега драстично се зголеми, откако минатата недела беше околу 25 дневно.

Во болниците бројот на ковид-пациенти порасна за 131, од кои 27 на интензивна нега.

Во моментот на одделенијата лежат 2.987 ковид-пациенти, а на интензвна нега 219.