Руски војник им се предал сосе тенкот на Украинците


Виктор Андрусив, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, објави дека уште еден руски војник доброволно им се предал на вооружените сили на Украина.

„Руски војник предаде тенк во замена за наградата. Пред неколку дена ни се јави Миша. Му дадоа детални упатства каде да оди и тој дојде. Со беспилотни летала проверија дали станува збор за заседа. После тоа, тој се предаде на специјалните сили“, рече Андрусив во објава на социјалните мрежи, јавува Anadolu Agency (AA), пренесе Дневник.хр.

Тој додаде дека Украина ќе му плати на војникот 10.000 долари како награда и дека ќе има можност да добие украинско државјанство по завршувањето на војната.

Рускиот војник, откако се предаде, рекол дека останал сам во тенкот откако другите членови на екипажот го напуштиле воениот фронт.