(Видео) Милановиќ забрани прелети на воени авиони над Загреб и над другите градови
Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ кој е и врховен командант на Оружените сили, денеска попладне му наредил на началникот на Главниот штаб на Оружените сили на Хрватска, Роберт Храњ, дека најстрого е забрането прелет на воени авиони над Загреб и сите други хрватски градови, објавија од Кабинетот на претседателот.
Како што пренесоа хрватските медиуми Милановиќ му наложил на началникот на Главниот штаб на Оружените сили веднаш да истражи и да утврди одговорност за вознемируавње на граѓаните на Загреб.
Рафали и МиГ-ови прелетуваа над Загреб
Инаку, во рамки на планираните билатерални активности на Хвратската војска со француската воена морнарица денеска е спроведена заедничка вежба на пилотите од 191 ескадрила на ловечки авиони на Хрватското воено воздухопловство и француските пилоти на Рафали од носачот на авиони „Шарл де Гол“.
Zajednički let 🇭🇷 i 🇨🇵 pilota iznad Jadrana. 🇭🇷🤝🇨🇵@VladaRH pic.twitter.com/HKIQQa4Rh8
— MORH/MoD Croatia (@MORH_OSRH) March 15, 2022
Заедничките летови на хрватските МиГ-ови 21 и француските Рафали спроведени се во воздушниот простот над Истра и Кварнер, Лика и Кордун како и над градовите Риека, Пула и Задар.
Хрватските и француските пилоти пролетаа и над Загреб меѓу 16.45 и 17.45, соопшти Министерството за одбрана на Хрбатска.