Шок во Германија – војската им е лошо опремена


Германската војска е страшно лошо или недоволно опремена, заклучила пратеничкаат од Бундестагот Ева Хегл, за „Бундесвер“.

Таа, во соопштение нагласува дека само половина од поголемата опрема е подготвена за употреба во воени операции.

„Ова е неприфатливо. Во итни ситуации, нашите војници ги ризикуваат своите животи во акција. За возврат, имаат право на најдобра можна и сеопфатна опрема“, порача Ева Хегл.

Германскиот премиер Олаф Шолц, на почетокот на војната во Украина, најави дека Германија во војската ќе вложи 100 милијарди евра. Така најави дека нагло ќе се зголеми буџетот за одбраната за повече од два отсто од бруто домашниот производ.