Се разведува постарата ќерка на Путин

Марија Путина е мажена за богатиот бизнисмен Јорит Фасен, Холанѓанец роден во Москва. Се шпекулира дека за сѐ е виновен нејзиниот татко


 

Марија Владимировна Путина се разведува од сопругот Јорит Фасен, Холанѓанец роден во Москва, а се шпекулира дека за сѐ е виновен нејзиниот татко.

Не е точно е познато колку деца има Владимир Путин, но за јавноста тој официјално има само две ќерки – Марија и Екатерина.

Тие две се од бракот со сопругата Људмила, со која беше во брак 30 години. Марија е родена во Ленинград во 1985 година, а Екатерина или Катарина е родена во Германија во 1986 година, кога семејството живеело таму за време на ангажманот на нејзиниот татко во КГБ.

Марија најпрво студирала биологија на универзитетот и со лажен идентитет се запишала на медицинско училиште во Москва, а денес е медицински истражувач во Москва каде до неодамна живеела со својот сопруг Јорит Фасен, со кој наводно има едно дете.

Сепак, според странските медиуми, нејзиниот брак бил уништен поради тајните планови на кои работела со години. Имено, Марија имала желба да отвори елитен медицински центар за супербогати странци, но бизнисменот и милијардер Јорит не успеал да ѝ ја исполни.

Од друга страна, руските новинари пишуваат дека не е одговорен Јорит, туку нејзиниот татко е одговорен за пропаѓањето на соништата на ќерката. Како што изјави за „Дејли мејл“ протераниот руски истражувачки новинар Сергеј Канев, Путин „завршил лоша работа за својата постара ќерка“, бидејќи Западот „поставува големи санкции“ на Русија поради војната во Украина.

„Таа има голем удел во мегапроектот за изградба на модерен медицински центар во близина на Санкт Петербург. Плановите беа да се привлечат пациенти од Европа и богати шеици од земјите од Персискиот залив. И сега, по нападот на Украина, кој од Европејците и шеиците ќе дојде?“ рекол Канев.

Уредникот на руски „Инсајдер“, Роман Доброхотов, не даде повеќе детали за тоа кога и зошто парот се развдува, но се верува дека целата работа започнала пред војната во Украина. Двојката има дете чиј идентитет Путин никогаш не го признал, како и деловните потфати на неговите ќерки, а камоли детали од нивниот приватен живот.

Јорит, за кој се знае дека долго време работел во Русија во Гаспромбанк-Инвест и „Стројтрансгаз“, е холандски бизнисмен чиј татко бил полковник во холандските вооружени сили. Холандскиот зет на Путин еднаш рече: „Оженет сум со Русинка и имам деца“, реков доволно, а тоа беше многу за нивниот приватен живот.