„Фолксваген“ пријави раст во заработката – 2,5 милијарди евра во 2021 година


Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ забележа раст во заработката во 2021 година по ударот од пандемијата на коронавирусот во 2020 година. Тоа се случува и покрај тековните проблеми поради недостигот на полупроводници.

Според наводите, компанијата со седиште во Волфсбург успеа да го зголеми својот годишен приход на околу 2,5 милијарди евра. Вкупниот промет во главниот оддел за патнички возила се зголеми од околу 71,1 милијарда евра на 76,1 милијарда евра, според годишниот извештај на групацијата, објавен денеска.

Продажбата на автомобили, сепак, е во пад – од 2.835.000 на 2.719.000 примероци.

Влијанието на пандемијата сè уште не исчезнало, соопшти најголемата европска автомобилска групација.

Сепак, ограничената достапност кон полупроводници влијаеше и на „Фолксваген“ како и на многу други производители на автомобили. Погони беа затворани, а некои вработени во Германија беа ставени на тн. „краткорочна работа“ или во шема за отпуштање луѓе, поддржана од владата. „Фолксваген“ очекува недостигот на електроника да трае најмалку до втората половина на годинава. Многу купувачи треба да чекаат подолго време за своите автомобили. За неколку модели има и привремено стопирање на нарачките.