Ајфеловата кула сега е повисока за 6 метри


Франција– Симболот на Париз, Ајфеловата кула сега е висока 330 метри, откако со помош на хеликоптер, на врвот на конструкцијата е поставена нова антена, пренесе Rојтерс.

Густав Ајфел ја изградил кулата во текот на 19 и по него го добила и името. Во текот на изградбата, Ајфеловата кула станала највисоката градба во светот направена од човек.

Оваа титула ја носела четири децении, до 1992 година кога е изграден облакодерот Крајслер Билдинг во Њујорк.