Градоначалникот на Битола го обвини Министерството за труд за опструкции околу градинките


  Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски (ВМРО-ДПМНЕ), денеска ја обвини владата дека прави опструкции врз локалната самоуправа во неговиот град откако Министерството за труд и социјална политика ги одзеде надлежностите на Општина Битола за управување со установата „Естреја Овадија – Мара“, која во својот состав има 9 градинки. Коњановски вели дека со таа одклука им […]

Путин бара „непријателските земји“ да плаќаат во рубљи за рускиот гас


Рускиот претседател Владимир Путин денеска соопшти дека Русија ќе прифати плаќања само во рубљи за испорака на гас за „непријателските земји“, кои ги вклучуваат сите членки на ЕУ, откако Москва беше погодена од невидени санкции поради нејзината инвазија Украина. – Русија отсега ќе прифаќа плаќање за извозениот природен гас во непријателските земји само во рубљи, […]

Се кастрат дрвја низ Кисела Вода


„Паркови и зеленило“ информираа дека во рамки на големата акција за чистење на Скопје, почнувајќи од Општина Кисела Вода изминативе три дена,  екипи од ова претпријатие работат на собирање на лисја, косење на тревниците, собирање на искосот, кроење на грмушки, чистење на зелените површини од отпадоци и смет, а се изврши и кастрење и сечење […]

КСС на 30 март на протест, доколку нема усогласување на платите, најавува генерален штрајк


Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) на 30 март ќе излезе на протест пред Собранието изразувајќи незадоволство што досега не е направено усогласување на останатите плати со миниминалната плата во јавниот сектор. – Дел од гранските синдикати и КСС донесоа одлука да излеземе првично на улица на 30 март во 15:30 часот пред Собранието и да […]

Гир: Сакаме да видиме отворање на преговорите со Скопје и Тирана што е можно поскоро


Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска ја реафирмираше позицијата на Унијата дека посакува што е можно поскоро отворање на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ. – Јасно е дека ние сакаме да видиме отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро. Ние ги поздравуваме напорите на Скопје и […]

Советникот на Путин, Анатолиј Чубаис, го напушти Кремљ и замина од Русија


  Претставникот на Кремљ за климата и ветеран реформатор Анатолиј Чубаис се откажа од функцијата и ја напушти Русија поради неговото противење на војната во Украина, објави Блумберг во средата. Експлозивното заминување, според двајца неименувани инсајдери, цитирани од Блумберг, го прави Чубаис најпознатата личност што раскрстила со претседателот Владимир Путин поради неговата одлука да ја […]

УЈП: Завршија контролите во КАМ, нема затворен објект, под лупа и други маркети


Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека завршија контролите на терен во „КАМ“ и ниту еден маркет не е затворен, ниту до овој момент се изречени казни кон овој даночен обврзник. – Законска обврска на УЈП е да го штити интересот на граѓаните и на државата. Во таа насока, а по пријава на граѓани и […]

Општина Аеродром со јавен повик за финансиска поддршка на спортот


Општина Аеродром денеска објави јавен повик за 2022 годиназа доделување финансиска поддршка на спортските клубови и спортските здруженија кои извршуваат јавен интерес за развојот на спортот во општината. Финансиската поддршка е поделена во пет категории и тоа за: спортските клубови и спортските здруженија кои извршуваат јавен интерес за развојот на спортот во општината, за организирање […]

Каде исчезна рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу?


  Руската инвазија на Украина денеска изгледа дека беше втурната во подлабока криза поради извештаите оти рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу исчезнал од јавноста поради „срцеви проблеми“. Не е виден 12 дена, а на телевизија се прикажуваат стари снимки и слики од него, велат во опозициските медиуми. Тоа доаѓа откако беше откриено дека Путин […]

Русија незаконски префрлила 2.389 деца од Украина на својата територија


Министерството за надворешни работи на Украина соопшти дека руските окупациски сили илегално префрлиле 2.389 деца на територијата на Руската Федерација од привремено окупираните области на регионите Доњецк и Луганск. „Насилното префрлање на цивили, вклучително и деца, на територијата на државата агресор е грубо кршење на меѓународното право, особено на меѓународното хуманитарно право“, велат дипломатите. Со […]

Владата ќе одлучува за ковид-препораките на Комисијата за заразни болести на наредната седница


Се очекува Владата на наредната седница да донесе одлука за препораките во однос на ковид мерките што ги предложи Комисијата за заразни болести на последниот состанок, најави денеска владиниот портпарол Муамет Хоџа. -Сите предлози и препораките на Комисијата за заразни болести ќе се разгледаат на наредниот состанок на Централниот координативен штаб за кој се очекува […]

Град Скопје со европски пари ќе рециклира градежен отпад, Струмица ќе прави велосипедски патеки


Со 600.000 евра евроопски пари, Општина Тетово ќе ги дигитализира услугите за граѓаните, со 750.000 евра пак Општина Струмица ќе гради велосипедски пари. Градоначалниците на 19 општини денеска потпишаа договори со Европската унија за поддршка во висина од 5,5 милиони евра од програмата „ЕУ за општините“ и 10,7 милиони евра за прекугранична соработка со Албанија. […]

Полска протера 45 руски дипломати поради шпионажа


Полска  соопшти дека протерала 45 руски дипломати поради шпионажа, обвинение кое рускиот амбасадор во Полска веднаш го отфрли како неосновано.Министерот за внатрешни работи Мариуш Камински го објави ова на Твитер. „Полска протера 45 руски шпиони кои се преправаа дека се дипломати“, напиша тој. „Ја демонтираме мрежата на руските специјални служби во нашата земја“. Рускиот амбасадор […]

Се разведува постарата ќерка на Путин


  Марија Владимировна Путина се разведува од сопругот Јорит Фасен, Холанѓанец роден во Москва, а се шпекулира дека за сѐ е виновен нејзиниот татко. Не е точно е познато колку деца има Владимир Путин, но за јавноста тој официјално има само две ќерки – Марија и Екатерина. Тие две се од бракот со сопругата Људмила, […]

Законот за административни службеници денеска треба да биде доставен до Собранието


Предлог-законот за изменување на Законот за административни службеници, со кој треба да се постигне еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор и усогласување на останатите плати на административните службеници, како и да се обезбеди континуитет на промените на платите во администрацијата во однос на минималната плата на национално ниво, денеска треба да биде испратен […]

Арсовски: Досега во земјава нема лица од Украина кои побарале статус на бегалец


Од почетокот на руско-украинскиот конфликт, па досега, според информациите на Министерството за внатрешни работи, во земјава влегле 1.924 украински државјани, а на излез од државата во овој период се регистрирани 1.365, потврди владиниот портпарол Душко Арсовски. Досега, како што посочи тој во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата, нема лица кои побарале […]

Ковачевски утре на самитот на НАТО


Премиерот Димитар Ковачевски денеска и утре е во работна посета на Брисел каде што ќе учествува на вонредниот самит на шефови на држави и влади на НАТО. Премиерот Димитар Ковачевски, во придружба на министерот за надворешни работи Бујар Османи и министеРепублика Северна Македонија во НАТО амбасадорот Дане Талески, ќе земе учество состанокот на Северноатлантскиот совет […]

Шолц го предупредил Путин да не користи биолошко или хемиско оружје 


 Во директен разговор, германскиот канцелар Олаф Шолц го предупредил рускиот претседател Владимир Путин да не користи биолошко или хемиско оружје во Украина, објави денеска весникот Ди Цајт. Руските тврдења дека Украина развива такво оружје или дека САД сакаат да го употребат „изгледаат како имплицитна закана дека и самиот Путин размислува да употреби такво оружје“, вели […]

Убиен уште еден руски командант – полковникот Алексеј Шаров


  Руската армија загуби уште еден командант – 15-ти од највисоките воени лидери, кој е убиен додека инвазијата на Украина оди во вториот месец. Полковникот Алексеј Шаров стана последниот висок руски функционер кој загина во она што стана најголемата загуба на воени високи позиции во земјата од Втората светска војна. Неговата смрт беше објавена од […]

„Лимак Холдинг“ – инвеститорот на „Diamond of Skopje“ – учествуваше во градењето на најдолгиот висечки мост во светот


Компанијата „Лимак“, која го гради мултифункционалниот комплекс „Diamond of Skopje“ во центарот на Скопје, беше дел од меѓународниот конзорциум од градежни компании кои го изградија најдолгиот висечки мост на светот „Чанак Кале 1915“ во Турција, кој беше официјално отворен за сообраќај на 18. март оваа година. Со вкупна должина на мостот од 4.608 метри, централен […]