Во Ница уапсено лице кое сакало да умре како маченик и да убива во името на Алах


 Две лица на возраст од 19 и 25 години, кои извеле напад со нож, ноќеска биле уаспени во Ница од патрола на криминалистичката полиција, јави дописникот на МИА.

Според информацијата објавена од повеќе француски медиуми, настанот се случи во центарот на Ница, околу еден часот по полноќ. Еден од двајцата осомничени неколку пати избодел 37-годишен маж во рамото и рацете пред да побегне пред очите на полицијата.

За време на потера 19-годишното младо лице многупати извикал „Алах Акбар“, дури и ја повикал полиција да пука во него.

-Пукајте во мене, сакам да умрам како маченик, сакам да одам во рајот, наводно рекол тој, наведе РТЛ, која се повикува на полициски извор.

 Ксавиер Боном, јавниот обвинител на Ница, повика на внимателност: „Сето ова останува да се потврди“.

Осомничениот бил соборен на земја и уапсен од агент на полицијата без ниту еден истрел, додека неговиот помошник, исто така, бил неутрализиран. Кај првиот уапсен  полицијата открила крвав нож на превиткување и банкарска картичка кои не му припаѓале. Откако го врзале со лисици, тој и повторувал на полицијата дека „сака да умре како маченик, да убива во името на Алах, да убие хомосексуалци“. 

Жртвата на нападот била хоспитализирана. Неговиот живот не се во опасност.

„Очекуваме детали за степенот на неговите повреди“, велат од обвинителството. Истрагата и е доверена на правосудната полиција, при што се прецизира дека е известено и Националното антитерористичко обвинителство кое „го следи напредокот на прввичната истрага“.