МВР: Усогласување на минималната плата и покачување за 5 отсто во септември


Министерството за внатрешни работи информира дека платата на вработените ја исплатува врз основа на Законот за внатрешни работи и Колективниот договор и дека согласно новиот Закон за минимална плата, минималната бруто плата изнесува 26.422 денари. -Платата за вработените  во  МВР, за најниското работно место, согласно систематизацијата на МВР, со статус на овластени лица и полициски […]

Оловен саркофаг откриен под Нотр Дам


Археолози открија оловен саркофаг и насликани фрагменти под денешното ниво на подот на катедралата Нотр Дам. Откритието најверојатно нуди нов увид во историјата на ова здание од 13. век, коешто во мигов се реконструира по катастрофалниот пожар од 2019 година. – Во трансептот на катедралата – преграда поставена попречно на надолжните делови што го одвојуваат […]

(Фото) Полска торта „Слава на Украина“


Како поддршка на украинскиот народ кој се бори со руската агресија, локална компанија во Варшава почна да произведува нова торта  наречена „Слава на Украина“ во боите на украинското знаме.

Во двете кризни години, државните институции купиле 142 нови возила за 3,6 милиони евра, најскапото чинело 47.000 евра


Според последното истражување на Центарот за граѓански комуникации, во текот на кризниот период од март 2020 наваму, нови патнички возила набавиле 42 државни институции. Набавени се вкупно 142 патнички возила за 3 милиони и 609 илјади евра. Анализата ги опфаќа само патничките возила, а не и комерцијалните, односно товарните, транспортните и техничките возила. Најмногу патнички […]

Лавров вели дека има надеж за компромис во преговорите со Украина


Од руски аспект, преговорите со Украина не одат добро, но има одредена надеж за компромис, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за ТВ РБК, пренесува ТАСС. – Се водам од оценките дадени од нашите преговарачи. Тие наведуваат дека преговорите не одат добро од очигледни причини, но сепак постои одредена надеж […]

Ќе се обновува пистата на скопскиот аеродром, од 28 март до 16 мај авиосообраќајот ќе биде 17:00 до 9:00 часот


ТАВ Македонија како дел од инвестицискиот план за проширување и реновирање на македонските аеродроми, почнувајќи од 28 март до 16 мај годинава, во период од 50 дена, ќе врши рехабилитација на пистата на Меѓународниот зеродром Скопје. Авиосообраќајот во текот на овој период ќе се одвива од 17:00 часот попладне, до 9:00 часот наутро, секој ден. […]

Албанците со рекорд во Европа- над 11 илјади лани аплицирале за азил


Албанија – Иако со побавно темпо, албанските граѓани продолжуваат да бараат азил во некоја од земјите на Европската унија и да бидат најбројни во споредба со граѓаните на други земји во Европа. Последните податоци на Агенцијата за азил на Европската унија (ЕУАА) покажуваат дека во 2021 година барање за азил поднеле вкупно 11.246 албански граѓани, […]

Тринаесет романи во трка за Букеровата награда


САД- Меѓународната Букерова награда, која ги истакнува делата на најдобрите преводи на литературни дела низ светот, објави поширока листа за годинашниот избор, која вклучува 13 романи. Поширокиот избор е направен од 135 пријавени книги, кои се преведени од 10 светски јазици, овој пат за првпат од хинди. Книгите доаѓаат од 12 различни земји, од четири […]

Нутриционист препорачува напиток за слабеење од три состојки


Пробајте го овој напиток за слабеење, тој не само што ги топи мастите туку и ги регулира шеќерот и холестеролот. Нутриционистот Тоби Смитсон од САД објасни дека влакната ја забавуваат апсорпцијата на јаглехидратите и на тој начин го нормализираат нивото на шеќер во крвта. Исто така, оваа супстанца отстранува дел од мастите кои ги внесуваме […]

УНДП: Ако продолжи војната 90 отсто од украинското население ќе се соочи со сиромаштија


Околу 90 проценти од украинското население би можело да се соочи со сиромаштија доколку продолжи војната, се наведува во соопштението на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). – Секој ден на одложен мир ќе го забрза слободното пад во сиромаштија, предупреди УНДП, додавајќи дека војната може да остави „длабоки социјални и економски лузни врз […]

Вонреден НАТО состанок за идните чекори на Алијансата во руско-украинската војна


 Министрите за одбрана повторно се состануваат во Брисел денеска на вонреден состанок, a на дневен ред е засилувањето на НАТО на истокот, можна мировна мисија, и заштитата на украинското небо, јавува дописничката на МИА од Брисел. Овој нов вонреден состанок на земјите членки на НАТО ќе започне со седница на која ќе земат учество министрите […]

Нема Вимблдон за Медведев ако не го осуди Путин


Англија– Даниил Медведев и другите руски и белоруски тенисери се соочуваат со забрана за настап на Вимблдон доколку јавно не ја осудат инвазијата во Украина, потврдија британските власти. Министерот за спорт Најџел Хадлстон откри дека се воделе „дискусии“ со Ол Ингланд клубот за спречување на „приврзаниците на Владимир Путин“ да влезат на најголемиот турнир во […]

Продолжува прекинот на железничкиот сообраќај


Железничкиот сообраќај во државава и натаму е во прекин. Машинскиот и извршниот персонал во Железници на РСМ Транспорд АД Скопје продолжуваат со бојкотот се до исполнување на барањата за исплата на материјалните трошоци, како и на првиот дел од платата за февруари, информира за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот и извршниот персонал и претседател […]

Без карпи, алги или загадување – оваа карипска дестинација штотуку беше прогласена за најдобра плажа во светот


Времето е драгоцено. Не можете да ги трошите вашите скапоцени денови за одмор обидувајќи се да ја пронајдете најсовршената плажа на светот. Наместо тоа, одете директно на врвот на листата. Кога ништо друго освен најдоброто нема да ви помогне, време е да резервирате патување до плажата Грејс Беј на Туркс и Каикос. Плажата Грејс Беј […]

Хороскопски знаци кои ќе имаат најмногу пари во април!


Ниту најголемите проблеми со парите и тешката економска ситуација нема да бидат пречка некои знаци од Зодијакот да „се опарат“ во април. Навистина, ѕвездите велат дека ќе мора да се потрудат, но трудот ќе го платат повеќекратно! Еве ги знаците… Овен Овенот ќе има многу среќа во април, кога се во прашање финансиите. Секоја криза […]

Кралицата Елизабета со културен бојкот – одбива да го предаде оружјето од 17 век на музеите на Кремљ


Англија- Кралицата се приклучи на културниот бојкот на Русија со задржување на мечевите наменети за Москва. Кралската колекција се согласи да позајми три оружја од 17 век на музеите на Кремљ за изложба за двобој, според Гардијан. Алишер Усманов, рускиот олигарх, кој е санкциониран по војната во Украина, беше спонзор на настанот насловен Duel: from […]

Гранатирани две згради во Киев


Во текот на ноќта украинската армија презеде офанзивни операции надвор од Киев, уништувајќи значителен број непријателска воена опрема и сила, изјави советникот на украинскиот претседател за внатрешни работи, Вадим Денисенко. Додека украинската Служба за вонредни ситуации објави дека утрово во Киев се слушнале неколку експлозии, а во гранатирањето биле оштетени две станбени згради. Станбена зграда […]

„Збор, два за музиката“ со финскиот композитор Калеви Ахо


Во Камерната сала на Филхармонија утре ќе се одржи вториот од циклусот разговори насловени „Збор, два за музиката“ на кој ќе говори финскиот композитор Калеви Ахо. Како што соопшти Филхармонија, неговиот концерт за алт флејта и гудачи ќе ја доживее својата светска премиера на утрешниот концерт насловен „Сеќавање на Б.Б.“. Модератори на разговорот ќе бидат продуцентот и композитор Симона Гајдоска и композиторот […]

Шолц повторно ја отфрли можноста за интервенција на НАТО во Украина


Германија – Германскиот канцелар Олаф Шолц повторно ја отфрли можноста за воена интервенција на НАТО во Украина. – Западот се уште се надева на ефикасност на санкциите против Русија, изјави Шолц на собирот организиран од дневниот весник „Велт“ во Берлин. – Нема да воспоставиме зони за забранети летови над Украина. Тоа би довело до директен воен […]