Компании од индустриските зони најавуваат преселба на капацитите од Украина во државава


Две компании од индустриските зони побарале да им се овозможи фирмите ќерки од Украина целосно да ги преселат во земјава. Како што информира денеска директорот на Дирекцијата на технолошко индустриските развојни зони Јован Деспотовски, доколку нема промена во ваквото барање за кое е разговарано со компаниите пред околу две недели, трансферот на капацитетите би се […]

„Елвис“ со светска премиера на Канскиот филмски фестивал


Франција– „Елвис“, драмата на Баз Лурман за рокенрол легендата со Остин Батлер („Беше еднаш во Холивуд“) и Том Хенкс во главните улоги, ќе има светска премиера на Канскиот филмски фестивал, потврди „Варајати“. Филмот во моментов има датум на прикажување на 24 јуни, што значи дека нема да може да го отвори фестивалот освен ако Warner […]

Следната недела почнува чистењето на линданот од ОХИС


Следната недела започнува чистењето на линданот од малата депонија во кругот на фабриката ОХИС, а загадената земја со специјални контејнери ќе биде пренесена во Франција и во Холандија, каде треба да се деконтаминира. – Денеска сме сведоци на завршување на подготовките за започнување на процесот на чистење на линданот, едно повеќедецениска, жешка еколошка точка, во […]

РКЕ и денеска ќе носи одлука за цените на нафтените деривати


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска ќе носи одлука за цените на нафтените деривати што ќе важат од полноќ. Од РКЕ информираат дека се исполнети предусловите за носење нова одлука за цената на горивата што ќе биде во сила од полноќ. Со последните измени на Правилникот за одредување на малопродажните цени на […]

Анализа на ММФ: Како војната во Украина одекнува низ регионите во светот


Покрај страдањата и хуманитарната криза од руската инвазија на Украина, целата глобална економија ќе ги почувствува ефектите од забавен раст и побрза инфлација, оценува ММФ во најновата анализа објавена на официјалната интернет страница на оваа институција. Влијанијата ќе се одвиваат низ три главни канали, оценува ММФ. Прво, повисоките цени на стоките како храната и енергијата […]

Ковачевски ги повика ЈО и надлежните институции да го испитаат случајот со фирмата за одржување лифтови


На новинарско прашање како можело да се дозволи компанија што нема лиценца, односно со фалсификувани сертификати, да добие тендери за одржување на лифтови што чинат толкави суми, премиерот Димитар Ковачевски одговори дека го поттикнува Јавното обвинителството и сите надлежни институции веднаш да го испитаат тој случај. – Доколку се работи за вистинити наводи во медиумите, […]

Трамп: Мислев дека Путин преговара кога ги трупаше војските на границата


  Поранешниот американски претседател Доналд Трамп призна дека верувал оти рускиот претседател Владимир Путин само се обидувал да „преговара“ кога испрати војници на границата со Украина и бил „изненаден“ кога лидерот на Кремљ всушност ја нападнал земјата. „Изненаден сум – изненаден сум. Мислев дека преговара кога ги испрати своите војници на границата. Мислев дека преговара“, […]

Девет трговски субјекти во Струга не ја почитувале одлуката за ограничување на маржата


 Во само два дена контрола на струшкото одделение за инспекциски надзор при Државниот пазарен инспекторат изрекло 11 мерки над трговски субјекти во Струга и Дебар. Раководителот на одделенито во Струга Шпендим Илјази информира дека трговците на мало, пред се во големите маркети не ја почитувале одлуката за посебни услови за трговијата на одделени стоки, односно […]

Светски познатиот руски пијанист Березовски побара „повеќе цврстина“ со Украинците


Меѓународно познатиот руски пијанист Борис Березовски сака да види зголемен притисок врз градот Киев, на кој му се заканува опсада од страна на руските вооружени сили веќе три недели. „Разбирам дека се сожалуваме на Украинците, дека полека го спроведуваме тоа, но да бидеме поцврсти, да ги опкружиме и да им ја прекинеме струјата“, побара тој  […]

Доли Партон ја одби номинацијата за Куќата на славните


САД– Доли Партон се откажа од трката за да биде примена во Куќата на славните на рокенролот. 76-годишната кантри-ѕвезда се огласи на социјалните мрежи за да соопшти дека со почит се повлекува од трката бидејќи смета дека не го заслужила тоа право. Во објава на „Инстаграм“ напиша: „Доли овде! Иако сум крајно поласкана и благодарна […]

Хаг денес ќе решава дали има геноцид во руската инвазија на Украина


Меѓународниот суд на правдата во Хаг денес треба да донесе одлука за итното барање на Украина Русија веднаш да ја прекине својата инвазија, при што Киев тврди дека Москва лажно го обвинила својот прозападен сосед за геноцид за да ја оправда војната. Киев сака судот да преземе привремени мерки со кои ќе и наложи на Русија […]

Османи: Ги повикавме институциите да го дадат конечниот список со сместувачки капацитети за бегалци од Украина


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска посочи дека списокот со сместувачки капацитети за бегалци од Украина не е довршен бидејќи, како што посочи, постојано се прикажуваат нови капацитети од страна на институциите. – Тоа што Владата вчера на седница го одобри како список на институции кои МНР ги предложи, а ги собра како информации […]

Пеливанов: Обвинетите во „Меѓународен сојуз“ да се прогласат за виновни


Хуманоста на невладината „Меѓународен сојуз“ остана само на хартија, а во реалност се случи измама, со овие зборови обвинителот Трајче Пеливанов ги почна завршните зборови во случајот „Меѓународен сојуз“, каде првообвинет е Бојан Јовановски – Боки 13. Според обвинителот Пеливанов, во тек на ова постапка било докажано дека обвинетите ги сториле кривичните дела за кој […]

Ковачевски со најмалку советници од сите премиери досега


Премиерот Димитар Ковачевски најави дека ќе го намали бројот на негови советници и дека ќе има најмалку од сите претходни премиери. Одговарајќи на новинарски прашања, претседателот на Владата рече дека со реорганизација на неговиот Кабинет, дел од советниците повеќе нема да ја имаат таа задача, а дел од нив ќе работат на линиски работи во […]

Украина предлага неутралност по австриски или шведски модел, вели Москва


  Украина нуди австриски или шведски модел на неутрална и демилитаризирана држава, но со своја војска и морнарица. Ова го соопшти шефот на делегацијата за преговори на Русија, претседателскиот советник Владимир Медински. Според него, „за овие прашања се разговара на ниво на раководство на министерствата за одбрана на Русија и Украина“. Тој додаде дека статусот […]

Ужасот продолжува: Руските трупи користат пациенти како жив штит во Украина (ВИДЕО)


КИИВ – Руските воени сили денес го напаѓаат главниот град на Украина и другите поголеми градови во обид да ја уништат украинската одбрана која го фрустрира нивниот напредок речиси три недели по инвазијата. Поради застојот на копнениот напредок на Русија кон Киев и покрај континуираното бомбардирање, се појави трошка оптимизам дека разговорите меѓу двете страни […]

Санкции за секој што нема да ја почитува одлуката за рационализација на трошоците во јавниот сектор


Со вчерашната владина одлука секоја набавка на мебел или на возила во државните институции, мора да биде одобрена од Владата и тоа ќе биде направено само во случај доколку е неопходно, нагласи денеска премиерот Димитар Ковачевски. Тој додаде дека во однос на мебелот и на возилата кога се правел Буџетот за 2022 година тековните трошоци […]

Ерно Рубик: Како ја направивме Рубиковата коцка


„Експериментирав во станот на мајка ми, користејќи дрво, гумени ленти и штипки за хартија за да направам прототип. Ми требаше некој вид кодирање за да им дадам смисла на ротациите на коцката“ Рубиковата коцка беше една од најголемите сензации во последните 20 години од 20. век. Иако таа во основа е играчка, пронаоѓањето на решението […]

Во Ница уапсено лице кое сакало да умре како маченик и да убива во името на Алах


 Две лица на возраст од 19 и 25 години, кои извеле напад со нож, ноќеска биле уаспени во Ница од патрола на криминалистичката полиција, јави дописникот на МИА. Според информацијата објавена од повеќе француски медиуми, настанот се случи во центарот на Ница, околу еден часот по полноќ. Еден од двајцата осомничени неколку пати избодел 37-годишен […]

Федералните резерви се очекува да ја покачат каматната стапка во обид за спречување на растечката инфлација во САД


Федералните резерви на САД се подготвуваат да ги зголемат каматните стапки за да ја сопрат растечката инфлација пред таа да излезе од контрола. Американските централни банки од друга страна стравуваат од можноста покачените каматни стапки да го попречат процесот на закрепнување на стопанството што се уште се справува со негативните последици од пандемијата на Ковид-19. […]