РКЕ ќе носи нова одлука за цената на горивата


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во текот на денов ќе донесе нова одлука за цената на нафтените деривати што ќе важи од ноќеска на полноќ. Како што информираат од РКЕ, исполнети се предусловите за носење нова одлука. -Предусловите се исполнети, РКЕ ќе одржи седница на која ќе донесе соодветна одлука за цената […]

Русите се повеќе купуваат крипто валути, Лагард предупредува дека се користат за да се избегнат санкции


Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард во вторникот изјави дека криптовалутите се користат за избегнување на санкциите воведени кон Русија, јавува Anadolu Agency (AA). – Крипто секако се користи при обидот да се избегнат санкциите, рече Лагард во своето обраќање на самитот на Банката за меѓународни порамнувања (БИС). Банката за меѓународни порамнувања е […]

Чудни работи со авионот што падна во Кина: пилотите не одговарале на повиците од контролорите


  Инспекторите кои го пребаруваат местото каде што се урна авионот во Кина, при што загинаа сите 132 луѓе во авионот, ја пронајдоа црната кутија. Лиу Лусонг, портпарол на кинеската воздухопловна управа им изјави на новинарите дека рекордерот на летот MU5735 на компанијата „Чајна истерн“ бил пронајден на 23 март. Откритието доаѓа откако шефот на […]

Грција привремено ќе ја укине казната од 100 евра за невакцинираните над 60-годишна возраст


Од 15 април привремено ќе се укине административната месечна казна од 100 евра за невакцинираните граѓани во Грција кои се над 60-годишна возраст, а мерката одново ќе се разгледа во септември, соопшти министерот за здравство на Танос Плеврис, јави дописничката на МИА од Атина. Плеврис објасни дека ќе се наплати износ до 300 евра што […]

Во јануари просечната месечна нето-плата 29.980 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари годинава изнесува 29.980 денари и е за 6 отсто повисока отколку во истиот месец лани. Просечната бруто-плата, пак, изнесува 44.762 денари и е за 6,1 отсто повисока отколку во јануари 2021 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето на месечната нето-плата се должи, пред сѐ, […]

Корона вирусот повторно се шири во западна Европа поради „совршена бура“ од три фактори


Бројот на случаи на Ковид-19 повторно се зголемува во Западна Европа поради идеалната комбинација погодна за совршена бура – укинување на мерките за ограничување, слабеење на имунитетот кај населението и нови, позаразни подваријанти на омикрон БА.2, велат експертите. По падот повеќе од еден месец, бројот на случаи низ поголемиот дел од Европа, во Велика Британија, […]

Од петок почнува бесплатниот превоз за повозрасните


Од петок  започнува да важи одлуката за бесплатен јавен превоз за возрасни лица. Бесплатниот превоз се однесува на  жени над 62 години и мажи над 64 години и ќе важи во вторник, петок, сабота и недела. Со ова олеснување на трошоците на граѓаните ќе бидат опфатени околу 80.000 корисници на јавниот превоз во Скопје кои […]

Кличко: Ова е кошмар, не можеме да ги изброиме труповите


 Русија врши „геноцид“ во Украина, предупреди градоначалникот на Киев, Витали Кличко. Тој го кажа ова на видео конференцијата со официјални лица од Минхен, побарувајќи тие да ја притиснат федералната Влада да ги прекине сите економски врски со Русија, јави ДПА. – Русија ги инвестира секое евро, секој цент, во нејзината војска, им појасни Кличко на […]

Германија повика на правична распределба на украинските бегалци низ Европа


Германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер, денеска изјави дека правичната распределба на Украинците кои бегаат од војната во Европската унија е апсолутен приоритет и ги повика сите земји-членки да ги почитуваат одредбите од Договорот за прием на бегалци во рамки на ЕУ. „Договорот мора да биде имлементиран заеднички од сите”, рече Фезер за германските […]

Москва призна дека окупира територија во Украина


Официјален претставник на руските власти денеска отворено соопшти дека една од главните воени цели на Москва е да се заземе пристанишниот град Мариупол и на тој начин да се поврзат сепаратистичките региони во Украина, јави ДПА. Кирил Степанов, заменик-претставникот на претседателот Владимир Путин за федералниот округ јужна Русија, изјави дека заземањето на Мариупол ќе обезбеди […]

Русија ја напушти најголемата светска организација на обвинителите


  Генералното обвинителство на Русија ја напушта Меѓународната асоцијација на обвинители (ИАП). Ова е објавено на официјалната веб-страница на министерството, според која тие веќе немале „морално право“ да се приклучат кон здружението, бидејќи тоа може да се трансформира „од глобална правна структура во регионална политичка“. Со седиште во Хаг, ИАП е меѓународна невладина и неполитичка […]

Многу кандидати за странски потрчковци во Македонија


  Руската амбасада во Македонија почна да ги користи  своите политички филијали во земјата. По средбата и фотосесијата со лидерот на Левица, Димитар Апасиев, рускиот амбасадор Сергеј Баздникин вчера се сликаше со раководството на проруската партија Родина, која го собра околу себе новинарското подземје и преку социјалните медиуми шири антивладина, анти-НАТО анти ЕУ и други […]

Пандев: Веќе 20 години нивото во Серија А е намалено, затоа постарите фудбалери играат толку добро


Македонскиот фудбалер Горан Пандев објасни зошто повозрасните играчи се покажуваат во добро светло во Серија А. – Има многу добри млади играчи во Италија и не е лесно да се освои Европското првенство победувајќи ја Англија на домашен терен. Манчини и неговиот тим испишаа многу добра страница во историјата. Но, во споредба со тоа што […]

(Видео) Велосипедист излета од патот и падна во провалија: Добро сум, само дајте ми велосипед


Деновиве во Каталонија се вози велосипедската трка Volta a Catalunya од која медиумите и социјалните мрежи пренесоа видео од неверојатен пад на велосипедист. Данецот Матијас Скјелмосе падна во една кривина, но не на патот туку надвор од него. Бездната беше длабока речиси десет метри и на снимката од хеликоптерот се изгледаше многу страшно. Но, кога […]

Николовски: Храна ќе има, граѓаните да им веруваат на институциите


Сега гледаме колку е важно обезбедувањето храна, но граѓаните не треба да се грижат. Имаме доволно колични основни производи, подготвуваме план за поддршка на пролетната седиба, а резултат ќе дадат и интервентните мерки, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Во гостувањето на „Утрински брифинг“, Николовски потенцира дека максимално одговорно се постапува, […]

Пекинг: Русија не може да биде исклучена од Г20


Кина ја оквалификува Русија како „важна членка“ на Г20, откако САД го покрена прашањето за нејзино исклучување од групата 20 најразвиени земји во светот, по инвазијата на Украина. – Г-20 е главниот форум за меѓународна економска соработка, изјави за новинарите портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин. – Русија е важна членка и […]

Руски војник им се предал сосе тенкот на Украинците


Виктор Андрусив, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, објави дека уште еден руски војник доброволно им се предал на вооружените сили на Украина. „Руски војник предаде тенк во замена за наградата. Пред неколку дена ни се јави Миша. Му дадоа детални упатства каде да оди и тој дојде. Со беспилотни летала проверија дали […]

Поскапува превозот со траекти во Грција, билетите повисоки за 10 до 12 отсто


Дел од бродските компании во Грција веќе ги зголемиле цените на билетите на траектите, дел зголемувањето ќе го воведат од следниот месец, а според грчката новинска агенција АНА-МПА, цените ќе бидат повисоки за 10 до 12 отсто, јави дописничката на МИА од Атина. Според АНА-МПА, „за да се справат со оперативни трошоци на бродовите по […]

Истражување: Загреб на четврто место во Европа според потрошувачката на канабис


Загреб е на четврто место во Европа според дневната потрошувачка на канабис, 11-ти по потрошувачка на кокаин, 12-ти по потрошувачка на амфетамин и 14-ти град по дневна потрошувачка на МДМА, покажаа резултатите од европскиот научен проект за анализа на отпадни води. Резултатите од најголемото европско истражување за отпадни води од 2021 година, спроведено од страна […]