Кличко: Руските планови за заземање на Киев никогаш нема да се реализираат


Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко денеска изјави дека плановите на руските окупатори да го заземат Киев никогаш нема да се остварат. Кличко изјавата ја даде за Current Time, платформа создадена од Радио Слободна Европа, заедно со Гласот на Америка. -Денеска можам јасно да кажам: плановите на Русите да го заземат Киев не се реализираат. Тие […]

Жолто небо и дожд со песок од Сахара над Источна Франција


Добар дел од источниот и средниот дел на Франција вчера и денеска се најдоа во необична атмосферска состојба, во која доминираше небото со жолтеникава светлина, а автомобилите беа прекриени со жолт песок. Причината за ова се честички од песок од Сахара, јави дописникот на МИА. За да го објасни овој феномен, Метето Франс објасни дека […]

Завршни зборови на странките во случајот „Меѓународен сојуз“


Странките во кривичниот предмет „Меѓународен сојуз“ денеска во Основниот Кривичен суд – Скопје е предвидено да ги дадат завршните зборови. Судењето за овој случај го води судијката Софче Гаврилова-Ефремова, а застапник на обвинението е обвинителката Вилма Рускоска. Првообвинет во овој предмет е Бојан Јовановски-Боки 13, кој според обвинителниот акт е обвинет за кривичните дела „измама […]

Утрово експлозии во Киев, Одеса и Запорожје


Неколку експлозии утрово одекнаа во украинскиот главен град Киев, јавува Би-Би-Си, повикувајќи се на податоци од социјалните мрежи. Службите за вонредни ситуации на градот соопштија дека во гранатирањето биле оштетени две станбени згради. Станбена зграда од 12 ката во близина на центарот на Киев беше погодена од руско гранатирање рано утринава, предизвикувајќи пожари на неколку […]

Тренчевска: Ќе почне процесот на колективно договарање и усогласувањето на платите со СОНК и со останатите синдикати


Заедно со претставниците на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) и со останатите синдикати ќе седнеме на маса  и ќе го отвориме процесот на колективно договарање и усогласувањето на останатите плати, рече синоќа министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, Тренчевска посочи дека […]

Меѓународниот суд на правдата денеска ќе ја соопшти одлуката по тужбата на Украина за руската инвазија


Највисокиот суд на Обединетите нации се очекува денеска да донесе одлука за тужбата со која се оспорува руската инвазија врз Украина, што е прва таква пресуда на овој меѓународен суд од почетокот на војната пред речиси три недели, јави ДПА. Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг денеска ќе ја соопшти својата одлука во итната […]

Блинкен: Непристапувањето на Украина кон НАТО не е отстапка пред Русија


Непристапувањето на Украина кон Северноатлантската Алијанса не треба да се гледа како отстапка пред Русија, изјави американскиот државен секретар, Ентони Блинкен. -Не сметам дека тоа не е отстапка. Според мене, тоа е одраз на реалноста, дека и пред руската агресија Украина не можеше за брзо време да се присоедини кон НАТО, рече Блинкен во изјава […]

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка


Најстудено утрово е во Берово со -3 степени, на Попова Шапка, Претор и Битола се измерени -1, а во Маврови Анови и Охрид нула степени. Максималани три степени се регистрирани во Скопје, кај Зајчев Рид и во Демир Капија, соопшти УХМР. На Попова Шапка има најмногу снег 49 сантиметри, во Крушево 47, а во Маврови […]

Повторно раст на заразените со Ковид-19 во светот


Швајцарија – Неделниот број на заразени со Ковид-19 во светот, порасна за првпат, од крајот на јануари, соопшти вчера Светската здравствена организација. Во втората недела од март, бројот на новозаразени е за осум отсто поголем, отколку во претходната седмица. Oд 7 до 13 март, евидентирани се над 11 милиони нови случаи на Ковид-19 и 43.000 смртни […]

Украина претрпе штета над 500 милијарди долари


Украина– Премиерот на Украина, Денис Шмигал на изјави дека неговата земја од почетокот на руската инвазија претрпе штета од над 500 милијарди долари. Тој, на  вчерашната средба со лидерите на трите земји од ЕУ – Чешка, Полска и Словенија во Киев, истакна дека Русија по војната треба да плати за обновата на Украина. Шмигал додаде […]

Скопје танцов театар со три изведби на првото гостување во Париз


Скопје танцовиот театар првпат ќе настапува во Франција со претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ на Рисима Рисимкин.  Таа ќе има три изведби на сцената на Националниот театар за современ танц Шајо, на 16, 17 и 18 март. Станува збор за претстава со една поинаква естетика. Кореографката која е на чело на Скопје […]

ЕУ и порача на Турција да не потпаѓа на пропагандата на Путин


Tурција– Турција која во моментов има улога на „балансер“ треба да биде внимателна за да не потпадне на пропагандата на рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска амбасадорот на ЕУ во Анкара, Николаус Меер-Ландрут. Таквата изјава на амбсадорот е во контекст на очекувањата на Брисел Турција да ги забрани, како што рече, „руските пропагандни канали“, притоа […]

Убиен директор на мексикански медиум, осма новинарска жртва во Мексико годинава


Мексико – Директорот на мексиканскиот медиум Монитор Мичоакан, Армандо Линарес, е пронајден мртов, месец дена откако еден од неговите новинари беше убиен, јави ДПА. Линарес имал прострелни рани, а според Државното обвинителство, неговото тело е пронајдено вчера попладне во приватен стан во градот Зитакуаро. Тој е осмиот убиен новинар од почетокот на годинава во Мексико. Властите […]

Во Скопје идната недела продолжуваат разговорите со Бугарија, македонската страна со јасни усогласени ставови


Разговорите со Бугарија за отворените политички прашања продолжуваат следната недела, со посетата на бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска на Скопје на 23 и 24 март. Северна Македонија во процесот на разговори настапува со јасни усогласени ставови во однос на отворените прашања. Шефот на дипломатијата Бујар Османи вчера на средба со новинарите, најавувајќи ја […]

Премиерот Ковачевски на увид во процесот на чистење на линданот од малата депонија во „ОХИС“


Претседателот на Владата Димитар Ковачевски заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и шефот на Делегацијата на Европската Унија Дејвид Гир денеска во кругот на фабриката „ОХИС“ ќе направат увид во активностите за отпочнување на процесот на чистење на линданот од малата депонија. На настанот ќе присуствуваат и шефот на канцеларијата […]

Не се очекува зголемен прилив на бегалци од Украина во државава, Владата подготвена за можен бегалски бран


Северна Македонија не очекува зголемен прилив на бегалци од Украина, но и покрај тоа, Владата е подготвена за можен бегалски бран. Шефот на дипломатијата Бујар Османи вчера кажа дека во државава нема поголема динамика на влез на украински државјани како што имало пред војната и оти не очекува голем наплив украински бегалци во земјава, но, […]

Засега не се размислува за целосно укинување на ковид мерките, четвртиот бран во стагнација


Надлежните остануваат на ставот дека се уште е рано за целосно укинување на ковид мерките. Сметаат дека се додека нема доволно имунизирано население, не може да се зборува за укинување на мерките. Засега останува и носењето маски во училиштата. Од Министерството за образование велат дека ќе чекаат на проценката од Комисијата за заразни болести. Министерот […]

Рафинериите на Грција и Саудиска Арабија со првичен договор за дополнително снабдување со сурова нафта


Грција – Првичен договор, Грција да добива дополнителни резерви на сурова нафта од Саудиска Арабија, постигнале рафинериите од двете земји ЕЛПЕ и Арамко, објавија грчките медиуми. Како што јави дописничката на МИА од Атина, медиумите во Грција пишуваат дека првичниот договор бил постигнат за време на првиот бизнис форум меѓу двете земји одржан во Ријад, […]

Нов Зеланд од 12 април ќе ги отвори границите за вакцинираните Австралијци


Нов Зеланд– Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн рече дека земјата повторно ќе ги отвори границите многу порано од очекуваното, при што на вакцинираните Австралијци ќе им биде дозволено да патуваат таму од 12 април. „Патниците од некои други земји, вклучувајќи ги САД и Обединетото Кралство, можат да дојдат во Нов Зеланд од 1 мај“, […]

Сончево и релативно топло, од утре повторно дожд


Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, особено во западните делови. Во текот на ноќта во североисточните и источните делови ќе има слаб локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 0, а максималната ќе достигне од […]